Одбележување на 40 години од настаните во 1968

Да бидеме реални, да го бараме невозможното!

На Правниот Факултет, со почеток во 19 часот на 28.05 (среда), во амфитеатарот 10, ќе се одржи отворена трибина насловена како “Пред и по нас!” по повод 40 години од настаните кои го променија светот – сеопштите протести од 1968 година.

Фокусот ќе биде на улогата на студентското движење некогаш и сега, таму и овде.. Освен историскиот остврт и почитта кон оние кои застанаа на барикадите, збор ќе стане и за ситуацијата во која денес се наоѓаат македонските студенти: катастрофален систем, руинирани домови и најважно од се, примораноста да се плаќаат баснословни суми на име партиципација за државното образование; наспроти карикатурата од студентски организации, особено Студентскиот Сојуз.

Една од целите на овој настан ќе биде и запознавање и приближување на истомислениците и разгледување на можностите за натамошно дејствување. Акцентот ќе биде ставен на можностите да се бара намалување, ако не и УКИНУВАЊЕ на партиципацијата на државните факултети.
Најавени излагања на настанот ќе имаме четворица студенти:

Дамјан Алексиев од Филозофскиот Факултет, Кире Василев, Иван Петровски и јас од Правниот Факултет.

Учеството на трибината е слободно и пожелно за сите.

No related posts.

RSS Feed for This Post6 Comment(s)

  1. нена | May 23, 2008 | Reply

    1. браво за кул идејата!
    2. сојуз на студенти не го контактиравте?
    3. исто така, современици на настаните од 68, за евентуално да се потсетат на 68ашкиот бран во МКД? нарочито од правниот факултет – неколку лика пледираат на статусот “малтене дисиденти“ па се мислам, зошто не би се појавиле на јубилејот?
    NB. Второто прашање е иронија. :)

  2. Shepard | May 23, 2008 | Reply

    сојуз на студенти денес ни одлепуваше плакати и се закануваше со суспензии.

  3. Shepard | May 23, 2008 | Reply

    а за малтене дисиденти, ја освен маријановиќ не знам?

  4. Ivana | May 26, 2008 | Reply

    Очигледно Студенски Сојуз ја игра улогата на украс во филмот за залагање за студенти. Напротив, ги бојкотираат оние кои преземаат нешто.

  5. Trale | May 27, 2008 | Reply

    mwahahahahahhahahahahahahhhahahahahahaha

  6. нена | May 27, 2008 | Reply

    моите извори викаат и за бајалџиев и чокре (додуша за кај чокре јас лично сум ја слушала причата)…

RSS Feed for This PostPost a Comment