Новиот пехар за светскиот првак и уште некои новости за ќупот

Новиот, подобрен дизајн е ова.. всушност, помаранџестиот ќуп, кој од секогаш бил поврзан со спортот овој пат ќе има улога на постоље.. А пехарот, секако, ќе го врачи СИДОР!

Го глеавте Кодот на Да Винчи? Светиот грал е тоа.. и светиот ќуп.. моментално светиот ќуп се наоѓа во Лувр, во посебно обезбедена просторија, го чуваат од секакви арамии.. инаку, некои велат дека ќупот е масонски симбол..

Ќупот во Белград.. на Маракана.. имено, ова е истиот ќуп од МТВ (третиот оригинал после кинескиот и масонскиот), кој пред Светското првенство беше прошетан по Балканите. Наводно овој ќуп му служел на Тито како нокшир кога имал зорт и не можел да додржи.. оттаму, ќупот има значајна вредност за нашето братство и единство.. ете од каде таков скапоцен ќуп кај нас..

Конусоглавци.. уствари ќупоглавци.. ова е првобитната верзија на познатиот филм, меѓутоа, продуцентите се решија да одат со другата варијанта затоа што филмот со Ќупоглавци би оставил впечаток дека помаранџестиот ќуп е наследство од некоја екстратерестријал-цивилизација.. а тоа е крајно погрешно. Впрочем, идејата дошла спонтатно, поради естетската хармонија што овој ќуп ја дава.. помаранџест ќуп на све иде.

Путин да не остане покусо од Американците.. едниот врв на Кремљ беше срушен и на негово место е поставена џиновска купола која е правена според прото-ќупот од МТВ..

Туристичка атракција во Индија – чичкото и` свири на кобрата, затворена од сега само во помаранџест ќуп.. тој сламениот многу бил старомоден..
Related posts:


