Впечатоци од “Пред и по нас” на Филозофски и пред Електро

Ако некој дојде и ви каже дека во Македонија ништо не се случува во поглед на студентско движење, не му верувајте.

Настаните на Филозофски и Електро пројдоа генерално добро. Посетеноста беше помала од Правниот факултет, а најголемиот дел од посетителите се повторија на сите три трибини до сега, и верувам и на таа утре. Лошо е што има се помалку нови лица, но ме радува тоа што конечно се ствара некоја поширока дружина, екипа, кружок, нешто се дешава, се споделуваат мислења, идеи..

На Филозофски, почетокот беше некако даунерски, или пак мене ми беше пошто бев исцрпен и неспан.. Понатаму се дигна атмосферата.. Најмногу што ме израдува беше учеството на публиката – едноставно немаше потреба од говори и сл, се разврзаа муабети, најголемиот дел од луѓето беа желни да кажат нешто.. Се осети накурченост, гнев, но и идеја, визија.. шо знам, добро беше. Се на се, 40тина луѓе, зезање и 2 саати кои одма пројдоа. Еве слики:

Иван дава вовед
Иван, Дамјан, Кире, Анастас
Налепниците, секако..
Пред Електро пак, беше уште помалку посетено (некои 30 души максимум), но проводот беше најдобар од сите настани.. Атмосфера на ниво, револуција во живо..
Пред почетокот
Боки, Кире и Ицко Елфаско (логистика)
Ивица се обраќа
Иван го изведува фамозниот “Лудак”
Дамјан збори, ја го глеам, Ивица слика публика
Кире им се обраќа на новодојдените студенти
Мојот говор
Делењето на налепниците
* * *
Денес (понеделник) во 19.00 имаме последен настан од овој циклус [планираме нови настани што поскоро, уште во текот на оваа или следната недела, ќе најавиме благовремено], на Институтот за Антропологија и Етнологија при ПМФ. Тоа е една барака, кај Стив студентскиот, уствари му доаѓа точно позади Земјоделски факултет (Автокоманда). Ако некој му се оди, а го демотивира местоположбата, односно далечината, збирно место е пред к.ц. Точка позади Соборна, во 17.30. Од таму колективно ќе се оди пешки, или евентуално со автобус. Ете можност за сите кои даваат поддршка ама до сега не им се погодиле условите, да дојдат и да се приклучат на движењето. Да бидеме реални и да одиме по невозможното!

Related posts:

  1. Пред и по нас

RSS Feed for This Post1 Comment(s)

  1. .аНТИ | Jun 9, 2008 | Reply

    Лепота

RSS Feed for This PostPost a Comment