Од Радикалната Левица на Грција
Солун е наш! – рекоа анархистите
Интегрално пренесувам мејл од другар, добиен во среда попладне:
Денес е првиот “мирен” настан последниве пет дена (собирот на синдикатите и маршот на СИРИЗА – коалицијата на радикалната левица). СИРИЗА ги демантира обвинувањата на владата и сталинистите кои не обвинуваат дека ги с’скаме анархистите: не поддржуваме кршење, но тврдиме дека грчкото општество мора да најде одговор зошто толку луѓе се здадоа на кршење и палење после убиството на ученикот.
Секој ден инаку има борба со џандарите низ целата земја, фашистите под секакви изговори ги напаѓаат анархистите во големите градови. Милиони луѓе се убедени дека џандарот го уби ученикот намерно. Меѓународниот печат многу подобро ја разбира ситуацијата отколку главните грчки пратии – овој револт е поради репресивноста, кризата и корупцијата на грчката влада. Премиерот се мисли да го активира членот 11 од Уставот (забрана за собири и маршеви поради општествено-економски причини, и барање за помош од соседните земји).
СИРИЗА има политичка улога: Алаванос (лидерот на пратеничката група на СИРИЗА) дека ако не се приклучиме на големиот настан, секој што ќе му текне ќе крши и пали што ќе резултира народот во Грција да се исплаши и да стане екстремно кознервативен.
Баш ме интересира ако Караманлис прогласи вонредна состојба, дали Македонија ќе прати војска да тепа анархисти?
Еве повод за организирање на радикалната левица во Македонија.
No related posts.



Алекс Букарски | Dec 11, 2008 | Reply
Радикалната левица во Македонија е збирштина на кукавици.
[Translate]
BumBar | Dec 11, 2008 | Reply
„збирштина кукавици“ го негира зборот „радикални“ – прашањето е има ли во Македонија радикална левица?
[Translate]
Фишко | Dec 12, 2008 | Reply
Букар… и ти си кукавица… како лесно те замолчаа…
[Translate]
Алекс Букарски | Dec 12, 2008 | Reply
Решив да комуницирам со светот само. Ова овде ништо повеќе не ме интересира.
[Translate]
booka | Dec 13, 2008 | Reply
Јас дефакто сум кукавица! Ку! Ку!
[Translate]