Впечатоци од Антирасистичкиот фестивал

Вечерва се вратив од антирасистичкиот фестивал кој се одржуваше во Атина, и сеуште сум возбуден од тоа што таму се случуваше.

Влезот на фестивалот – влезница 6 евра

Во центарот на паркот

Ниту со збор ниту со слика (милион слики имам, не знам што све да закачам?!) ниту со клипови не можам да ја пренесам атмосферата од паркот Гауди (инаку значително пространо место во споредба, поголем од нашиот саем, под надлежност на армијата, во кварт во кој освен полиции, касарни и сл., нема ништо друго, и насред такво место беа развиорени левичарски знамиња). Стотици штандови на стотици организации, знамиња големи, мали, обесени, размафтани, па банери, беџови, налепници, графити, десетици илјадници луѓе кои присуствуваа во текот на трите дена, три стејџа и кузнае колку бендови, ансамбли, оркестри и перформанси.. Јас повеќе црвени знамиња не сум видел во мојот живот, како што имаше во еден оддел на фестивалот, а во друг пак имаше преставници на најразлични заедници (пример Филипинци, Африканци од сите земји, Курди, Афганистанци..)..

Слободна Палестина

Попови комунисти

Јадење и пиење за мерак, секакви национални кујни, стотици маси распоредени на неколку места, џагор, муабети, луѓе секакви – млади, стари, бебиња, мајки, жени, мажи, татковци – СВЕ комплет собрано.

Лицата воглавно насмеани затоа што ова беше манифестација во која сите гордо промовираа вредност – почитувањето на различноста.

Дел од народот на трибината

Нашата трибина се одржа на првиот ден на фестивалот, како главна трибина за тој ден. Насловот беше „Ембарго за национализмот, вето за глобализацијата“; трибината почна со задоцнување, но беше одлично посетена – во еден момент, особено за време на мојот и говорот на Димостенис Пападатос имаше можеби 150-200 присутни на столчињата, и уште десетици кои стоеја од страна. Другите говорници беа Костас Ахниотис и Али Селегин од Кипар (дел од грчко-турскиот синдикат на наставници кои со својата заедничка дејност застануваат наспроти поделбите)..

Јас говорам

Со другарите од Кокино

Рандом видео:

Јас говорев на македонски јазик, а имаше грчки превод (во публика беа Алек и Златко од „Не пиеме нафта!“, но имаше и неколку македонски граѓани што живеат во Атина, а имаше и Македонци од Лерин). На крајот од публиката имаше прашања, два лика беа особено напнати и не изгледаа среќно. Со оглед на тоа што беше многу топло, беше гужва, и на отворено, а и касневме (како и се во Грција, мој впечаток), трибината заврши релативно бргу, по околу час и половина. Сепак, мислам дека беше убедливо најдобриот настан во организација на Антинационалистичката Антимилитаристичка Иницијатива, особено што беше проширен со кипарското прашање, и со критиката на неолиберализмот; се надевам натамоштните дискусии ќе бидат уште поопсежни и поуспешни.

Но, за Иницијативата во некоја друга прилика. Говорот ќе го закачам вечерва или утре, да го средам

Related posts:

  1. My speech in Giannena, Greece [23.06.2008]
  2. Впечатоци од настанот на Антимилитаристичката Антинационалистичка Иницијатива, одржан во Јанина на 23.06.2008
  3. Македонски превод на говорот што го држев во Јанина на 23.06.2008
  4. Пред и по нас
  5. Денес во Атина, Антирасистички фестивал

RSS Feed for This Post1 Comment(s)

  1. knsis | Jul 9, 2008 | Reply

    Нели ќе викавте ако ве поканат во Грција? Или да не ви бев многу националист, па да ве срамев таму?

2 Trackback(s)

  1. From » Говорот кој го држев во Атина, 04.07.2008, на 13тиот Антирасистички фестивал Вуна [б]е пер: кај што има кила, правдина нема од 2004 | Mar 23, 2009
  2. From Martin Markovski | Dec 23, 2009

RSS Feed for This PostPost a Comment