Апсењето на Заев беше најавено уште пред неколку месеци, ама кој да си поврзе

Гусарот, отворен поддржувач и апологет на владејачката политика, нам познат по блогот “Долу влада!” (зад кого застана голем дел од блогосферата кога имаше фрки со полиција заради својата онлајн дејност), уште на 14 јануари објавил ваква вест: До СДСМ

Веста се состои од сликава:

И, одоздолу: “Затоа, уживајте во празнициве!”

Од ова недвосмислено се гледа не само намерата да се апси, туку и ќефот и сладострастието со кои целиот чин е пропратен (малтене фетиш).

А ако некој каже дека режимов не е во најмала рака авторитарен – па сликава всушност е адаптиран постер на Репортери без граници, по повод Олимпијадата во Кина, како потсетување на тоа дека тамошниот режим масовно крши човекови права (конкретно, апсење новинари). Ако нашиве пропагатори се гордеат со нешто што во светот се користи за еден друг режим да биде изведен на столбот на срамот, ондак јасно ви е за вредностите кои овде се сервираат. И тоа Гусарот е новинар, а адаптира постер кој е првенствено наменет да упати критика на апсењето новинари.

Оригиналната слика

Јас не сум член на раководството на СДСМ, ама кога глеам како се промовираат некои идеи, и како после тоа се спроведуваат, ме фаќа страв.

No related posts.

RSS Feed for This Post21 Comment(s)

  1. Јован | Jul 19, 2008 | Reply

    Епа, нали, и Јанко ти најави тебе нешто. Нали… речи му фала на Емилијан што му го даде блогерскиот имунитет, треба нали да ти е благодар[END OF SMS MESSAGE]

  2. kotle | Jul 19, 2008 | Reply

    Тоа со сликите се вика detourment ;-)

  3. nenad jovanovic | Jul 20, 2008 | Reply

    кај си бе Анастас летна љубави! :)
    Остај тоа ај малку да се фатиме за работа.

    Абе јас отсекогаш сум мислел дека ‘човек левичар’ е некој кој секогаш е на страната на слабите и малите луѓе – онај кој се бори за нивните права.

    Eдна држава е јака колку што е јак и најслабиот.

    А вака што?
    Овај тежи колку што нема риби во Охрид и Дојран заедно, и сега да го бранам?
    - Ма не ми паѓа на памет!

    Бидими поздравен!

  4. Shepard | Jul 20, 2008 | Reply

    не го бранам него, се бранам себе.

  5. nenad jovanovic | Jul 20, 2008 | Reply

    Само здраво коминицираме без никакви претензии или антагонизми.

    -Јас мислам дека некако како да се работи за инсинуации; во спротивно, ако се браниш себе треба да кажеш јавно дали имаш некој личен проблем или некој ти се заканува. Имам право да знам затоа што сакам да те поддржам и да ти помогнам. Вакви кратки одговори како погоре ми свучат ‘прилично’ манипулативно да не речам демагошки.

    ВМРО си доби, мнозонството така изгласа и јас тоа морам да го почитувам, затоа што верувам дека сум демократ: гласаш – броиш – како мнозонството кје каже така и кје биде.

  6. Shepard | Jul 20, 2008 | Reply

    види, јас зборам за принципот. јасно и гласно наговестување према одредена група дека ќе се апсат (во овој случај раководството на сдсм), и тоа основот за нивно апсење во пораката не е наводниот криминал, туку определената партиска припадност.

    шо праиме ако утре се појави ваков постер “поздрав до блогерите”?!

  7. Алекс | Jul 20, 2008 | Reply

    Типично фашистичко однесување на владејачката пратија. Поздравот на бугаринот с.н.гусар е до СДСМ што значи се однесува до сите нивни членови. Членството на ДПБНЕ со IQ 34, веќе одмна се токми да „ги беси комуњарите“. Сите треба да се чуваме… а како што оди работава Фирерот ќе има се помалку истомисленици… пред се заради предавничката коалиција со ДУИ…

  8. Gusar | Jul 24, 2008 | Reply

    ВУНА, ШТО ДРОГА КОРИСТИШ?

  9. Gusar | Jul 24, 2008 | Reply

    Но, ќе се осознаеш!
    Слушам верата си почнал да си ја осознаваш, па со тек на време и себе!
    Кај и да е ќе сватиш дека ЛИСИЦИТЕ се за ЛОПОВИ за кои ти потајно работиш!
    А ако си против апсење на оние кои не донесоа до ова дереџе, кажи јавно…Па напрви и банер: ДА СЕ ОТШРАФАТ ЗАТВОРИТЕ!

  10. Gusar | Jul 24, 2008 | Reply

    и без постер “поздрав до блогерите”?! СДСМ апсеше блогери!!!!
    А некои од вас, демек да помогнат, уште толку ја заматкаа работата, па почнаа против мене да пукаат…
    П.С. Ви го гледав муабетот на Групата на Јаху што сте го праеле…СРАМОТА!

  11. Shepard | Jul 24, 2008 | Reply

    гусар, многу афективно бе, 3 коментари?!

    прво, се обидуваш да ме девалвираш лично заради користењето дроги. тоа што јас повремено уживам алкохол, марихуана,хашиш, ЛСД, МДМА, хероин, кокаин, мескалин, печурки, тродон, лексилиум, дијазепам, амфетамини и салвиа врска нема со она што јас го пишувам. ако мојот став држи, тогаш и пепелта од баба ми да ја пушам, ти нема да можеш да го побиеш. а мојот став е дека одиме во тоталитаризам.

    за кого работам потајно? ај со име и презиме.

    а кој рипна да те брани прв, може и не се сеќаваш. и пак би те бранел ако те апсат за тоа. и да се вратиме на темава, аргумент некој?

  12. Gusar | Jul 25, 2008 | Reply

    Гледам многу добро ги познаваш сите дрогучки, па не е ни чудно што вака повремено ХАЛУЦИНИРАШ!
    За ваква халуцинација, во пишана форма, ко твојата, се можни две вартијанти:
    1. Ментална заостанатост
    2. Дејство на дроги
    Со оглед на тоа дека не ми делуваше заостанат тогаш ко ме сретна и ко ми кажа : „Ејјј, Гусар, Јас сум ВУНа…“, второво ќе да е!
    Шепард, ти, во постот, не да немаш СТАВ, туку ова ти е типичен УДБА-шки извештај, во кој што нема ниту една вистина, само клевети, лаги…и нормално, еден тон информации за мене. Уште адреса и матичен број не си пишал!
    Иначе, добро ти оди курсот за УДБАШ!
    Лекцијата: „Ти пиши му дека сестра му е курва, па он додека да докаже дека нема сестра…“ си ја научил перфектно!
    Знаеш, петелот на баба ти пуштај го на некој друг. За лав ти треба некое поголемо ѕверче!
    Пред фактите и боговите молчат…Устварии, ти во религија не веруваш…отшрафуваш крстови, плукате со другарите по се сто е свето, но, ќе ви се врати тоа…тоа не е моја работа…си има за тоа кој ќе ви суди!
    А која е темата уствари? Дека јас сум го најавил апсењето на Заев, а твојот ментален склоп не го препознал тоа???? Јадниот ти :(
    Паааа…ако навистина така мислиш, мило ми е што се поклонуваш пред мојата неоспорна моќ! Знаеш, ние од балканската масонска ложа и не сакаме да се откриваме, но штом веќе сме откриени бараме покорност од обичните смртници.

  13. Shepard | Jul 25, 2008 | Reply

    чекај, ти си најавил апсење на функционери на сдсм.

    заев е функционер на сдсм.

    може и до хорсот да е, ама ја овдека глеам школски пример за силогизам (ова се методите на старомакедонскиот филозоф аристотел, учителот на александар, нема промашај)

  14. Gusar | Jul 25, 2008 | Reply

    НЕлогики силогизам! :)
    ОВА ЛИ Е ОДГОВОРОТ?????
    Човекот е со ум обдарено животно. Сократ е човек. Сократ е со ум обдарено животно.
    А кај е кај тебе слогизмот??
    Се апсат КРАДЦИ!
    Заев е уапсен!
    Заев е КРАДЕЦ…не е РАКОВОДСТВО НА СДСМ!
    И…
    Очекував поинтелигентен одговор!!!!!
    Или јави се кај АНТИ, па заедно искомпонирајте нешто…
    Рушете крстови, пијте нафта, недозволувајте грдење на цркви…ќе ви текне нешто ГЛУПО знаете вие!

  15. Shepard | Jul 25, 2008 | Reply

    како за човек од верата, премногу си агресивен и на моменти ме навредуваш и кажуваш невистини за мене (ментално заостанат, се дрогира, еве сега и “глупи работи” со големи букви).

    но ти простувам.

    значи,
    проблемот не е дека се апсат крадци – туку дека ти лисиците ги испраќаш ко честитка до раководството на сдсм.

    следствено, од “честитката”, заев првенствено е уапсен како еден од раководството на сдсм, а после тоа како крадец.

    а на пример, доколку на твојата честитка стоело “до крадците” (значи до луѓето кои краделе, без оглед на нивната партиска или било каква припадност), јас би ти пружил рака, како посветен човек на борбата со криминалот.

    капираш?

  16. Gusar | Jul 25, 2008 | Reply

    Јас не реков дека сум човек од верата…НЕ ЗНАМ КОЛКУ МЕРНИ ЕДИНИЦИ ЗА ВЕРНОСТ ПОСЕДУВАМ во мене, но верник сум! И тоа 100 пати повеќе од тебе!

    Се надевам дека по посетата на црквата, организирана од Правен Факултет, и ти ги имаш изменето твоите АТЕИСТИЧКИ ставови! (Така барем слушнав од еден отец)

    На напади од ваков калибар, ко твоите, да не сакаш да ти БАЈАМ!?!? Не бе ВУНА…ако не си спремен за дискусија, не и р’чкај на мечката у г’с…а после да се повлкуваш со смирувачки тонови и „подавање на раце“

    А капираш дека РАКОВОДСТВО на СДСМ=МАФИЈА???
    Не ти е јасно!?
    Па кој не доведе до ова дереџе?
    Мафијашите у политиката…ТИЕ!!!
    И не се апси само Раководството на СДСМ!!! Ламбе Арнаудов не е СДСМ, туку е еден од поистакнатите за владеењето на ВМРО 98-2002, оние со тутунот у Крушево не се СДСМ, Киро Први Аеродромски не е СДСМ, Цариници и „патаринци“ има и СДСМ и ВМРО…така да ЗНАМ КАЈ ТЕ БОЛИ!
    А тоа е раководството на твоето СТАДО!
    Поздрав!
    Гусар
    со ЕМБГ 0908981450126

  17. Gusar | Jul 25, 2008 | Reply

    А да си го прекрстиш блогот во УДБА…слично е со ВУНА!

  18. Gusar | Jul 25, 2008 | Reply

    Ако треба ќе дадам и ТРАНСАКЦИОНА СМЕТКА, па можда некој од влашкоо лоби ќе префрли некој денар и кај мене.

  19. Shepard | Jul 25, 2008 | Reply

    сеа види, ти на мене ми викаш удбаш, а ти вадиш податоци од мојот личен живот? што е важно со кого сум се дружел?

    и не ми давај матичен број од тебе, го имаме у архива :) ))

    башка, ја дискутирам, а ти палиш капс лок на секој втор ред. како упатен во онлајн комуникација, и како совесен блог-обучувач би требало да знаеш дека капс лок значи повишување тон. така да НЕ СЕ ДЕРИ У МОЈА КУЌА, РАЗБРА? :) шала, шала.

    ај сеа озбилно.

    значи збориме конкретно за апсењето на заев, што беше уште еден во низата спектакли на мвр под пендракот на гордана, а апсење на втор човек на опозиција, извини брате, ама тоа треба да има крунски докази. за распит се праќа покана. да не зборам за смс пораките кои беа обелоденети. па после некои реакции, ај и ламбе да се уапси, демек “и од нашите апсиме” (а ламбе веќе осуден, си шета низ град, плус и на премиерот комшија)

    е не ми се свиѓа бе тоа. што ми можеш? знам сеа те предизвикува ова, ама тоа е, не ми се свиѓа, и ти шо сакаш збори и прави, јас нема никогаш да прифатам такво владеење.

    * * *

    моеш ти гусар да ме позиционираш по стада и партии колку сакаш, да ме етикетираш сдсм, удба, шо знам, ској, кпј, шо ти душа сака. ама тоа кажува повеќе за тебе и твојата кауза. чоек, не си способен да поднесеш некој различно да мисли. демек, ако не е со нас, мора да е од другиот табор. а мене сте ми повеќето исти (не дека браните некои политики, туку во начинот на кој ги браните – слепо, а во исто време ревносно да не речам гневно – глеј си ја само твојата реакција).

    едноставно имам свој став, своја агенда, и иам бе гз да се спротиставам, макар и тоа да ме кошта. а знам дека ќе ме кошта. ете, ако ништо друго, губам време да се расправам со тебе, и тоа само затоа што те знам лично, иначе би те оставил да си лаеш.

  20. Gusar | Jul 25, 2008 | Reply

    Еејјјј…гукна ти!
    ЈАс сеа виновен а?
    Ти изнесе лични податоци за мене од типот на: Гусар е уствари Долу Влада, он е новинар, он ова, он она…само матичен број немаше…па викам ај да биде комплетна информацијата.
    А дека и кој број гаѓи носам знаете…и имате у архива..и тоа знам…
    Самооо…и јас ќе почнам да се занимавам со „Истражувачко блогерство“, па ќе видиме кој е чист, а кој со прљав веш. :) ))
    И стварно мислам дека можам да ти го напишам хороскопот за наредните 50 години, ама ај…не вреди да арчам време :)

  21. Gusar | Jul 25, 2008 | Reply

    …а за големите букви…Пошто немам можност за ИЗДВОЈУВАЊЕ на тоа што сметам дека е битно…ВИЗУЕЛНО е подобро да напишам со ГОЛЕМИ БУКВИ…а тоа што тврдиш ти…тоа важи само за ЧЕТ…не и за КОМЕНТАРИ!
    Фала многу, пријатно! :)

RSS Feed for This PostPost a Comment