Пред и по нас

Вака денес изгледаше амфитеатарот 10 на Правниот Факултет “Јустинијан Први” – Скопје (клик за зголемено)

Трибината за одбележување на 1968 и за одбележувањето на почетокот на студентското освестување кај нас помина во знакот на гласната музика, револуционерните симболи и радикалните говори. Имаше преку 50 гости, аплаузи, зезање, но што е најбитно, за прв пат на настаниве што сме ги правале, се почувствува атмосфера, лебдење во воздухот, идеја, што знам, многу повеќе неартикулиран жар во очите отколку конкретна акција..

Малку фали да се разгори – сепак тоа “малку” подразбира координација, организација, посветеност. За нас, освен добар провод и здобивање со поддршка за она што го правиме, со настанов ни дојде и голема одговорност.

За сите кои бевме присутни во тој амфитеатар, мислам дека она што се случуваше беше едно големо искуство. Јас досега такви работи сум гледал само на нет. Сега тоа успеавме да го даунлодираме во амфитеатар 10 на Правен..

Еве по некоја слика:

Горе лево Анастас, долу лево Борјан, десно Иван го запоседнаа УКИМ

Walking towards the Revolution

“Да бидеме реални, да го бараме невозможното!”

Дел од публиката пред почетокот на настанот, во прв ред Fighting Windmills, во последен ред Димче Апасиев

Борјан, Дамјан, Анастас, Кире и Иван задскриен – почетокот на настанот

Борјан го најави Иван, а овој брилјираше со својата најавна поема во проза, “Лудак”

Дамјан дава историски осврт на 1968мата

“Сакам нова 68ма!”

Студентскиот (не)стандард – Кире критикува

Мојот говор

Лепењето на налепницата што ќе го смени светот

Самата налепница што ќе го смени светот

Налепницата беше добро воспримена од публиката

Излеговме на улица. Моравме. Жешко беше.

Related posts:

  1. Фотографии од анти НАТО протестите

RSS Feed for This Post8 Comment(s)

  1. kotle | May 29, 2008 | Reply

    Можеби треба да размислите, бидејќи ќе бидете продолжение на 68 – да користите 69 како асоцијација. Магичниот број асоцира на сексуална револуција во конзервативната средина. ;-)

  2. kotle | May 29, 2008 | Reply

    А патем – да – имаше некоја многу убава атмосфера.

  3. нена | May 29, 2008 | Reply

    само да додадам дека бројот 69 веќе е користен во македонската јавност, во една поинаква кампања- за борба против рапидниот раст на заболените жени од рак на дојка. тогаш се принтаа и маички (за воља на вистината со многу секси дизајн) и практично стилизираното лого со бројот стана заштитен знак на ова движење.

  4. aleksandar mitrov | May 29, 2008 | Reply

    68 исто така има сексуална конотација и вика “Tu me la chupas, y yo te debo uno” – или во буквален превод „Ти ми го цуцаш, јас ти должам едно“. Така што, не е проблем во се да се најде сексуална асоцијација, ако си сексуално ослободен :)

  5. фигмент | May 30, 2008 | Reply

    и што понатаму? каде да се пријавиме? кои се плановите? или се ќе остане само на пост

  6. Shepard | May 30, 2008 | Reply

    ако сакаш, можеш да бидеш додаден на мејлинг листата за координација

  7. Oh dear | Jun 4, 2008 | Reply

    Кои ј*бени гревои…

  8. Alex | Jun 9, 2008 | Reply

    Браво, Браво…Конечно проработе андерграундот на факсов…PF Rullz

1 Trackback(s)

  1. From Рафали во сечии нозе | кибер котле | May 29, 2008

RSS Feed for This PostPost a Comment