Не купувај ништо на 29ти ноември!

29–ти ноември 2008 е Buy Nothing Day, ден на кој имате можност да го замете предизвикот со тоа што ќе се исклучите од потрошувачкото лудило и ќе се вклучите во автентичниот живот.
Правилата се едноставни, во траење од 24 часа треба да извршите детоксикација од конзумеризмот и да живеете без шопинг. Секој може да учествува во акцијата со тоа што ќе потроши ден без потрошување.
Buy Nothing денот е најголемиот 24 часовен мораториум против конзумеризмот. Низ целиот свет луѓето ќе направат пакт со кој ќе земат еднодневна пауза од шопингот како личен експеримент или пак како јавен став. Најдоброто нешто во врска со целата работа е фактот што е бесплатно. [Buy Nothing Day во Македонија]

No related posts.

Sorry, comments for this entry are closed at this time.