Јазична полиција

Бугарска заебанција, ама нашиве озбилно ќе ја сфатат

Ако ова не е тоталитаризам, мислам еклатантен пример за нарушување на секаква слобода, не знам тогаш што треба за да се разјасни каков режим имаме на власт:

Стопанствениците што својот рекламен материјал ќе го напишат на латинично писмо ќе платат високи парични казни. Нема да бидат поштедени ниту оние кои, на пример, наместо продавница ќе напишат „шоп“. [A1]

Сите македонски фирми, институции, општини, медиуми… наскоро ќе мора да почнат сериозно да се занимаваат со правилна употреба на македонскиот јазик. Оние што се задолжени за рекламните паноа, на пример, доколку бидат напишани на латинско писмо, ќе платат висока казна. Фирмите, излозите, кафулињата, рестораните… своите натписи ќе мора да ги транскрибираат од латинско на кирилско писмо, освен оние странски фирми чии имиња се еднакво исти насекаде во светот. Одделни емисии во електронските медиуми, пак, наместо на англиски јазик, отсега ќе носат наслови на македонски јазик. [Утрински]

Колку дена поминаа.. колку закони се донесоа.. брои некој? Страшно. Што е следно? Мењање на календарот – 24ти Цутник, 7551 (по античко, пардон древно – македонскиот календар).

No related posts.

RSS Feed for This Post7 Comment(s)

  1. Андреј081 | Jul 22, 2008 | Reply

    Ако во името е забрането да се користи дури и шоп, што ке стане со имињата на фирмите кои имаат на пример компјутер, ке мора да се замени во сметач, па така НЕОКОМ ке биде НЕОСМЕТ, или оние со КАР, МАККАР ке биде МАКВОЗИЛО, ЛИНК ЕУРОПОВРЗУВАЊЕ, ПОВРЗУВАЊЕ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ.
    Значи не само фирмописците, туку и државата добро ке се омрси од овие промени. Централен регистар, нотари, печати, меморандуми, визит карти, фирми.
    Дали некој во оваа држава води сметка колку со вакви недоквакани одлуки како што се патриотските сметки, употреба на кирилицата и нози штета на стопанството.

    Ако против грчкото вето се справуваме со слоганот

    СЕКОЈ ИМА ПРАВО ДА СИ ГО ИЗБЕРЕ СВОЕТО ИМЕ

    зашто на нашите фирми им ставаме ВЕТО

  2. Алекс Букарски | Jul 22, 2008 | Reply

    Нема повеќе my ass отсега само жими газот.

  3. levi ljupco | Jul 22, 2008 | Reply

    ЦЦЦ што нема да чуеш!!!!
    Па моја си е проданицата и ако сакам ќе си напишам ШОП. Ноу ми е интересно за овие лиценцираните пример ако имаш продавница na NIKE ќе треба да пишеш НАИК (и ќе платиш казна оти не е македонски збор).
    Боје во Иран да живеевме

  4. пепе | Jul 22, 2008 | Reply

    Ви текнуе на дечкото?

    Го читам текстот (кој случајно ми налета, и не знам дали да се прекрстам, да плачам, или да се смеам!

  5. Алекс Небукарски | Jul 25, 2008 | Reply

    Па да… ни текнуе… дечкото „ја смени верата“…

  6. кнсис | Jul 26, 2008 | Reply

    не знам дали си бил, ама изгледа не си бил по Западна Европа. Да беше ќе видеше колку таму сите си ги почитуваат јазиците. Еве пример Франција ( не знам закони, чисто од гледање ). Пола од населението знае англиски, тие што работат во туризам 100%. Дури има и весници на англиски издадени од Французи. Но, една работа нема никаде. Нема натпис на институција, објект, фирма на друг јазик освен францускиот. Дури ние едно обично „No smoking“ или нешто слично нема. Затоа не туку се правете многу паметни, зошто излегувата смешни и глупи.

  7. некнсис | Jul 29, 2008 | Reply

    КНСИС многу си шетал ебате. Западна ЕУ вели, а после само Франција ко пример ја даваш. Машала. Тесноградата, затворена, елитна буржоазија наречена Франција која макотрпно се обидува да ја одржи замислената големина на јазикот – на која цела западна ЕУ и се смее. Башка, бладаш ко велиш дека нема знаци на англиски, кој бил видел.
    А за остатокот од западна Европа да не збориме! Така што не биди ти смешен и глуп оти не си најнашетан.

1 Trackback(s)

  1. From Martin Markovski | Dec 23, 2009

RSS Feed for This PostPost a Comment