Inside Man, на македонски начин
| Inside Man on IMDB
Среде бел ден, тројца мажи, маскирани како молери, се истоварија од комбе карши Пуно и се упатија према филијалата на Комерцијална Банка, непосредно до школото Вера Циривири – Трена. По пат рогнаа едно од локалните џукелчиња, при што наидоа на охрабрувачки аплауз од страна на партиските активисти на СДСМ собрани во близина на Драмски, а и на тие на ВМРО кои се подоле малце, у гаражите, кај штабот.. Така каубојски, тој што ја клоцна џукелата, се почеша по гениталиите и залепи шлаем на тротоарот. Притоа, тој што стоеше до него, го лупна по глава и го прекори: - Море коњ, шо р`каш кај ќе стигнеш, ќе остаиш РНК.. На тоа реагираше воџата, кој што го плесна овој другиот: - ДНК бе прост.. ај сеа на работа.. * * * * *
Пред банката имаше двајца копиљаци кои се мењаа со сликички. Тогаш, истиот тој што ја рогна џукелата им се развика: - Марш бе деца, ќе се пука овдека, шо ви е?! Копиљаците, нормално, му се пукнаа од смеење и го отераа у три лепе. Тоа ги спизди тројцата у молерско, па ги збркаа децата.. едното од овие, бегајќи се закани дека ќе го викне татко му, кој бил рекетар, при што тројцата у молерско слатко му се изнасмеаа. И кога теренот веќе беше исчистен од џукели и деца, овие конечно имаа шанса да го остварат она што го беа замислиле. * * * * *
Во банката упаднаа агресивно, и веднаш извадија пиштоли (марка Застава). Внатре имаше една бабичка, која чекаше на шалтерот. Таа, веројатно приглува, не ги ни слушна кога влегоа и не изреагира. Сепак, испровоцирана од вревата, од задните простории излезе службеничката, која кога ги виде љутите фаци со пиштоли, гракна да се смее.. - Шо се смееш мори пизда ти материна, грабеж е ова! Смеата не стивнуваше.. на службеничката дури и се насолзија очите.. - Ќе те упуцам мори, мозокот ќе ти го истурам! – и` се закануваше едниот од тројцата. – На место ќе те остаам!!! Тогаш бабичката, која се испостави дека беше задремала чекајќи на шалтерот, се сврте. Кога ги виде тројцата во молерско со пиштолите, почна да ги тепа со ташната. - Срам да се немало, пустикуќи едни, за резил, огин да ве изгоре од небеси! – колнеше таа на источен дијалект. Тројцата веќе беа видно изнервирани, и едвај некако успеаа да се воздржат да не ја излупаат бабичката додека ја смируваа. И кога конечно ја смирија, едиот рипна преку шалтерот, кај службеничката, која веќе си беше седната на компјутерот и играше Солитер. * * * * *
Бабичката и службеничката седеа врзани во задната просторија, кога во банката влезе еден средовечен господин, со сметките во рака. Надолу носеше тегет адидас тренерки, со гумени папучи, додека нагоре имаше бела маица на прерамки. Мирисаше на пиво. * * * * *
После петнаесетминутна нерамна борба, чичкото веќе беше совладан, па и тој се најде во задната просторија со бабичката и службеничката. Бабичката повторно беше задремала, додека службеничката и натаму паѓаше од смеење.. * * * * *
- Ова вака не иде. – рече еден од ограбувачите. – Него дај да ги облечеме ко шо треба. Дај оделата. И така, едниот од нив мораше да го напушти местото за да претрча до комбето. Излезе од банката, и само што се приближи до возилото, од карши слушна глас: - Комши, ај бе да свртиме една табла, на овие више не им се губи. Тоа беа маалските, кои на клупите кај супермаркетот карши банката секој ден играа табла уз пиво. За да не испадне сомнителен, „комши“ мораше да прифати.. * * * * *
На вратата од банката имаше натпис „се кречи, затворено“ и поради тоа немаше веќе непожелни гости. Во задната просторија веќе се имаше развиено жестока страст меѓу чиката и банкарката. Се рокаа на сефот. Бабата, се разбира, сеуште дремеше. Двајцата у молерско беа кај шалтерот, го чекаа третиот нивни другар (кој сеуште тепаше табла со малските) и се туфкаа. - Ќе не` стемни.. ах, еве го, иде. Ќути, ја зел торбата. Откако го испцуја и му лепнаа пар заушки, влегоа во задната просторија. Го прекинаа половиот акт на заложниците и им наредија да облечат по едно молерско одело, за камуфлажа. За бабичката, која беше веќе во длабок сон, се сожалија. Откако го комплетираа првиот дел од планот, време беше да се јават во полиција и да си ги кажат своите намери.. * * * * *
- Ало Џанго, се јавуваме од полициската во Карпош, имаме сериозен проблем. * * * * *
Карши Пуно, после два до три часа, конечно пристигнаа силите на полицијата. Од крајслерот, излезе еден дебел џандар со брк, кој со мегафон рече: - Пизда ви материна, само ако фали влакно од денар, ќе ви ебеме мајката! * * * * *
Внатре сите беа вознемирени. Еден од тројцата го имаше фатено пролив и тој дополнително ги фрустрираше. - Ме протера од мрсното бе, да го ебам, ми се кења! * * * * *
Полицајците седеа пред банката во дебела сенка и пиеја пиво. - Абе, сеа шо ќе праиме?! * * * * *
Внатре веќе беше фрка. За среќа, имаа климатизер, па и ограбувачите и заложниците беа поштедени од летните горештини. - Брат, готово, се исрав у гаќи.. Не можејќи да се стисне, тој што му се какаше, во афект, ја отвори вратата на банката, истрча надвор.. џандарите кои седеа пред банката, прснаа да се смеат од глетката.. овој трчаше и се држеше за газот.. Другите двајца, видно испаничени од тој потег, фрлија димни бомби, ги собраа тројцата заложници, ги бутнаа пред нив, се случи карамбол, бабичката ја зедоа во раце, парите не ги чепнаа, си ги заборавија пиштолите, едниот си ја свитка ногата од брзање.. Полицајците не знаеа што се случува.. гледаа бледо во четирите особи во молерско кои лежеа на земи пред банката и бабичката која беше во фрка и не знаеше како да реагира.. „Мајко мила, олеле, огин да ги изгоре од небеси, апашишча, ја украдоа државата, ошче мене да ме украдат..“ |
No related posts.



