Од насловната на “Авги” од пред некој ден
Статијава излезе пред некој ден (мислам дека 17ти) на насловната страница на грчкиот левичарски весник Авги. Потпишани како ко-автори сме јас и Димостенис Пападатос (Димос сепак ко уреди текстот бидејќи знае грчки
). Неговата намера беше текстот има пред се ироничен тон. Благодарност за преводот од грчки на македонски до Томи од Антинационалистичката Антимилитаристичка Иницијатива.
СРЕДБИ
SICKNESS HAS FUN
На Анастас Вангели и Димостенис Пападату – Анагностопулу
ДОДЕКА водачите на нашите земји разменуваат писма и комплименти во вид на паралелни монолози, покриени од страна на регрутираните средства за јавно информирање, а со оглед на тоа што не се наоѓа во нашите краткорочни планови да станеме премиери на нашите земји, помисливме да ставиме неколку мисли во еден заеднички текст, со цел да покажеме дека понекогаш, како и да гледате на работите, пореметеноста може да биде и забавна.
Во силната Грција се случува нешто веројатно предвидливо.
Една Влада која се дави во скандали и во социјално незадоволство, и една партија исто така корумпирана, без доверба и подбивна каква што е ПАСОК, се натпреваруваат во патриотската лутина по повод писмото на Груевски испратено до грчкиот премиер. Ако не постоеше национализмот на другите (Македонците н.з), ќе требаше да го измислиме, затоа што сега се дава прилика да се посочи кон него како национализам кој го минира мирот, а кога станува збор за “нашиот” (грчкиот н.з,) национализам, тој е патриотизам, потполно легитимен иако директно заканувачки: “Крајниот национализам (на другите) жнее бури ”. Госпоѓа Бакојани не алудира (се надеваме) дека одиме кон војна, но како и да е, не беше сигурно една изјава на солидарност, барем не кон оние во соседната држава кои не се согласуваат со Груевски.
Со истата “логика”, етничките малцинства надвор од Грција треба да се заштитуваат според меѓународните стандарди. Во Грција, пак, живееме една светска уникатност: овде не постојат етнички малцинства. Додека за некои пак “славокомунистички бегалци”, не е можно да се враќаме 60 години назад и да зборуваме за конфискација и спонзорирани етничко-социјални друштва. Демек да гледаме само напред, па и ако за тоа треба ANT1 да го оживее ЈЕНЕД (поранешен канал на армијата н.з.): “Скопјаните ги покажуваат нивните намери ” со средбата во Лерин. Лоши намери од нив; вооружување од Саркози за нас. Или да погледнеме напред како господинот Папатемелис, кој, ако не постоеше Македонското прашање ќе го паметевме само по забраната за работа на ноќните клубови после 2.
Во горделивата Република Македонија, пак, неодамна открија едно племе од Хунза во Пакистан, вистински наследници на Александар Велики. Тоа посебно племе, живееше изолирано две илјади години, чувајќи ја тајната на Македонската империја. Еден куп “научници” кои се вмешани во случајот даваат “неверојатни” факти: Македонците и Хунзите делат ист генетски код, нивните јазици имаат заеднички корени и нивните традиции и симболи доаѓаат од античко време… Кралското семејство, односно кралот лично ќе испраи порака до народот на 18 Јули на еден голем хепенинг на централниот плоштад во Скопје, ќе бидат прошетани низ земјата, ќе сретнат високи официјални личности , но и челникот на Црквата, а во целата еуфорија дури и се спомена отварање на Музеј на Македонската Култура во Пакистан, за Хунзите да имаат еден спомен од земјата на нивните предци. Тоа што Хунзите се муслимани, дека беа освоени од Британците – генерално, нивната комплицирана историја – изгледа не загрижува никого.
Натаму, во центарот на Скопје осамнаа постери: “не одете на одмор во земји што го негираат вашиот идентитет”. Станува збор за една кампања за зацврстување на националниот идентитет, а веројатно и на внатрешниот туризам: на другите постери на кампањата пишува “Ја сакам Македонија”. Бизарноста е во тоа што од најтуристичкиот дел на земјата, Охрид, истите тие денови, беше јавено за напади и изнудување пари од скопски туристи, како кулминација на една тивка нетрпеливост помеѓу Скопјаните и Охриѓаните веќе повеќе години.
А што се однесува до Македонците од Егејот, за тоа колку некој навистина е трогнат од нивната судбина сведочи фактот што на пример, за скржавите луѓе се користи терминот “Егеец”, како анегдота. А за правата (кои неминовно им следуваат н.з) – политичарите се сеќаваат на нив само кога треба да освојат поени од тоа.
Related posts:



Алекс Букарски | Jul 21, 2008 | Reply
Гркот фино, многу храбро од негова страна, ти нафрлил топка за Егејските Македонци, но ти се надоврзуваш со стереотипните вицеви и генерализациски популизам “политичарите и поените“.
Тоа ти е гаф.
А поентите за одморот во Грција и Охрид, и кичот со Хунзите ти се одлични.
[Translate]
Алекс Небукарски | Jul 21, 2008 | Reply
Денес осамнаа и некои други непотпишани плакати со кои се промовира „секс на големо“ – ИМАЈ 3 ДЕЦА!?
[Translate]
levi ljupco | Jul 21, 2008 | Reply
ИМА МОЗОК И ВО ГРЦИЈА!
не се таму сите националисти!
а ова со „ИМАЈ 3 ДЕЦА“ – ќе плачеме после дека албанците ќе бидат побројни од нас! ако треба да се плаќа за секое 3+ дете треба да им се плаќа и на албанците па така џабе сакаат да ни го кренат наталитетот кога мора то истото да им го направат и на албанците!
А искрено која е таа будала што ја интересира што има повеќе (АЛБАНЦИ или МАкедонци)? – па нели сите сме исто и да има повеќе албанци ќе бидеме мусиманска земја и пак ќе бидеме браќа со Хинзите е сеа кодот шо ќе биде друг
[Translate]
кнсис | Jul 25, 2008 | Reply
Ова е дострелот на „македонскиот национализам“? Шетањето на Хунзите низ Македонија? И тоа ли македонски национализам, фамозната омраза меѓу скопјени и охриѓани ( за која никогаш ниту сум ја видел ниту слушнал конкретно од асален човек ) и стереотипите за „егејците“? Ако е национализам кога еден народ се мрази самиот себе, тогаш изгледа дека сме најголеми националисти на свет. Макар што мислам дека национализам беше омраза кон другиот, или не?
А да, и дај објасни што ти значи тоа „Тоа што Хунзите се муслимани… изгледа не загрижува никого“. Да не кажам некој тежок збор.
[Translate]
Shepard | Jul 26, 2008 | Reply
кажи си бе, нема цензура кај мене
[Translate]
кнсис | Jul 26, 2008 | Reply
Дали тоа што Хунзите се муслимани а ние православни ( а оние Македонци што се муслимани, католици, протестанти, атеисти… кој ги ебе, работава) претпоставува дека мораме да имаме различно потекло!? Не е ли тоа дискриминација по верска основа – ние сме македонци, а вие бидејќи не сте иста вера со нас, не можете да бидете македонци?
Тука имаш проблем со логиката. Биле освоени од Британците, па што? Дали тоа што ние сме биле освоени од Србите, а оние доле од Грците, не прави различни Македонци? А бе Вуна, денес науката отиде толку далеку, што точно може да се утврди етногенезата на некој народ, а и лингвистиката и етнологијата се многу развиени. Значи ако разговараме за наука ( како што беше текстот од Рокси, со кој се согласив генерално ) да си ги мериме методите, тезите и теориите, а не вака да нафрлаш ко пред коперација.
[Translate]