Багер

Вакво некое чудовиште треба да помине по кејот на Вардар (делот позади Градски Трговски), и да собере и маси, и столови, и луѓе, СЕ`! Буквално СЕ`! И да ги отера во Вардар, при што се надевам дека никој нема да се удави, туку само ќе се разлади..Исто така, може да се употреби и ваков багер:

при што, со гасениците ќе може да премине преку кршот кој ќе остави..

„Оваквото“ ќе му го поклониме на градосопственикот Трифун за да руши споменици..

На сликата: БАГЕРОТ го руши кафичот Инсомниа, при што Жаре Берберот доживеал нервен слом

Евакуација на Жаре Берберот (дали скопскиот Фигаро ќе шиша пак?!)

Американски турист настрадан при акцијата: го евакуираат со хеликоптер

Е сеа, багерот мора да се купи на тендер (море БУЛДОЖЕР), па така..

Се бараат и доброволци, со чекичи и токмаци да кршат инвентар..

Мора од некаде да се почне. Слободни ѕидари, односно слободни рушители..

Исто така, треба да се забрани увозот на кафе, со цел – искоренување на синтагмата „на кафе“..

И да се забрани западна музика..

И да се забулат жените..

И да се убијат неверниците..

No related posts.

RSS Feed for This PostPost a Comment