За соработката со „Неделно време“, пред да стане интелектуално

Да пишуваш шо кур ти дојде на памет, и притоа да не ти цензурираат ништо, во неделен весник, е јако. Немам друг збор, јако е стварно. Нула цензура, слобода на израз, милина. Плус, темата е апсолутно слободна.. шо да посака човек повеќе? Дури и рокот стално го кршев..
Некогаш се случуваше дури и зборови ко „кур“ и „пичка“ да се протнат, сосе печатните и интерпункциските грешки. Во таквите моменти си мислев дека никој, дури ни лекторот не ги чита колумните, но понекогаш мејлот од бившиот уредник Геро – „ја прочитав два пати, бравос“, или нешто на темата, или „јака ти беше оваа“ – знаеше да врати човекот, ми даваше на знаење дека сепак некој во редакцијата ги проверува и нашите мејлови.

Коментарите не ми беа ништо ново, пошто сум навикнат на тој мод. Оценката со ѕвездички беше новина, ама у принцип некои коментатори се до толку неписмени, што и кога ќе те отераат у три лепе, ти оставаат по 5 ѕвездици одоздоле, така да оптичка варка :)
За утнувањето на името (колку се ежам ко ќе видам Атанас еј!) ич не ми се збори. Тоа го сметам за македонштина-синдром, кој се надевам дека сега откако весникот стана интелектуален ќе го искоренат.. мислам, име на автор е у питање.

За „раскинувањето“ исто така не ми се збори. Да не проверев мејл во петокот, кој беше реплика на последната колумна (наменета за овој број), апла ќе се изненадев ко ќе го отворев денешниот г`з. Иначе мејлот е сличен ко оној што го добил Букар.
Сепак, не сакам да бидам малициозен. Тоа е нивна одлука. Јас сум благодарен за шансата која ја имав. Ипак беше големо искуство. Да се пишува „под рокови“ и да се пишува скоро па ангарија*. Нека им е со среќа за натаму.
Пишаа до сега: Bi & Букар

No related posts.

1 Trackback(s)

  1. From Martin Markovski | Dec 23, 2009

RSS Feed for This PostPost a Comment