Замисли се!
Запрашај се како го поминуваш животот – без многу метафизики, туку само лични искуства. Бар за тоа никој не може да те лаже или манипулира.
Колку време трошиш пред ТВ? Пред компјутер? Кога седна на интернет денес, кога ќе станеш? И колку време трошиш гледајќи го светот од кола, автобус, што и да е?
Колку од твоите животни искуства доаѓаат низ стаклото? Дали посматрањето на тие настани преку стакло значи дека правиш нешто? Имаш ли всушност време да ги направиш сите работи кои сакаш да ги направиш? Мислам на работи кои се прават, пошто гледањето не е правење нешто. Имаш ли доволно енергија за тоа?
Колку саати дневно спиеш? Како ти влијае стандардното мерење на времето, измислено само за да ги сихронизира твоите движења со оние на милиони други луѓе? Колку време можеш да поминеш без да знаеш колку е саат? Кој и што ги контролира твоите минути и саати? Од кај тие минути и саати?!
Минутите и саатите го сочинуваат твојот живот!
Можеш ли да му се израдуваш на еден едноставно убав ден, кога баш онака наивно, птиците пејат и луѓето си шеткаат наоколу? Колку треба некој да те плати за да не излезеш надвор, за да седиш во 4 ѕида и да се занимаваш со предмети, хартии, воглавно стерилност? Што ќе добиеш за возврат, што ќе ти го надомести прекрасниот ден?
Како ти влијаат гужви, кога околу тебе има милион непознати лица? Дали тоа те спречува да изразуваш емоции, те тера да се воздржуваш, да бидеш еден во многуте.. многуте нелуѓе, затоа што во такви ситуации никој никого не може да третира посебно.
Кој ти спрема јадење? Како уствари ти јадеш? Што јадеш? Зашто јадеш? Колку знаеш за потеклото на храната што ја внесуваш? Колку и’ веруваш на твојата храна?
Од што не’ лишуваат сите тие инстант изуми за заштеда на труд? Од што не’ лишуваат сите технолошки благодети кои имаат за цел да не’ поштедат од напорно размислување? Како се прилагодуваш на потребата на општеството за ефикасност, што во превод значи битно е што ќе излезе на крај ко финален продукт, а не како ќе се дојде до него. Производ уместо процес, значи иднина наместо сегашност, затоа сегашноста е прекратка и прекратка како што забрзуваме према иднината. А кај у курац сме се залетале?
Се тркаме? Штедиме време? За што го штедиме?
Како ти се чини движењето по строго определени патеки, лифтови, автобуси, возови, по патишта да речеме, што е движење, и секако живеење во две или три димензионален координатен систем. Како се чувствуваш кога се е организирано, имобилизирано, испланирано.. наместо љубопитно шлаење, ослободено и спонтано?
Колкава слобода на движење имаш – да се движиш низ простор, да одиш најдалеку што можеш, во нови и неистражени правци?
Како ти влијае чекањето? Чекање у редица, во сообраќај, чекаш да јадеш, чекаш автобус, чекаш дури и да идеш во ВЦ – научи ли веќе да ги казнуваш и игнорираш твоите спонтани инстинктивни импулси?
Како уствари ти го поднесуваш тоа воздржувањето од твоите длабоки страсти и нагони?
Воздржувањето.. преку сексуалната репресија, преку одложеното или одбиеното уживање, процес кој започнува уште во раното детство, заедно со негирањето на се’ што ти мислиш дека така треба, се’ што е одраз на твојата дива природа, се’ што е резултат на твојата припадност во животинското царство..
Дали е задоволството опасно? Може ли опасноста да ти причини радост?
Дали некогаш имаш потреба да го видиш небото? Можеш ли да ги гледаш воопшто ѕвездите, преку сите тие зградетини и низ сиот смог? Дали имаш потреба да видиш незагадена вода, поточе, растителен и животински свет, свет кој што е пркнат, жив, од-време-на-време нешто светнува, мрднува, потскокнува? Дали се потресуваш кога шеташ во природа, нешто да не ти се случи..
Стварно, колку од животните искуства ги стекнуваш преку екран?
Дали сликите од тебе и друштвото те фасцинираат, како да изгледаш многу пореално на слики отколку во живо?
Со речникот на денешните вредности – ако се сними филм по твојот живот, ќе вреди ли да се гледа? Како се чувствуваш во ситуации на присилена пасивност? Како ти влијае симболичката комуникација – аудио, визуелна, печатена, билборди, компјутери, радио, роботски гласови, холограми, што ли не више.. како да шеташ низ џунгла од знаци и симболи. Што побудуваат тие во тебе? Ништо? Ги земаш здраво за готово? Дали тоа е човечки живот?
Дали некогаш ти треба да се тргнеш од се’, во тишина, да размислуваш? Дали памтиш кога било тоа последен пат? Да размислиш за себе и со себе, наместо да реагираш на надворешни стимулации. Дали е тешко да се погледне на страна?
Дали тоа е последната работа на светот која сеуште не е забранета? Да размислиш, да се замислиш, да погледнеш на страна..
Каде ги бараш тишината и мирот? Не кај што е потивко, туку кај што е тишина. Не изолација, туку само мало оттргнување од се’ што те вознемирува. Имаш ли мир? Дали воопшто се запрашуваш за овие работи? Дали некогаш ти доаѓа да ги одјебеш симболите и медиумите? Да одјебеш све..
[адаптирана верзија на воведот во книгата Days of War, Nights of Love]
No related posts.




оксиморон | Nov 22, 2008 | Reply
Тууу, многу прашања ова! Нема некоја помошна опција, пола-пола, повикај пријател или шознам, публика?!
А сите тешки прашања…. уствари, не е во прашањата тежината, туку во одговорите….
Браво Анастасе! Ова е ко земјотрес, бре!
Само прашањево на крајот ми е троа несоодветно:
„..Дали бар некогаш чувствуваш спремност да изгубиш контрола?…“
За да се изгуби нешто треба претходно да се имало истото
[Translate]
Гоце Митевски | Nov 22, 2008 | Reply
Одлично!
[Translate]
dasaf | Nov 23, 2008 | Reply
додека го читав имав чуство како да читам книга, а не реалност.
ете, од книга и да ти било… шо знам
[Translate]
boro | Nov 27, 2008 | Reply
Поздрав мајсторе,
да не ја вади некој книгава на нашки?
[Translate]
Shepard | Nov 27, 2008 | Reply
ne be, na nashki za hunzite mozhe samo
[Translate]
Ajax | Dec 1, 2008 | Reply
Во сите три случаи ти го гледаш светот преку екран. Преку стакло. Преку ограда. Што мислиш, од што те оградуваат?
————-
Ама, ова е без врска. Преку тој екран дознавам што има во туѓи умови, и други дознаваат за мојот ум. Штом почнв да зборам со фини луѓе на нет пред десетина години, фрустрациите веднаш ми се истопија – како со магија.
Затоа што сум повлечен, – една причина. Друга причина – ајде, биди отворен, спонтан и фект-оф-д-метр на улица со кого и да избереш – ќе те одбијат, ќе те сметаат за натрапник, лудак, некои ќе те наречат шпион (сево ова ми се има случено).
[Translate]