Југоносталгија, Југословени, југословенско малцинство?

Со салутирање на Маршалот и интонирање на некогашната химна „Хеј Словени“, секоја година другарот Ѓорѓи Николов ја започнува прославата на, за него најголемиот државен празник, 29. ноември, некогашниот Ден на републиката. [A1]

Сите оние кои со пушка, паравојска, историски манипулации, камења (макар биле и од Розета) се трудат да го “одбранат” својот идентитет и да ги “извојуваат” своите права треба да научат важна лекција од ваквите примери – има значителен број на Југословени, не само  во Македонија туку во сите БЈ републики, а и низ светот – кои сосем бенигно и целосно во својот приватен простор, во своето најблиско опкружување, го негуваат својот идентитет и никој тоа не може да им го земе и оспори – и покрај тоа што Југославија долго време не постои. Видеото на А1 тука

Патем, додека во коментарите на сторијата човеков го вреѓаат на големо – никој не го забележува македонското знаме на неговиот “југословенски дрес”, што само по себе доволно говори за тоа кој колку е толерантен и инклузивен, а кој дивјак.

Друго големо прашање што се отвара е за правата на оние кои на пописите во Југославија се изјаснувале не како Македонци, Срби, Хрвати, или како и да е, туку како Југословени. Не знам дали има некој статистички показател за тоа колку Југословени има денес во БЈ републики, но тоа прашање вреди да се испита. Како што еден мој пријател вели, зошто пред европските институции да не се покрене прашањето за правата на Југословените како уште еден случај на малцинство без матична држава.

Затоа, Југословени од цела бивша Југославија – обединете се!

No related posts.

RSS Feed for This Post6 Comment(s)

  1. Алекс Букарски | Dec 1, 2008 | Reply

    Вуната лудите луѓе одат во лудница а не во малцинство.

  2. Shepard | Dec 1, 2008 | Reply

    ти дијагноза им постави одма а?

  3. Ajax | Dec 1, 2008 | Reply

    Да, да (еј ова ми е прв пат да постирам тука)

    Во Војводина, читав на Б92 форум, група граѓани бараат да бидат признаени како Југословени. Јас знаев Југословени од бугарско потекло. Имало и петиција http://www.thepetitionsite.com/1/nova-jugoslavijа само што барањето и е некохерентно (колку што го сфатив).

    И, како на логичар, една работа ми го копка умот: Бидејќи нон стоп се вели „бивша,“ има ли некоја која не е бивша?? Никој не вели бивша Австроунгарија, бивши Советски Сојуз. Што би рекле психоаналитичарите? :)

  4. jas | Dec 3, 2008 | Reply

    Вуна ко вуна . . не коментирам тука, еве Букаро ти кажа :)
    АЈАКС, како бе никој не вика БИВШ Советски Сојуз? Или поврзуваш дека повеќе Југославија не постои, па не мора да се нагласува дека е БИВША? Да, логички е, ама пошто од почетокот на крајот на ЈУ, имаше ЈУ се до скоро, кога СРЈ стана Србија и ЦГ, па затоа тогаш мораше да се напоменува БИВША ЈУ, како не би помилиле дека се работи за СРЈ на Милошевиќ

  5. Shepard | Dec 4, 2008 | Reply

    јas,
    се употребува бивш советски сојуз у општествени науки исто како и бивша југославија.

  6. Атанас | Dec 18, 2008 | Reply

    Јас сум роден како југословен,а,еве веќе 17 години живеам како Македонец.Не гледам ништо лошо во таа Ју-носталгија,иако не смее да се заборави дека не беше се баш толку розово.
    Сепак,да бидам искрен,кога ќе сретнам Босанец,Словенец,Србин,Хрват,Црногорец,Екс-Југословени што би се рекло,генерално имам позитивен впечаток за нив.Па 45 и кусур години леб и маки сме делеле.

    Мислам дека не е толку серизоно ова,колку што е интересно од аспект на тоа што и по толку долго време некои луѓе уште се сеќаваат на добрите работи.

1 Trackback(s)

  1. From Martin Markovski | Dec 23, 2009

RSS Feed for This PostPost a Comment