July 17, 2008

Збогом Брус Ли

Вчера го зголемија буџетот на тајната полиција за 60 пати. Никој ништо не образложи. Дали ќе се работи 60 пати потајно, или ќе се следат 60 пати повеќе луѓе, не знам.. тоа е увод во дистописко сценарио.

Го уапсија вториот човек на опозицијата и најпопуларниот градоначалник во Македонија. Презумпција на невиност нема. Кој е следен?

Опозиција во парламентот нема. Непречено чекориме напред во преродбата. Демократија цути.

Претседател на Врховниот суд е човек со еден месец искуство како судија, а воедно кум на претседателот на Собранието. Нема ништо спорно тука. Подобар кандидат бил од другиот.

Од илјадници блогови, катаљарда се опседнати со Хунзите, го бараат античкото во себе, му се поклонуваат на кралот, а само пар блогери пишаа критички став према тоа прашање. Јанко сепак најде за сходно во колумна да ги опее тие 0,1% кои мислат различно: “(…) Деновиве, јадот и бедата на тнр квази-енџио-авангарда на левицата се собрала на последниот за нив медиум – блогерајот и врескаат скоро во хистерија за доаѓањето на Хунзите кај нас (…) Драга моја јадна вавангардо, чии слуги сте? Зарем ви е подраго да работите за било кој педофил-бирократ од западот одошто било кој наш човек кој народот го почитува? Без поговор прифаќате се однадвор, а омаловажувате што ќе дојде одовде. (…)”.

* * *

Признавам, страв ми е. Ми трепери тастатурава. Имав гз на 18 години во весник да пишувам колумни со наслов “Алфа збира” во периодот кога Алфите почнаа да пируваат низ Скопје.. имав гз да пишувам за краставиците на Бучко, за скандалот Ел Масри и сл. Дури имав храброст и на претседателот на државата лично у фаца да му спукам работи за НАТО пред некој месец на средбата со студентите на Правен (на Правен долго ќе се збори за тоа).

Ама многу ми требаше да го објавам текстот “Психологија на ВМРОизмот” неколку дена пред изборите, и никој не го ни примети. Можда сум имал среќа (пошто ако го приметеа ќе ме жигосаа и потепаа), а може се’ е до тој степен лоботомирано да не ни се забележува дури и порадикален став.

Сепак останува обврската кога мислиш дека нешто не чини да приговориш. А првиве денови од Преродбата 2.0 мене ми мирисаат на тоталитаризам. Страв ми е, никогаш не ми било страв да кажам нешто јасно и гласно како што ми е сега. Ме пукаат паранои, се колебам по сто пати, стотици постови се ненапишани, колку повеќе гледам вести, толку повеќе се револтирам, но се јавува и Трпе во мене – “ведната глава сабја не сече”.

Ова е мој очаен обид да приговорам на се’ што се случува, да приговорам на тишината и молкот на оние кои се свесни за тоа и да најдам бар еден истомисленик. Амин.

No related posts.

34 comments for this post.

  1. Comment from Алекс Букарски on July 17th, 2008 :

    Како надоврзување Вуна на твоите стравови&ставови во текстот сакам да приложам еден извадок од дневникот на францускиот убер-интелектуалец Андре Жид.

    24 фебруари 1946

    Синоќа примив писмо од еден непознат човек: Бернард Анженже, толку е каректеристичко што сакам овде да го препишам:

    “Веќе пет години сакам да Ви пишам. Во тоа доба кога имав 17 години ја открив “Земска храна“.
    Не би умеел да Ви објаснам колку бев потресен.
    После читањето на таа Ваша книга повеќе не сум истиот човек.
    Сакам овде да Ви ја истакнам својата почит и воодушевеност.
    Мора да сте добиле сто писма слично напишани како ова.
    Меѓутоа не сакав само тоа да Ви го напишам.
    Пет години се борев против Вас. Вашиот Меналк умее да рече: “Остави ме“.
    Така делува отпрвин. Се борев против таа духовна тиранија што ја направивте врз мене. Многу ве ценев и некои од страниците на Вашата книга ми помогнаа да живеам во концентрационите логори.
    Од Вас, црпев снага да се измолкнам од буржујската и материјалната удобност.
    Трагав заедно со Вас, по “не толку поседување колку љубење“.
    Расчистив со се’ и со сите за да бидам нов, пред новиот закон.
    Се ослободив.
    Тоа не беше доволно. “Слободен и што сега?“ Тоа е она страшно прашање.
    Најпосле ве напуштив и не најдов нови учители. Се гушам.
    Ужасниот апсурд на Сартр и Ками не ми решаваат ништо во животот освен доколку имам намера да се самоубијам.
    Сеуште живеам со она што Вие ме научивте. Вие умеете како.
    Но, сепак јасно ми е дека човекот е секогаш сам.
    Не очекувам од Вас некое згодно решение за мојот малечок проблем.
    Тоа би било премногу убаво, некакво колективно решение.
    Секој треба да го најде својот пат, но да не биде тоа патот на соседот.
    Би сакал да добијам барем некој зрак од Вас кој би можел да ми укаже на правецот кон кој треба да се упатам…Ако воопшто постои таков.
    О, Учителе!… Кога би знаеле за промашеноста на целата наша младина…
    Не сакам да го злоупотребам Вашето време. Не напишав се’ што сакав да кажам.
    Има премногу што да се каже.
    Јас со ова писмо Ви упатувам апел.
    Простете ми на конфузијата на моменти. Знам дека не ја сакате симпатијата. *

    *- (Очигледна алузија на една реченица на мојата книга, “Не симпатија: љубов“)

    Сепак сакам да ви искажам огромен восхит и силна надеж која ја полагам во Вас.

    Бернар Анженже
    Хотел Париз – Каиро

    Одговорот на Андре Жид

    Драги Бернар Анженже

    Брзајќи поради Тристрамовото заминување, ви напишав едно писменце на брзина.
    Еве што најнапред би требало да знаете:

    Зошто трагате по “нови учители“?
    Католицизмот или комунизмот изискуваат, или во голема мера препорачуваат, духовна покорност.
    Уморни од довчерашната борба, младите луѓе (и многу нивни постари другари) трагаат и мислат дека пронашле одговори токму во таа покорност, починка, самодоверба и интелектуална удобност.
    Што викам на тоа?
    Тие во таа интелектуална удобност бараат причина да живеат убедувајќи се себе, дека приклучувајќи се така, ќе бидат покорисни и дека ќе се стекнат со своја чиста предност.
    А така, не увидувајќи го тоа сами, или увидувајќи го тоа мошне доцна, од лојалност – или мрзливост – ќе придонесат за поразот, падот на духот; за воспоставувањето на не знам каков “тоталитаризам“ кој нема да вреди повеќе отколку нацизмот против кој се бореа.
    Светот ќе се спаси, ако може воопшто да биде спасен, само благодарение на непокорните.
    Да не беа тие, ќе беше свршено со нашата цивилизација, нашата култура, со она што го љубиме и што на нашето присуство во светот му дава скриено длабоко оправдување. Тие непокорните се “на Земјата“ и се одговорни за Бога.
    Постојано се убедувам себе дека Бог уште го нема и дека треба да го постигнеме.
    Може ли да има поплеменита, попродуховена и достојна улога од сето тоа?

    П.С. Да, знам, напишав во својата “Земска храна“: “Не симпатија, љубов“.
    Но знам дека токму јас држејќи се до сопствениот совет, прв ја “напуштив својата книга“ и отидов понатаму.

    Важно е и самиот себе да не се запреш.

  2. Comment from Solza on July 17th, 2008 :

    Вунар, заборави да пишеш за дозволите за пристап до нашите шуми. Вајда не беше тука додека се донесе одлуката за воведување на специјални дозволи за секој граѓанин кој сака „дрско“ да си го искористи своето право на слобода на движење. За Водно ќе ти треба дозвола инаку 2000 евра казна не ти бегаат. Смрт фашизма, слобода народу!

  3. Comment from Vankovska on July 17th, 2008 :

    Јас, сосема случајно, во предизборието 2006-та, во колумна за Фокус напишав (за ВМРО): кога овие ќе дојдат на власт, сигурно во зандани ќе не ставаат за изречена критика! Оваа реченица беше ставена и на насловна страна… За жал, имав добро претчувство.

    Стравот не е само кај вас, помладите (а докажано храбри луѓе). Признавам, дури и на мене влијае атмосферава. На денот на враќањето на Бошковски од Хаг одбив да учествувам во ТВ отворено стдио, а на новинарот му објаснив дека не сакам во таква вжештена атмосфера да бидам „расипувач на забави“. Сосема сум свесна дека е тоа самоцензура – нешто што е полошо и од „официјалната“ цензура, а особено застрашувачка ако му се случи на некој кој отсекогаш бил outspoken.

    Бидејќи веќе не се работи за индикации, туку за отворено манифестирање на гола сила и моќ, треба да размислиме како да се собере таа малку независна енергија и насочи таму каде што треба.

    Еднаш напишав и дека е многу потешко да си опозиција на власт која зад себе го има мнозинството. Власта се „тркалаше„ по улиците долго време, пред Груевски да се наведне и да ја земе… Сосема предвидливо, а мнозина од нас се виновни за тоа што се случи.

    Поздрав

  4. Comment from Сатаниел on July 17th, 2008 :

    Зошто „Збогум Брус Ли„? „Удри Брус Ли„ треба да е насловот.
    позз со истоимената песна

  5. Comment from Jovan on July 17th, 2008 :

    Јанко го заболело од Вуна, аНТИ и Букаро?

    Јанко бе… Јанко…

    Не ми се верува во која држава живееме.

  6. Comment from сека on July 17th, 2008 :

    Мислев Жарко дека е луд кога го фаќаше параноја. Сега веќе не мислам… Он му дојде ко некоја баба Ванѓа (јес дека имаше причина за паранојата, осетена на своја кожа – ама кој да поверува дека навистина немало некоја разумна причина?! Сега е повеќе од верно …

  7. Comment from Параноичар on July 18th, 2008 :

    Кога ќе се размисли, тие пари кои го збумбарија буџетот и сега како вишкови за што се` се разделија – во основа се собрани од уплашеноста на луѓето.

    Почитувај ги законите, плаќај ги и најситните казни, плаши се од сите видови инспекции.

    Не беше непредвидливо, ова е само котење на стравот.

  8. Comment from Django on July 18th, 2008 :

    Вуна

    Потполно ти го разбирам чувството. Почнуваш да размислуваш со задршка, со извесно временско затегање и мерење на мислата и зборот.
    Ама убаво е што чувството веднаш си го препознал кај себе и токму поради тоа верувам дека нема да имаш последици.
    Не мислам на последици од твојот јавно кажан збор,нив може ќе ги имаш може не, туку на последици по твојот внатрешен интегритет.Во спротивно ќе станеш уште еден неупотреблив медиокритет.
    Децата како тебе ми даваат надеж.

    Поздрав

  9. Comment from кнсис on July 18th, 2008 :

    Пасус 1 и 4 – критички. Пасус 2,3 и 5 – критизерски ( А критезерство изречено било на блог, било на ТВ, било пред кооперација има иста вредност ). На вториот дел од текстот не му ја сфаќам намената. Го напиша ова за да ни кажеш дека се плашиш!? И сеа ние треба да дојдеме да те тешиме или бодриме – не се плаши Вуна, ако ти не кажеш кој друг… Мислам, кој к..

    А и до проф. Ванковска. Ако почнеме да се плашиме, не Груевски, Црвенковски или Ахмети, туку и најмало дете да дојде на власт, ќе ни биде лошо во државава. Ништо позитивно не се гради со плашливци ( или што би рекол Бране – „со ситни души не се прави држава“ – си знае тој најдобро по себе ). Светот не е лош затоа што во него постојат тирани, туку затоа што постојат луѓе кои ги трпат.

  10. Comment from Shepard on July 18th, 2008 :

    за тешење бе.

  11. Comment from ribaro on July 18th, 2008 :

    ми стои една кнедла и мене на исто место, но ќе плукнам деновиве.

  12. Comment from Lavot on July 19th, 2008 :

    Во 1997 година бев повикуван кај директорот од гимназијата (поранешен пратеник на СДС) затоа што носев маици со Лавот – грбот македонски на училиште. Било пропаганда недозволива… Мои соученици носеа маици со УСА, а некои ’покул’ со Че или со СССР. Тоа беше дозволиво.

    Во 1998, се уште малолетен, бев под истрага на полицијата. Ми се закануваа по тел. дека ќе ме соберат од училиште и сл. Ме нарекуваа дека сум бил ем наркоман, ем вмровец. Рака на срце, бев симпатизер на тогашното Вмро, ама немав ни ганџа запалено. Ми дојдоа и дома… да ме соберат.
    Повторувам – бев дете!

    Тогашните НВО-а оформени и поддржани од член на Извршниот комитет на СДС воопшто не се занимаваше со вакви работи. Или не сакаше, или не можеше.

    Откако се смени власта (1998-2002), се јавија разно-разни комитети, транспарентности, институти, и сл. кои не се штедеа да ја критикуваат тогашната власт (рака на срце имаа што да критикуваат).

    По 15 септември 2002 истите тие ги снема. Молк! Во меѓувреме среде војна имавме организиран отпор (Доста е), потоа среде битката за референдум за територијална поделба имавме кампања Европа сега или никогаш!, така што од т.н. невладини организации кои ја критикуваа власта добивме НВО-а што критикуваа критичка мисла. Се појави и фабриката… која уште работи!

    Тоа беше тогаш…. Денес имаме друга власт, народот и искажа доверба, а некои фаци кои немаат повеќе средства да црпат од „независните“ институти наводно се плашат за својот живот, ставени во филм Тетовирање скроз.

    Оние похрабрите пишуваат прогрчки колумни, пропагираат уништување на национализмот (а врска немаат што е тоа), трескаат глупости на јавни трибини и организираат најблаго речено сомнителни средби, а не ги видов да речеме да се појават на средби кои ги организираат Децата бегалци и останатите страдалници од грчката нацистичка (нацистичка, а не националистичка) политика.

    Ние немаме тоталитарна држава туку напротив! Тоа е знак дека се уште не сме асолна држава. Дека секој курле може среде војна (специјална, студена – прочитајте во студии за дефендологија што е тоа) да пропагира што сака.

    Јас Вуна не се плашам. Никогаш и не сум се плашел. А и ти знам дека од пропагандни причини го напиша тоа. На крајот на краиштата – не си ласкај толку. Крцкај си!

  13. Comment from Ванчо on July 19th, 2008 :

    Нема од што да се плашиш, Лавче, па лавчиња си носел на маица, ти си еден од подобните…
    Твојот коментар ги носи сите обележја на диктаторска пропаганда: предавници околу нас (организираат трибини!), теории на заговор (ах, тие НВО кои зборат против власта, сите продивдржавни!), сега сме во војна, да застанеме сите околу Водачот (а не курлиња да зборат што сакаат, предавници едни).
    Не верувам дека си дел од таа пропаганда, премногу наивно звучиш, но дека те „префатила“ – очигледно е. Сепни се навреме, слободата на говорот и собирањето се едни од основните демократски вредности, па дури и да звучат анти-државно!

    А што се однесува до „буџетот“, мислам дека најпрво ќе не најде едно зло, пред второто за кое зборува Вуна.
    Прво ќе не „избркаат“ од Европа, ако не физички, сигурно институционално. Којзнае, можеби и физички ќе се обидат – една мала „преемптивна интервенција“ од Грција, и …
    Веќе сме на прагот на воведување на повторен мониторинг „поради недостаток на демократијата“, а со тоа враќање едно 10 години наназад. Азербејџан, here we come!
    Ионака, веќе ја прејдовме границата помеѓу демократско и тоталитаристичко општество, па зголемувањето на парите за тајната полиција не изненадува.

  14. Comment from Django on July 19th, 2008 :

    Лавот

    Дефинитивно спаѓаш у „Мочковци„…прочитај ми на блогот.
    Кој ку*рац бе ти 1998 си бил некој револуционар…си носел демек лавчиња, дрн дрн јарина…па полиција те приведуела па леле мајко…херој

    Абе дркаџијо една, кој уште се занимаше 1998 за лавои и не знам што, па уште-реперкусии си имал…ај не тинкај без веза…посебно беше „храбар„ што урлаше…уааа комуњари???…па немаме бе толку кратко паметење

    ама изгледа ти си еден од мочковците што, јанко и латас во веб коментарите во вечер ги славите и им се дивите на „храброста„ кога ѓе кажеле демек нешто

    тешка работа…да пљукаш денеска по некој кој не мисли како грујо е како добар ден…а ти јанко, латас, демек храбри

    и не си ласкај со 1998, глупо изгледа

    мочко низаеден

  15. Comment from Jovan on July 19th, 2008 :

    Или со еден збор, Лаве ти си ПУСИ.

  16. Comment from Lavot on July 19th, 2008 :

    А, да ми се фатите за мандалово слепци едни нискомозочни со коефициент на интелигенција 13, што го цитираат Коља како авторитет (?!?!?!)

    Лавчиња не сум носел – носам Лав, носам македонски симболи, за инает на сите европредавници. За инает за вас, пички под кошули, кои отсекогаш сте го гниеле ткивото македонско.

    Како пијавици ебаве слепци глупи се пикате под кожа и му ја цицате крвта на чоека вака шмуууук, шмуууук…. е цицавте, цицавте, че доцицате.

    Сега можите само да лелекате ко Калимеро немало правда, не можел да се чуе гласот на народот. Слобода на говор! Ако немаше слобода на говор, немаше другарчето ваше Герополус да сере низ колумни, да презентира ставови од Бакојани и компанија.

    Ако немаше слобода на говор, немаше авторот на блогов со уште петмина да протестира против НАТО (немам ништо против тоа, да не бидам сфатен погрешно), ако немаше слобода на говор, немаше со другар му Анти да трескаат глупости дека Александар Македонски бил криминалец, масовен убиец и сл. (што се граничи со лудило или ај да речам простотилук)

    Не си ласкајте, курлевци едни, не сте вие народот, за вас човек може да ги употреби термините – гниди, вошки, крлежи, пијавици и тн. (слободно додадете си уште неколку, заради слобода на говорот)

    Ко вас имало илјадници низ историјата, обележани заради нивните ставови. Опеани во многу песни, приказни, поговорки….

    Нели, Бог да ги убие шпиуните!

    Ајт создравје и ебете се у Грчка!

    П.С. И ова е слобода на говорот – да ми се ватите за мадево лево.

  17. Comment from Shepard on July 19th, 2008 :

    процедурално: на анти-НАТО бевме 60 души.

    а иначе добар секс паѓа у грчка.

  18. Comment from Shepard on July 19th, 2008 :

    онака на море исунчано газе, по по по.. танги тука, песоче :)

    тапа си лаве, од увек си бил тапа.

  19. Comment from Lavot on July 19th, 2008 :

    Што затнува шупаци да не серат многу, многу

  20. Comment from дамјан on July 19th, 2008 :

    Шо знам Лаву, и мене сакаа да ме апсат дека игравме фудбал на улица … а тоа изглеа го нервираше цајканот па викна марица да ме собира… ова во времето на СДСМ.

    Па пак не ги доживувам овие новиве како некои спасители .. само гледам дека истото го продолжуваат само полошо и поефикасно.

  21. Comment from Петко on July 19th, 2008 :

    Извинете што ви се мешам во сексот, ама сега налетав. Незгодно време, јбг. :)

    Тоа што сакав да го кажам е во врска со нешто што ми ги прободе очите уште во вториот пасус.

    Човекот не е уапсен (приведен) поради тоа што е „вториот човек на опозицијата и најпопуларниот градоначалник во Македонија“ туку како потенцијален апаш. Ај да речеме, што ако се докаже дека бил апаш? Ќе ги голтнат ли свирчињата тогаш оние што протестираа пред судот?

    Да не сакаат нивните лидери автоматска амнестија?

    Или, да ги затвориме судовите? И така, како што убаво се надоврза Параноичар во коментарот, „Почитувај ги законите, плаќај ги и најситните казни, плаши се од сите видови инспекции“ ти било всушност „само котење на стравот“.

    Сенешто.

  22. Comment from Shepard on July 20th, 2008 :

    петко,
    премногу очигледно е. башка за истрага се праќа прво покана, да се одзве сам и сл., не се оди одма со лисиците и сите помпезности на едно „обично“ апсење по мерка на оваа власт.

    а ко што разбрав заев требало за некој ден да добие награда некоја меѓународна за најдобар градоначалник?!

  23. Comment from Lavot on July 20th, 2008 :

    Да, така е, само да видиме како реагираа од СДС кога го апсеа Кирил Тодоровски, исто така градоначалник.

    Нова Македонија

    Канал 5

    Утрински

    Еве како е уапсен:
    Фотки

    П.С. Моби јас не ја доживувам новата власт како спасителска. Не сум ни дел од неа, ниту сакам да си имам мешање. Единствено, плитки ми се многу ваквите написи, конструирани од определени центри. Тоа е се`!

  24. Comment from Lavot on July 20th, 2008 :

    Дамјан требаше наместо Моби… Моби го читав нешто претходно…. ајдееее 5 часот одам на спиење

  25. Comment from Ванчо on July 20th, 2008 :

    @Петко:

    Значи, не верувам дека некој од (нормалните) дискутанти овде, а почнувајќи од авторот, вели дека Заев е невин.
    Она од што, барем јас, се згрозувам е *начинот* на кој тој е уапсен и „процесиран“.
    Прво, Котевски пушта дегутантни СМС пораки до новинарите (кои се посебна приказна) дека ќе биде уапсен, за да се направи циркусот.
    Потоа, во „холивудски“ стил, на сред пат, со чкрипење на гуми и вртење со „рачна“, како да тргнал да бега некаде, Заев е уапсен и е донесен пред судот каде што веќе го чекаат камерите и почнува целиот калабалак.
    На крај, пред тие што протестираат (на што имаат демократско право, без оглед дали е виновен или не) се поставени полициски кордони вооружени со „долги цевки“, што е надвор од памет и што е пракса само во Тибет. Тоа, немам сомнеж, е направено намерно – за додатно да се испровоцира масата за да може шупакот Латас да „соопштува“ како биле насилни.

    Агим Красниќи не го апсеа затоа што „немало услови“.
    Ламбе Арнаудов, „не бил достапен“, иако заедно го „мочале кучето“ со премиерот секое сабајле пред зграда, за на крај да го „уапсат“ – дома (после напорна детективска работа, претпоставувам)!
    Оној моронот Лека исто така не го апсеа.
    За Рефет Елмази (клоцачот) „нема докази“.
    За ЛуБББчо Георгиевски, исто така (а има неколку кривични пријави против него).
    Борис Стојменов, идиотот кој ја потпиша Окта, потпаѓа под истото одделение за организиран криминал како и Заев.

    Така што, Петко, и јас не ги сакам политичарите како и ти, и сметам дека треба да добијат двојни казни баш затоа што се политичари и носители на јавни функции, но страшното во целава работа е тоа што ВАКВО НЕШТО МОЖЕ ДА НИ СЕ СЛУЧИ И ТЕБЕ И МЕНЕ!
    Само што, тогаш, нема да има кој да протестира, и истражниот судија нема – под притисок на јавноста – да не пушти да се браниме од слобода. Ќе кењаме у кофа во заедничка ќелија во Шутка со уште 30 други.

  26. Comment from Ванчо on July 20th, 2008 :

    … и колку и да се индоктирнирани Лавот и другите животни, утре тоа може да им се случи и ним.
    Не од оваа власт, бидејќи лепеле плакати за нив, но од следната.
    Тие не разбираат што значи „граѓанско општество“, а што авторитаризам.

  27. Comment from Lavot on July 20th, 2008 :

    А бе сељак еден неписмен, прво нит сум лепел плакати, нит ме интересира партиската дејност. Второ копук еден магарешки, види ги линковите, и види кој и дали протестирал за Кирил Тодоровски.
    И трето, да ти дадам линкови од стотици души што се апсени спектакуларно во изминатите 10 години, па да видиш кој и кога протестирал. Ако видиш…..

  28. Comment from тигар on July 20th, 2008 :

    лаве, просто момче, не мора толку да пцуваш, јасно е колку ти е капацитетот, не мора да го докажуваш постојано.

  29. Comment from Jovan on July 21st, 2008 :

    Луѓето како Лавот се индроктинирани, не можеш да ги убедиш и тоа е. Всушност… Шокот за нив почнува со смената на власта. За нив тоа е игра за живот и смрт.

  30. Comment from Lavot on July 21st, 2008 :

    :) )))
    хахахах, а да ми се фатите за копулаторниов орган а?

    Посебно тој нелогиранио мочко шо нема пар мадлаци да се кажи кој е.

    А, ти братче Јоване за индоктринација барем не ми зборувај… чути си, оти Ерол Ризаов ти го гледам кај што ти се смешка ѓаволесто над никот.

  31. Pingback from Политичката комуникација во демократски општества | К О М У Н И К А Ц И И on July 25th, 2008 :

    [...] Во последните неколку недели низ македонската блогосфера (за мене најкреативниот и најискрениот социјален простор кај нас) се развија бројни дискусии, расправи, па и расправии. Прво на тема Хунѕине :) , потоа Грцине, па Јади Бурек јадеше бурек против блогерите, (троа тројански :) , „епскиот“ антагонизам вмро-сдсм (ye ye :) , секогаш лебдечкиот „тоталитаризам“, каде се тука интелектуалците?!?, т.е. дали блогосферата остана како единствена слободна јавна сфера, риалити шоу наречено парламент, и така натам и така навам… [...]

  32. Comment from кнсис on July 25th, 2008 :

    Она што го кажуваше Лавот а не го разбравте беше тоа дека демократијата и заштитата на човековите права не ни е јака страна во Македонија ( онака, најблаго кажано ), но тоа не е од сега. Тоа е така со години, никогаш не било (под)добро на ова поле. Сега некој да открива топла вода во 2008 дека во Македонија имало испревртена демократија т.н. демократура е сварно глупо.

    Мала биографска приказна. Се враќаме со еден другар од митингот за името на 26 фебруари, пешки по Партизанска ( бидејќи улицата беше затворена за автобуси ) и во моментот кога го апсеа командант Коки, еден цајкан ни се нафрла ни криви ни дужни. Попив шлаканица во врат и коленце во г‘з ( а ќе повторам, зошто има луѓе што не читаат убаво – мирно си одевме накај дома ). И сега што треба да речам, дека во Македонија владее тоталитаризам, дека Грујо е диктатор!? Јас за разлика од многумина тука, вклучително и авторот, никогаш не сум рекол дека се плашам. А знаете зошто? Затоа што, во конкретниот случај, највиновен бев јас, бидејќи не отидов да го пријавам говедото во полиција. Бидејќи си реков ај батали.

    А некој тука ќе го менувал манталитетот на студентите со барање студентите да го предизвикувале авторитетот на професорите. А во исто време се плаши од изгледани вести. Оф мори мајко.

  33. Comment from Shepard on July 26th, 2008 :

    браво за храброста, другар.

  34. Comment from кнсис on July 26th, 2008 :

    Немај гајле, следниот пат нема да излезам пичка, ќе го пријавам.

Leave a Comment