Движење за социјална правда – Ленка
Filed Under: Activities, Anarchism, Macedonia, Ne pieme nafta, Politics, Society, Solidarity
Завчера беа удрени темелите на левичарската организација “Движење за социјална правда – Ленка”.

Мај 2008, на Правен Факултет

Март 2008, анти-НАТО протест
Како што вели Рене (еден од членовите):
Во оваа време кога во нашата земја успеаја да наметнат неолибералистичко едноумие, кога националистичките страсти успеваат да ги распалуваат на толку евтин начин, кога ги гледаме од високо теократските (исламски) земји, а ние забрзано чекориме во таа насока, кога агресиите и окупациите на народот успешно му се продаваат како мировни мисии – едноставно неизбежно е левицата да го крене својот глас. [...]
Она „Ленка“ доаѓа од истоимената песна на Кочо Рацин. Ако се сеќавате на песната, Ленка е работничка која социјалните услови ја принудуваат да прифати работа која е штетна по нејзиното здравје и која не ја сака. На крајот, нејзината работа ќе успее и да го одземе нејзиниот млад живот. Песната е одличен пример за разликите во животот во капитализмот: само поради тоа што има повеќе пари, некој може да ужива во сите убавини во животот, а некој ќе се отепа од работа и пак нема да може да живее достоен живот. За да нема такви работи, мора да има социјална правда!
Покрај тоа, со името му го даваме конечно заслуженото признание на „нашиот најголем поет“ Рацин. [...] Една од работите што беше најтипична за Рацин беше неговото гесло: „Ќе победиме!“ Иако живееше во период на диктатура во Југославија и на наплив на наци-фашизмот во Европа, Рацин секогаш ги бодреше своите партиски другари со неговото „ќе победиме!“ Затоа и јас викам, ако Рацин можеше во 1930-тите оптимистички да вика „ќе победиме“, тогаш можеме и ние денес среде ова неолибералистичко едноумие и националистичко оргијашење сепак да порачаме: ЌЕ ПОБЕДИМЕ! [Левичарски блог]

Јуни 2008 – свирка на факултети
За мене “Ленка” има и дополнително значење, затоа што како женско лично име е и statement против патријахалниот дух и мачоизмот.
Во оваа организација се обединуваат иницијативите “Не пиеме нафта! – Повлекување на македонските војници од Ирак!”, дел од активистите кои ја покренаа иницијативата “Не за НАТО! Не за Македонија во НАТО!”, македонските активисти од Антинационалистичката Антимилитаристичка Иницијатива која беше водена заедно со грчките активисти, како и студентското движење за одбележување на 1968 и трибините и свирката “Пред и по нас”. Идеолошките профили се разнородни – социјалдемократи, демосоцијалисти, троцкисти, анархисти, феминисти, ситуационисти – но обединети врз основа на заеднички цели и ургентноста на денешната политичка ситуација. Наскоро ќе биде пуштен во функција и веб сајтот на организацијата и ќе бидат отворени вратите за нови членови.
Редовни активности се планираат многу скоро, а се надевам дека конечно во Македонија ќе се роди автентична прогресивна мисла и вистинска левица, која во овој период кога и де факто не постои опозиција (и таа што остана малку во парламентот кукавички напушти кога е најпотребно да се застане на патот на диктатурата), ќе успее да го амортизира налетот на злата патријахално-конзервативно-романтичнонационалистичко-црнокапиталистичка фаланга, која во своето лудило, успева да го убеди народот дека и најгрешните потези ги прави за општото добро. Луѓето велат “кај нас такви работи не проаѓаат”, но јас велам дека има доволно вакуум-простор.. кога можевме да организираме свирка на факултетот, кога можевме во Атина да говориме на македонски под име Република Македонија, кога можевме да добиеме почести од регионални и глобални левичарски организации и медиуми, зошто не би можеле да имаме поголем ефект во реално време, на реалните проблеми! Сега за сега можностите се тие, но предавање нема!
ЌЕ ПОБЕДИМЕ!
ПС. Оние кои се заинтересирани за членство, додека да биде пуштен во оптек сајтот на организацијата, нека остават коментари, или нека пишат мејл сеедно, ќе ве имаме сите в предвид.
Related posts:
- Говорот кој го држев во Атина, 04.07.2008, на 13тиот Антирасистички фестивал
- Впечатоци од настанот на Антимилитаристичката Антинационалистичка Иницијатива, одржан во Јанина на 23.06.2008
- Македонски превод на говорот што го држев во Јанина на 23.06.2008
- My speech in Giannena, Greece [23.06.2008]
- Пред и по нас



Serpico | Aug 10, 2008 | Reply
Абе, удрифте темел на партија? ОМГ ОМГ ОМГ
[Translate]
Мара | Aug 13, 2008 | Reply
,,Идеолошките профили се разнородни – социјалдемократи, демосоцијалисти, троцкисти, анархисти, феминисти, ситуационисти – но обединети врз основа на заеднички цели и ургентноста на денешната политичка ситуација‘‘ По кои ,,детерминанти‘‘ ќе ги построите овие разноумија под знамето на платфората на ,,Ленка‘‘? – Мара
[Translate]
Shepard | Aug 13, 2008 | Reply
заеднички цели и заеднички ставови по определени конкретни прашања..
[Translate]
кнсис | Aug 27, 2008 | Reply
„За мене “Ленка” има и дополнително значење, затоа што како женско лично име е и statement против патријахалниот дух и мачоизмот.“
А бе да пукнеш, ме насмеа.
[Translate]