Да бидеш човек [Рацин]

Кочо Рацин (1908 – 1943)
Да мислиш со ум и создаваш со рака
Па да си нечие нешто.
Низ сиот живот ден и ноќ
Болно да венееш покрај челичната машина!
Да сонуваш за среќа
И да ја создаваш за друг
А самиот да си среќен – никогаш.
Да можеш се
Со грч во болка да создаваш
Па да си ништо пак.
Се ближи 100 годишнината од раѓањето на големиот Коста Солев Рацин, поет, филозоф и социјалист, автор на можеби најосвестувачките стихови напишани на македонски јазик. Голем дел од неговата поезија може да ја најдете на македонскиот оддел на Марксистичката архива.
No related posts.


