Малку за македонско-грчката средба во Скопје и она што се случуваше викендов

Сеуште сум под импресии од настанот кој што се случи во саботата, и сеуште немам зборови за да го изразам она што го доживеав. Затоа еден мал брифинг за сите оние што утнале..

Станува збор за македонско-грчкиот дијалог, антинационалистички и антимилитаристички настан, одржан во Скопје, во содејство на македонски и грчки организации и групи граѓани.

* * *
Трибината во Хотел Континентал помина во добар ред. Местото го добивме на бафтаана, во последен момент – Точка која што ни е стандард место за вакви работи беше пребукирана, a Мала Станица и катаљон други места тешко достапни; затоа на крајот мораше да се фатат врски и испадна така. Но, Континентал како фенси место му даде поинаква тежина на настанот, познат е и за медиуми и за граѓани, а и имаше доволно простор. И покрај лично мојата голема скепса, местото се погоди сосем солидно, и мислам дека не влијаеше во насока на инхибирање (јавност, отменост и сл.) и не го промени текот на настаните.
Луѓе дојдоа повеќе отколку што очекував, иако до крајот се разотидоа (трибината траеше добри 2 и пол часа, ако не и повеќе).

* * *

Што се однесува до говорниците:

Анти – Александар бил касап. Право во целта.
Сиси Вову – Осврт на солидарноста на грчките активисти, осуда за грчката официјална политика.

Кире – Лесно е да го познаеме туѓиот национализам; својот го нарекуваме патриотизам. Најконтроверзен од сите.

Димос Пападатос – Говор на место, целосна критика на НАТО идиотизмот, национализмот и капитализмот.

Понатаму, се вклучи и стариот волк Никос Јанопулос – “не сум лингвист, ама се разбирам во соживот, затоа велам дека македонски јазик постои” и сл. Како за крај, добар цитат од Монтескје кажа и Златко: “Ја бирам Европа пред Франција, и Светот пред Европа; затоа што Французин сум случајно, но нужно сум човек”.

* * *

Понатаму, проследи протестот. Слободно ќе кажам дека другарите од Грција ни одржаа школа како тоа треба да изгледа. Транспаренти, скандирање, позитивен дух.. Можеби малку разочарувачки беше што на крајот покрај 50ината Грци, останавме 15ина Македонци, но тоа е тоа. Одекот во медиумите беше на место, а веројатно и граѓаните, бар оние кои не’ видоа и чуја непосредно ја примија нашата порака.

Понатаму следеше дружење со гостите цел ден и цела вечер, за сабајлето да си заминат назад во Грција каде што, според тоа што го разбравме од вестите, биле жестоко осудени како предавници и шпиуни. Се надевам дека сите се во ред и не се соочувале со потешкотии во средбата со граничната полиција.

* * *

Демонстриравме солидарност, поддршка за хуманите идеи, меѓународна соработка и разбирање, и храброст да застанеме против лудилото промовирано од обете влади и на широко прифатено од масите и кај нас и кај нив. Со надеж дека од ова позитивно искуство ќе извлечеме што е можно повеќе поука и вештина за организирање слични акции, за сега остануваме на пораката “Не за национализмот, не за милитаризмот, ДА ЗА СОЛИДАРНОСТА”. На ред е заминувањето на група македонски активисти за Солун и Атина за организирање на меѓународни настани од овој тип и таму.

Благодарам Миша за сликите.

No related posts.

RSS Feed for This Post9 Comment(s)

  1. chote | May 19, 2008 | Reply

    Риспекат апсолутен, ептен ми е криво што не можев да дојдам… али апсолутна поддршка!
    П.С. Тој до тебе Енко ли е? :)

  2. Shepard | May 19, 2008 | Reply

    не е :) грк е, ама многу личи на него

  3. кнсис | May 19, 2008 | Reply

    Сварно биле Грците осудени дома? Имаш некој линк, вести нешто, да ставам и кај мене на блог?

  4. Shepard | May 19, 2008 | Reply

    епа не разбирам грчки.

    но со другарот што беше кај мене дома, на нет гледавме МЕГА вести и кажа дека тонот бил осудувачки, демек предавници. исто збореа и другите.

    исто така солунскиот митрополит на неделната проповед ги нарекол предавници и ги анатемисал (не се заебаам, озбилно).

  5. Сатаниел | May 19, 2008 | Reply

    Чекај, чекај сега и тебе дедо Стефан една анатема ко ќе ти фрли… хехе, ќе те стигне казната Божјо-патриотска. :)
    Браво за настанот, хипици едни, ем да се ижуркате, ем да се прошетате, ем да ве даваат на вести со убава порака. ;)
    Абе да им кажете на Грците следниот протест на Миконос да го прават, може и јас ќе ви се ставам. :)

  6. Shepard | May 20, 2008 | Reply

    да вииш каков грк имаше,
    тестостерон ФУЧЕ, МАЖЈАК прав

    и тоа лидер на некоја младинска таму.. абе она рачишта големи, глас дубок, а насмевка една нежна.. милина :)

  7. Сатаниел | May 22, 2008 | Reply

    Тех, сега ми кажуваш.. :)
    Али без гајле, баш тој викенд ми се погоди да се опнеме со еден друг Грк.

    -Се надевам веќе го прочита ова, иако го немаш искоментирано:
    http://blog.com.mk/node/157857#comment-829210

  8. Shepard | May 23, 2008 | Reply

    видов, неам време сеа да пишам, спремам еден поопширен текст на оваа тема, само 2 куси флоскули:

    - ако си против национализам, тогаш се бориш против национализмот што ти е дома;

    - најлицемерно на свет е македонскиот национализам да се потхранува со грчкиот антинационализам. најлицемерно е да се замижи пред сопствениот национализам. викаш мораше влог – да, мораше. дури и премал беше. другариве од грција да беа македонци, ќе беа далеку погласни од нас во критиката на сонциња, лавчиња, фронтови за обединување, агенција за млади и спорт и тн.

  9. Сатаниел | May 23, 2008 | Reply

    Не велам ниту јас ниту кнсис дека треба да се замижи пред нашиот национализам, туку само дека е пуцано на слепо, при што ништо не е погодено. (освен можеби тоа за Агенцијата за млади и спорт, за кое не знам ништо поточно, па и не можам да кажам, ама така ми личи)
    Вака само се добива впечаток дека сте се окозиле чепкајќи по архиви и обидувајќи се да ги демаскирате скриените иредентистички намери на македонскиот национализам, а во реалноста тој воопшто ниту ги има.

    Мое мислење е дека соодветно би било да му одговориш на кнсис во постот, точка по точка, аргументирано, како што и тој го има поставено својот приговор.

2 Trackback(s)

  1. From Global Voices на македонски » Македонија: Посета на грчки пацифисти | May 22, 2008
  2. From Martin Markovski | Dec 23, 2009

RSS Feed for This PostPost a Comment