BOTAR

Бендчево го чув мноооооооогу случајно,  благодарејќи на План Б, еве и линк до нивното издание, слободно ќе речам антологија, A Call to Arms..

Тука за симињање (22 мегабајти)

Уствари ова е проект на Томас Калноки, кој ќе им биде познат на МСВ, Чале, Бубмар и другарите ко фронтменот на Streetlight Manifesto..

Е сеа, музикава на бандитите – се работи за оркестар во мало (има гудачки и дувачки инструменти и пијано), акустична гитара и тапани.. специфични се, затоа што свират непостоечки жанр.. т.е. у нивните пет траки се среќава неверојатно хармонична фузија од класика, ска, панк, рокенрол, џез, латино сосе вокалите.. трансцедентално.. Апокалиптика вс. Рил Биг Фиш у акустично издание.. мислам, за секој што мисли дека знае музика е задолжително.. ја сум фасциниран.

Лириката им е ангажирана..

Инаку, првото издание од 2001, со каверот што е на сликата, било апла езотерија – пар стотини дискови, спакувани во рачно изработени опаковки од страна на членовите на бендот.. ширење по сајтови и п2п, а јако прифатено кај критиката.. лани доживеа лостандардно издание.. за сега, проектот остануваа на тие 5 песни иако се очекува нешто ново..

Ај не туку се мислете, симињајте (еве уште еден линк). Еве го официјалниот сајт на бендот (е таму мп3 линковет не пашаат). Инфото, разбира се, од Вики.

No related posts.

RSS Feed for This PostPost a Comment