Фајтинг Виндмилс на промотивна “Прво ние – па после никој друг!” турнеја CANCELLED

Листа на настапи:

  • Тетово 04.12 Рок Кафе
  • Охрид 5.12 Баланс
  • Струга 6.12 Калабалак
  • Прилеп 7.12 Апореа
  • Битола 8.12 Лектира
  • Велес 9.12 35mm
  • Куманово 10.12, не се знае уште каде

На турнејата, ко што може да се види од плакатчето, ќе може да се набави и ремек-делото од албум “Аграрни реформи и варијации на тема” кој што беше промовиран пред неколку дена во склоп на фестивалот Таксират.

Еве и мајспејс за тие што уште не чуле.

No related posts.

RSS Feed for This Post11 Comment(s)

  1. новица | Nov 28, 2008 | Reply

    Ставете го некаде за симнување албумот… да не мора да се мачиме со зимање песни од мајспејс.

  2. Shepard | Nov 28, 2008 | Reply

    абе ја више не сум у бендо.. така да не треба критики до мене..

    а друго, major label, знаеш како ти е, нема беспари музика.. мајспејсот е само за preview.. :)

  3. новица | Nov 28, 2008 | Reply

    па не е критика, туку барање. :)

  4. BumBar | Nov 30, 2008 | Reply

    па добро бе мајката, од уста и од гз сме двоеле за ова парче музика, на +40 и на -40 по гаражи сме дремеле… и сега да гхо има на нет за симнување, срамота

  5. SOLZA | Dec 1, 2008 | Reply

    Ја мислам дека в Прилеп во Апореа баш ќе им се угоди.

  6. новица | Dec 1, 2008 | Reply

    Бумбар… ма дај… ти за пари од цд ли правиш музика?

  7. шенка | Dec 1, 2008 | Reply

    Не, ама ако на пример решиш да го довлечкаш газето до некоја свирка и му купиш на бумбар цеде, он ќе добие од тоа 100 денари и ќе има ќе може до дома да си отиде со некое превозно средство, и тоа би било доволна сатисфакција за моментот што можеби целата своја младост си ја поебал да дојде до чинот да некој му ја побара музиката за симињање од нет пошо каучот е преудобен….

  8. BumBar | Dec 1, 2008 | Reply

    не Новица, чисто да си го покријам бензинот, живците, истечената пот на +40 у гаража, замрзнатите прсти до 5та песна на проба на -20 у гаража, донекаде да се покрие и трошокот за снимање на албумот, соодносот на оптималниот број бодови на факс што сум можел да го добијам и реално добиените бодови самозатоа што промоцијата ми се погодила во тек на колоквиумска недела, како би можел после проба да си купам печени костени на плоштад за 50 денари, како би можеле да исплатиме кирија за гаражата кадешто вожбаме пошто газдарицата не бара под дрво и под камен пошто немаме платено за 2 изминати месеци, да можам жици за бас гитарата да си купам, да можам трзалици да си купам… да може да имаат Fighting Windmills втор албум како би можеле сите вие (тие што сакаат стварно F.W. да ги слушаат) да го слушнат… да продолжам, има уште многу?

    во Југотон албумот е 250 денари, на наши свирки 150 денари (не е далеку југотон, едноставно тоа што треба да се направи е да се отиде до трговски центар, веруј со секое купување на албумот помагаш ти (Новица) а и било кој друг за нашиот прогрес како бенд пошто не сме милијардери за се да исфинансираме и да биде кул…

    ПОЗДРАВ

  9. новица | Dec 8, 2008 | Reply

    Јас ќе ви ја платам заостанатата кирија за гаражата, ако го објавите албумот на интернет. на пр. на џамендо.

  10. новица | Dec 8, 2008 | Reply

    А да не речете едно зборам друго правам, еве ја мојата музика (до сега):
    http://www.jamendo.com/en/album/31802

    Домаќинов на блогов има мој мејл ако се одлучите да ја прифатите понудата. :)

  11. gemidjy | Dec 8, 2008 | Reply

    Барањето за трошоците за замрзнатите прсти и потрошените нерви и живци се во ред, меѓутоа начинот за нивна наплата не е во ред. Преку продажба на албумот (кој кога тогаш ќе се најде на некој торент тракер) нема да добиете ништо, пошто тоа ќе го стори мејнстримот, во случајот Литиум, е сега за живи свирки за нешто што ќе го правите _во живо_ пред публика треба да се наплаќа и радо би платил карта, ако требе и од 1000 денари пошто ви ја слушам музиката и ценам тоа што го правите (патем уште ја чекам маичката во Битола ;) ).

    извинение шо коментарот оди кај Вуна кој не е in teh band, али пошто се разви таков муабет тука, коментирам и јас :)

    инаку турнејата е откажана afaik :( [плус: лектира во Битола е 10м.квадратни, friendly note).

1 Trackback(s)

  1. From Martin Markovski | Dec 23, 2009

RSS Feed for This PostPost a Comment