воочи новагодина
во 2008 научив дека:
- поредокот стварно ќе пропадне
- луѓето не се менуваат
- све е релативно
- не постои вистина
- гушкањето некогаш е подобро од секс
во 2008 се случија многу работи, за мене лично најважни:
- анти нато протестите во скопје
- активностите на антинационалистичката антимилитаристичка иницијатива во скопје, солун, битола, јанина и атина
- студентските активности за одбележување на 68
- походите и проводите со фајтинг виндмилс и особено со силви бонд
- заминувањето на постдипломски во странство
- шпанските серии кои кад тад завршуваат (среќно?!)
во 2008 се случија исто така миљон други работи, од кои може да издвоиме:
- јохан го осудија
- брат љубе се врати од хаг во македонија
- хашките случаи се вратија од хаг во македонија
- имаше големи протести за зачувување на името
- грција го попречи влезот на македонија во нато поради името
- се случија предвремени избори на кое огромно мнозинство освои преродбата
- се донесоа миљон закони по брза постапка
- опозицијата го напушти парламентот
- опозицијата се врати во парламентот
- се снимија клипови со александар, вергините и показалецот кој покажува дека “и ти си македонија”
- беше промовирано откритието за јазикот и писмото на античките македонци како резултат на тумачењето на каменот од розета
- хунзите дојдоа од пакистан
- црквата мешала прсти у матни бизниси
- заев беше тужен, осуден па помилуван
- бучковски беше тужен и осуден
- фрчко беше тужен и осуден
- грција е тужена
- грција преживува востание
- грција и македонија преживуваат криза на идентитетот
- цел свет влезе во економска криза
- обама го избраа за претседател на америка
- американците ја измислија сара пејлин
- многу земји вклучително и македонија се повлекуваат од ирак
- пакистан врие
- ете и палестина пак врие
- тибет врие
- косово е самостојно
- македонија го призна косово
- русија не беше среќна поради независноста на косово
- русија ја поддржа сецесијата на абхазија и јужна осетија
- русија ја уништи грузија со тенкови
- ахмадинеџад почна да комуницира со западот
- кастро не се враќа
- чавез не си оди
- папата е хомофоб
- имаше олимпијада
- американците освоија златен медал у баскет
- лејкерси изгубија у финале
- имаше европско во фудбал
- македонија организираше европско во ракомет жени
- караџич го фатија
- го бараат младич
- нафтата поскапе па нагло падна
- исланд банкротираше
- доларот падна ниско па сега пак расте
- фунтата падна колку 1 евро
- форинтот падна многу
- маџарска е пред колапс
- многу други земји се пред колапс
- во зимбабве имаше колера
- во зимбабве нема колера, ама има мугабе
- во јапан економска криза како и сегде
- во судан уште се тепаат
- во сомалија царуваат пирати
- во русија пируваат многу радикални групи
- путин стана премиер
- во украина е неизвесно
- белорусија е црна дупка
- молдавија може да се цепи
- на бугарија и наметнаа санкции од ЕУ ради корупција
- русите у пост-советските земји сеуште се малтретирани
- мигрантите у европа допрва ќе бараат права
- малцинствата у грција исто
- у атина имаше геј прајд
- у босна вахабијци и четници тепаа ЛГБТ активисти
- босна врие пак
- хрватска се врати во 20 век
- словенија и хрватска се тужат
- хрватска и србија се тужат
- велија и ѕинго се ребраат
- војводина граби кон независност
- индија е хаос
- шри ланка исто
- индонезија од увек била сумњива
- на антарктик бугарите имаат база “св. климент”
- на арктик се тепаат за нафта
- у австралија “левицата” дојде на власт
- на марс наводно открија траги на живот
- а открија и некои нови чудесии по универзумот
- се снимија нови рамбо, роки, џејмс бонд, бетмен и сл.
- металика, гнр, леб и сол и кој све не избација албуми
- кундера се избаци у јавност да демантира дека бил шпиун
а у 2009 очекувам ништо нарочито да не се смени..
нека ви е среќна и возбудлива на сите!
објавувам зимски распуст (кој што треба да го поминам работно)
ко за крај, да се посмееме малце:
No related posts.



Maki | Dec 29, 2008 | Reply
Ко онаа емисијата шо даваат преглед на 70-тите на АТВ у 5 саат сабајле шо ја даваат го срочи ова
[Translate]
Shepard | Dec 29, 2008 | Reply
и тоа у еден здиф
[Translate]
Ivica | Dec 31, 2008 | Reply
Како и да свртиш, 2008-ма ќе остане запишана како брутално меланхолична година. Инаку, го пропушташ Пиволенд; фин настан, за 4 дена во септември да се заборави на дневна политика не е мала работа.
[Translate]
Shepard | Dec 31, 2008 | Reply
ама не го глеав пиво ленд за жал.. иначе сите го фалат, да..
[Translate]
omibidofaf | Apr 7, 2009 | Reply
Огромное вам человеческое спасибо, очень актуальная заметка.
[Translate]