Сите за Обама
Клипов се однесува на тоа што Барак Обама јавно призна (неколку пати) дека пушел марихуана, и дека “вовлекувал, често пати, зашто тоа било и поентата на пушењето” (заебанција на сметка на Клинтон). Исто така, се залага за дозволување на марихуана за медицинска употреба, а веројатно ќе се заложи и за намалување на опсесивното гонење травари во САД (познато како “војната против марихуаната”).
Што се однесува до победата на изборите – јас лично, освен Морган Фримен не можев да замислам црнец да биде американски претседател.. особено не црнец кој јавно признава дека користел марихуана, а се залага за регулирање на оружје, повисоки даноци, јавно здравство и школство и геј бракови. Лично мене Обама ми се допаѓа многу повеќе од било кој од кандидатите на Демократите и Републиканците скупа. Ралф Нејдер за жал повеќето гласачи не ни знаат дека постои, и уопште, третиот пат долго време ќе остане непознаница во САД. Сепак, фактот што и Чомски и Зин дадоа изјави на поддршка (иако Чомски за овие избори даде легендарна изјава дека САД е еднопартиска земја, а Зин после поддршката за Обама, му се “извини” на Нејдер), кажува дека, барем во САД, ретко кој попрогресивен ум одолеал на она што Обама го понуди.
Што се однесува до Македонија и регионот – Обама сигурно ќе има подобар ефект отколку човекот кој во 1990тите беше еден од најголемите помагачи на албанските герили на Балканот, сенаторот МекКејн. Спорот со името нека не засега никого – и онака името ќе го сменат, и тоа во нешто многу полошо од БЈРМ
Што се однесува до светската политика – освен смирувањето на империјализмот на САД, многу позначајно ќе биде ако платформата на Барак почнат да ја копираат лидерите ширум светот, особено по пропаста на “Третиот пат” во Европа.
Од друга страна па, ако тепаше МекКејн поредокот побрзо ќе крахираше, вака победи “надежта”. Сега не ни преостанува ништо освен да се надеваме.
No related posts.
1 Comment(s)
1 Trackback(s)
- From Martin Markovski | Dec 23, 2009


nenad jovanovic | Nov 10, 2008 | Reply
незнам дали си приметил, најдов некој клип, како на Обама граѓаните му изјавуваат:
-Ние ти ја даваме оваа “РАБОТА”, па ти види што ќе правиш наредниве четири години.
Пази чоек: Работа!
Кога кај нас политиката се сметала за работа?
Кај нас прво те сакаат; па те мразат или убиваат; па те осудуваат за незнам каков или незнам што..
ПС
Работа, еј! Кај нас Мисловна именка е политиката да се земе, сфати, разбере како работа.
А да пробам да нафрлам некој муабет за Обама:
Па, на крајот на краиштата Америка е сеуште најдемократска земја! Чист пример е Обама, исто така чиста работа е со Демократијата. Црнец дојде на власт, правото функционира – “Американ Дрим” си функционира каде, во пркос на војни и свашта, Трудот се цени без разлика на раса, боја на кожа итн.
И да,
покривај се навечер заладува.
[Translate]