таму горе на таванот [песна]
од ќошињата на таванот
секој ден ги слушам
како си шепкаат на раат
како си дишат во врат
како воздивнуваат
и си раскажуваат
колку се љубеле
и колку си недостасуваат
во ќошињата на таванот
во вдлабнатините
по работ
таму покрај лустерот
е таму горе на таванот
зад двата прста прав
позади високиот шкаф
ги гледам горе на таванот
двата лика во неповрат
мојот и твојот
во нивниот свет
на таванот
не се како нас оттуѓени
не се како нас изгубени
не се како нас кретени
само седат на таванот
и го прават светот поубав
со секој ден поминат
и ќе си живеат заедно
до крајот на животот
на мојот таван
над мојата глава
над мојата тага
ми останува само
да ги гледам одоздолу
да им завидувам
и да ги пазам
да не случајно некој се реши
да ги избрка од таванот
од сеќавањата
од рајот
* * *
ако овде сме ние кретени
бар тие таму горе
на таванот
нека се среќни
No related posts.



oksimoron | Jul 27, 2008 | Reply
Таму,
под сенката на вешто сплетените илузии во форма на пајажини,
Таму,
зад високата ограда создадена од наталожената прав во мислите,
Таму,
ќе летуваат сеќавањата изморени од напорната копнежливост…..
Многу убаво Анастас!
[Translate]
Lambdaphage | Jul 27, 2008 | Reply
Баааах….
[Translate]
Трјаче Трајчев | Aug 18, 2008 | Reply
ова е првата песна што сум ја прочитал, а си ја напишал ти. Богат речник имаш и добра комуникација со себе (со оној што е во контакт со средината:)) Речиси ништо друго не ти е потребно, а тоа и се гледа:)
Трајче
[Translate]