Впечатоци од настанот на комплексот факултети

Прво беше жешко, па задува, па заврна :) Како и да е, настанот помина во супер атмосфера, покрај непогодите лицата наоколу воглавно беа среќни и имаа задоволен израз..

Од организациски аспект, многу голема беше помошта од бендовите и талентот за импровизирање.. како и да е, звукот беше на ниво, а и самиот настан изгледаше постегнат од што навистина беше.

Посетеноста беше средно-жалосна за бендови како што се PMG Колектив и Fighting Windmills, но сепак ги надмина нашите очекувања. Околу 50 луѓе нонстоп беа пред сцената, а во еден момент, по мојата порака да се соберат сите кои беа раштракани наоколу, се створи маса од стотина луѓе на плоштадчето кај споменикот. Многумина шетаа наоколу, се криеја по ќошиња, бркаа работа на факултет, доаѓаа си одеа.. се поделија многу памфлети и налепници, и се прошири мрежата..

Крајот дојде многу порано од предвиденото, затоа што зароси, и мораше да се тргне опремата.. но дефинитивно доброто расположение остана, и се створи терен за следен уште поголем настан од овој тип. Тогаш се надевам, ќе има уште повеќе луѓе и ко што вика Мирко, може и ќе скршиме нешто.

Пораката се пренесе, се отворија битни прашања, и Скопје достојно го ставивме на мапата на градови каде што нешто се случува во поглед на дејствување. Малку, но полека.. полека..

Во претходниот пост ги ставив видеата со пораките кои беа пренесени (фала му на Љубо за снимките), а во продолежние следат слики.

И сесловенските просветители, светите и светлите собраќа Кирил и Методиј се вклучија во револуцијата
ПиЕмЏи: Васко ептен ептен се вложи за настанов, огромна почит за него
Мирко
Анархо ПиЕмЏи
Дел од народот
Дамјан се обраќа
Фајтинг Виндмилс
Фајтинг Виндмилс фамилијарно
Мое обраќање кон публиката
Бука и Бумбар

Related posts:

  1. Впечатоци од дискусијата на Инст. за етнологија и антропологија
  2. Пред и по нас
  3. Фотографии од анти НАТО протестите
  4. Свирка за одбележување на 1968: Fighting Windmills + PMG пред споменикот на Кирил и Методиј 25.06 (среда)
  5. Говорите од пред Електро и Етнологија/Антропологија, средени во еден

RSS Feed for This Post4 Comment(s)

  1. ana талент-фри | Jun 26, 2008 | Reply

    честито, вуна, за вчера, гледам од фотките дека мн ок сте поминале. да не се правдам зошто не бев таму (иако те уверувам дека правев нешто исто така корисно за човештвото), ептен ми е ќеф што уопште се дешава ова… има многу потреба од левичарско движење што ќе го почнат/предводат луѓе што не се исфрустрирани и што стварно сакаат да го направат светот подобар.
    не ми е проблем ни че гевара веќе, баш зрачи со некоја еротска енергија. таков, вечно млад… :Д

  2. Shepard | Jun 26, 2008 | Reply

    фала на поддршка! че е фаца,
    и се надевам кај и да е, ќе се деси една масовна за цело село манифестација,
    и пато ќе се блокира и барикадира!

  3. Алекс Букарски | Jun 27, 2008 | Reply

    И рок-ѕвезда си и ангажирани говори држиш. Супер изгледа. Честито.

  4. knsis | Jul 10, 2008 | Reply

    1. Која е поентата да се одбележува настан,кој ниту се случил во Македонија, ниту имал некакво влијание во Македонија ( па ниту во светот немал – колку што демонстрациите во САД во тоа време ја сопреа војната во Виетнам )??? Ако сте сакале да се организирате за нешто ( што секако е добра работа ) тоа сте можеле да го направите и онака, не мора кој знае каков повод да има за тоа. Место да славите глупи годишнини, убаво би било, на пр., да ги прашате вашите родители што правеле во тоа време ( може не конкретно вашите, ама мислам јасна ми е поентата ).

    2. Симболиката со Че го открива целото лицемерие што постои кај квази-левицата во Македонија ( за жал и кај тебе, иако не знам дали баш би те сместил кај квазите ). Она цело дрнадање за Александар Македонски дека бил касап, убиец, насилник итн. итн. паѓа во вода. Че Гевара да не е нешто подобар во тој план!? Не само што не е подобар, туку е и многу полош. Зошто? Затоа што пред 23 века не постоеше изграден систем на човекови слободи и права ( тогаш одвај да беше во зачеток ), делата на Лок, Русо, Мил, Пејн не се читаа, не беше напишана Универзалната декларација за човековите права, Амнести Интернешнл и Хелсиншки Комитет не беа основани. А во времето на Че сето тоа постоеше и тој со чиста свест се бореше за воведување на тоталитарни режими, убиваше луѓе, правеше војни. И кој е сега поголем лицемер? Јас што имам маичка со Александар ( за кого не негирам дека има направено и лоши работи гледано чисто со денешни очи, но кој има направено и еден куп позитивни работи )или ти/вие што се китите со Че, кој нема направено една добра работа ( ајде посочете која е ) и кој се бореше за идеи за кои сите можеме да видиме што донесоа таму каде што беа спроведени?

2 Trackback(s)

  1. From » Macedonia: Students gather to mark ‘68 and ask for change Вуна [б]е пер: кај што има кила, правдина нема од 2004 | Mar 23, 2009
  2. From Martin Markovski | Dec 23, 2009

RSS Feed for This PostPost a Comment