Заборавен лик

го заборавив текстот
а мислев не се заборава така лесно
ги заборавив сите зборови
запишани
избришани
проголтани
заборавив на сите стихови
заборавив на секоја буква
на сите мигови
заборавив
а мислев не се заборава
заборавив дека
треба да се лови секој миг
да се доживее
да се зачува секој восхит
секој стих
да се зачува длабоко
да не дозволиш
се’ да се заборави
да испари
до последен стих
до последен здив
***
заборавив дали те заклучив
не знам
не се сеќавам
знам само дека одлучив
да те удавам во заборав
така е полесно
така не ме боли текстот
од секоја песна
од секој стих
но само едно сеќавање
само еден миг
повторно надоаѓа слика
повторно надоаѓа крик
тешко се забораваат некои ликови
тешко си заборава
кому си посветил
толку многу стихови
***
го заборавив текстот
мислев не се заборава лесно
сега мора да испеам нов
посилен
жесток
No related posts.



сека | Jul 17, 2008 | Reply
Ти пишав коментар, ама мислам дека не го прати. Имаше една глава доле, еден прст горе, и една голема воздишка…
[Translate]