Историја на помаранџестиот ќуп

Синкретички цртежи од ќупот се надјени уште во раниот палеолит по ѕидовите во пештерите во Франција. Имено, земјоделците му се молеле на цртежот кога имало суша, па оттаму се вели дека тој во праисторијата имал својство на божество.

Старите Грци исто така ја имале визијата за помаранџестиот ќуп – кај нив тој претставувал симбол на Олимписките игри – од таму и спортската конотација денес.

Во Англија се пронајдени записи за ист таков портокалов ќуп, полн со бетон, во кој имало забодено меч. Легендада вели дека некој си Артур го извлекол. Сепак, при вадењето на мечот, ќупот бил скршен, па затоа се вели дека мечот бил „од каменот“. Мечот наводно се викал Екскалибур.

Легендата се сели на исток – Помаранџестиот ќуп има голема улога во Будизмот. На сликата е 2500 години стариот ќуп, реставриран, а го претставува Далај Лама. На истата церемонија беше претставена и реставрираната златна статуа на Буда, која е од помало значење. Изработен е од скап порцелан. Некои го викаат и „минг вазна“.

За време на тоталитарниот режим, ќупот беше национализиран. На сликата, Мао Це Тунг држи говор во кој ќупот го опишува како „столб на Кина и кинеската цивилизација и комунизмот“.

Некои историчари шпекулираат дека уствари целата ладна војна била токму поради ќупот. Можеби затоа Американците се решија на Месечината да испратат своја верзија на ќупот, да го означи нивното владение. Човекот кој го постави ќупот на Месечината беше Нил Армстронг.

Денес, ќупот како и се друго, е бренд, крајно искапитализиран. Така, тој стана заштитен знак на водителот Лери Кинг.

И овогодинешните победници на Евровизија имаат симпатии кон помаранџестиот ќуп.


Па така, дојдовме и до моментот кога ќупот стана дел и од нашето секојдневие..

No related posts.

RSS Feed for This PostPost a Comment