Работници, кој ве ебе!
Со последните измени на Законот за работни односи, што Собранието ги усвои деновиве, продолжува трендот на намалување и кратење на работничките права во Македонија. Клучните промени се однесуваат на:
- Договорите за работа на определено време се продолжуваат на пет години (претходно четири).
- Работодавците веќе немаат обврска да им исплатат отштета и заостанати плати и придонеси на работниците што ги отпуштиле, а судот ги вратил на работа.
- Скратување на правата на работниците што работат ноќе, при што работодавецот смее да им наложи неограничено да работат во трета смена.
- Укинување на обврската на Фондот за ПИОМ и Фондот за здравство да му доделат фотокопија на вработениот од неговите документи за осигурување, со што работникот нема увид дали му се плаќа социјалното осигурување.
- Работниците веќе не можат да бараат паричен надомест за неискористените денови од годишниот одмор.
- Годишниот одмор е сведен на 20 дена.
No related posts.



levi ljupco | Jul 27, 2008 | Reply
оВА ГО НАПИШАВ И НА ПОСТОТ НА ЛЕВИЦА!
Да живеевме во некоја нормална држава каде што владата немаше да ги поседува сите медиуми сигурно нагло ќе се испаднеше на протести. Голема ирнонија е тоа што токму тие на кој им се одземени правата живеат во ВМРОвскиот филм дека тече мед и млеко и токму на тие луге им се продаваат евтини прикаски од типот на Национализам, љубов кон антиката и слично……………………………………… За на работникот да му дојде умот има само едно решение (КРШЕЊЕ НА СИТЕ РАДИО И ТЕЛЕВИЗИСКИ ПРЕДАВАТЕЛИ) за лугето да се вратат назад во реалноста каде што едвај чекаат да дојде први (ај уше три дена) каде што ќе ги нема Латас, Томиќ и компанија да им кажуваат прикаски дека имаат скандинавски плати…… ПОЗДРА
[Translate]
levi ljupco | Jul 27, 2008 | Reply
заборавив на крајот (В)
[Translate]
Solza | Jul 27, 2008 | Reply
Тука си во право, ама каде се синдикатите, од три синдикати на државно ниво, ниеден не излезе на протест. Ај сеа да се филмаме дека вакви измени се усвоени во Франција, првиот ден работничките синдикати ќе ја блокираат целата земја, а ако Саркози не ги ферма ќе го запалат него. Премногу хемороиди во газот имаат нашите синдикати за да излезат на улица, а можеби и мислат дека некој друг ќе штрајкува за нив.
[Translate]
Новица | Jul 27, 2008 | Reply
Насловот би бил подобар како. Работници, кој ве ебе!“.
[Translate]
Shepard | Jul 27, 2008 | Reply
ај да смениме
[Translate]