Впечатоци од разговорот во Точка

Разговор на тема „Што може младината денес“, ќе се одржи во Точка, последен настан пред преселбата.. 20.30 часот.
Учесници: Алаѓозовски и Коља од домашната екипа, професорката Елизабета Шелева од ОКК, министерот за одбрана Јован Манасиевски. Од блогерското лоби ќе учестува Ана Медaрска а.к.а Макондо у пакет со Анастас Вангели а.к.а Вуна, моето алтер-его..

Најава видов во Утрински, Време и Плагиј.ат..

* * * * *
Прво, да тргнам од сам себе: шо знам, задоволен сум од она што го кажав, меѓутоа со затнат нос поради настинка и малку резервиран поради аудиториумот.. значи можеше многу подобро. Сепак, присуството на одредени интелекти par excellance повеќе ми делуваше
Дебата во целина беше океј – се отворија и доста споредни теми.. публиката зеде збор, имаше и судир на ставови и тн.

Макондо која ја отвори дебатата, беше солидна. Си потенцираше неколку ставови, и имаше помалку трема отколку јас.

Коља домаќински пар пати си кажа „јас би се вратил на темата“, но онака, баш во манир на добар модератор.. Манасиевски, како дел од власта, носител на јавна функција во Одбраната не изненади многу.. проф. Шелева беше океј.. Алаѓозовски на моменти имаше одлични политички поенти..

Анти и особено Жаре го начекаа министерот на пенал: Жаре го праша Манасиевски за учеството на Македонија во војните во Афганистан и Ирак.. Анти пак го искористи моментумот и го постави прашањето на вечерта, „ќе го нападнеме ли Иран?!“.. после тоа на министерот му попушти и столчето..
Се начнаа и повеќе филозофски теми на кои АСН брилјираше, се спомнаа и блогови и онака, коа почнаа да фрчат предрасуди и сл.. на крај сите среќни, весели и запотени, по дома.. следната средба закажана во новата „Точка“ и така натаму.

Е сега, за она во коментари – нема што јас да објаснувам за договорот меѓу МО и Точка, затоа што немам потреба, не сакам и не морам да го направам тоа – и готово.

No related posts.

RSS Feed for This PostPost a Comment