Впечатоци од настанот на Антимилитаристичката Антинационалистичка Иницијатива, одржан во Јанина на 23.06.2008

Прво, морав да се соберам, патот до Јанина е напорен особено кога во 2 дена болен одиш и се враќаш, а следниот ден правиш свирка на 40 степени :)

Значи, после моето длабоко разочарување што не можев да стигнам за настанот во Атина на 20ти (имав испит дента и сеуште примав инекции), вечерта недела кон понеделник заминав за Грција.

Во Јанина стигнав попладнето, и бев зашеметен од тоа за какво прекрасно место се работи. Фина архитектура, природа, езеро.. но најбитно од се’, млади луѓе еден куп (универзитетски град е), и голем дел ангажирани. Ангажирани девојки што тепаат полиција, за разлика од девојките кои голем дел се заведени од штилите и шминките (ко што вика Кире). Не искачаат само на кафе, него на лепење плакати и шкртање по ѕидови. Не се збираат само у маало, него на трибини. Свирки секој ден, и све со политичка порака. Во град со отприлика 100.000 жители, има посебна полициска единица за студентски протести. Да не навлегувам во детали, но многу позитивно искуство и во поглед на проширување на видик, и во поглед на непосредно запознавање со активизам кој има традиција.

Се разбира, јас се движев во тие кругови, и затоа немав многу шанса да се соочам со конзервативноста на старите и предрасудите кои ги имаат према луѓе од Македонија.

Настанот кој го организиравме, беше на ниво, се одржа во една сала на некој синдикат (ако сум во право), а посетеноста му беше отприлика 80 луѓе. Имаше медиуми (2 камери, едната разбрав од Мега, и неколку весници). Дента имало најава во некоја емисија дека сме радикална групација, која стои зад подметнувањето на пожар во книжарница во која се продавала радикална десничарска литература (тоа всушност го направила друга група, анархисти, но за другарите беше комплимент). Караџаферис не’ колнел. Атнимонис веројатно пак фрлал анатеми.

На настанот модераторка беше една девојка, која што не запамтив како се викаше. Од домаќините, говореше Сиси како еден од предводниците на иницијативата (беше во Скопје), и Јанис (адвокат од Јанина), а од гостите, говоревме јас и Ивица.

Грците, стандардно, побараа признавање на Македонија, народот и јазикот и малцинството, го критикуваа НАТО, и отвараа некои поединечни случаи.

Ивица на нивно барање, повеќе говореше за иницијативите “Не пиеме нафта!”, “Против НАТО, против Македонија во НАТО!”, се спомена и студентското движење, и секако, се осврна на она што го правиме во поглед на антинационализмот.

Мојот говор веќе го објавив на англиски, а денес закачив и превод на македонски, иако поавтентично е да се чита на англиски, затоа што така е пишуван. Мој впечаток е дека многумина беа воодушевени, и задоволен сум од фидбекот. Ме радуваше тоа што во публика имаше доста млади, мои врсници, вечерта имавме одлична дружба, и се надевам што поскоро ќе организираме заеднички настан, овде или таму.
Викендов се одржа уште еден настан во склоп на Антирасистичкиот Фестивал, на кој имавме 5мина претставници (двајца говорници), а во петок, заминуваме за Атина, исто така како дел од Антирасистичкиот Фестивал (на регионално ниво) каде еден од говорниците ќе бидам јас.

Related posts:

  1. Македонски превод на говорот што го држев во Јанина на 23.06.2008
  2. My speech in Giannena, Greece [23.06.2008]
  3. Денес антинационалистички антимилитаристички настан во Атина
  4. Впечатоци од дискусијата на Инст. за етнологија и антропологија
  5. Пред и по нас

RSS Feed for This Post3 Comment(s)

  1. Сатаниел | Jul 1, 2008 | Reply

    Прашања од публика немаше?

  2. Shepard | Jul 1, 2008 | Reply

    имаше, нас воглавно не‘ прашуваа за внатрешната ситуација во македонија, изборите, пукањето, меѓуетничките односи, а што се однесува до говорите, само се надоврзуваа.

    они се многу критични на сопствениот национализам, прави предавници, не ко нас, и воглавно натаму се одвиваше дискусијата.

    јас зборев кон крајот за визите и сл., што не е директно врзано за национализмот, но сметам дека е битна заложба во знак на интернационалната солидарност, сеа да не навлегувам како дојде до тоа, и така.

  3. Сатаниел | Jul 2, 2008 | Reply

    Да си критичен кон сопствениот национализам нете прави предавник, те прави патриот. ;)

RSS Feed for This PostPost a Comment