Македонскиот Обама, мало morgen
Како што се ближат изборите за претседател, а во исто време поклопувајќи се со почетокот на мандатот на Обама ко претседател на САД, медиумите во Македонија се згнаа да бараат “македонски Обама”.

Пример 1:
Ќе има ли македонски Обама
Дали ова е можност за унапредување на граѓанското општество кое традиционално гласа според етнички клуч?
Пример 2:
Феноменот на Обама и во Македонија?
Граѓаните на Македонија се подготвени да гласаат за кандидат за претседател на државата од различна етничка припадност, тие се подготвени за ’македонскиот Обама“
Пример 3:
Долг е патот до македонски Обама
На Македонија ќе и’ треба квантен скок за да избере претседател или премиер кој нема да биде етнички Македонец
Може да се најдат многу други примери.
Од горенаведеново, може да се заклучи дека македонските медиуми сметаат дека Обама победил зашто е црнец. Единствено Шкариќ во својата изјава имплицира дека Обама победил заради тоа што нуди решенија на проблемите. Сепак, општа тенденција е да се смета дека она што е клучно кај Обама е неговата расна (етничка) различност и фактот што позади него се обединија и бели и црни, и мажи и жени, и сите више.
Да, Обама нема ни W од WASP, и е прв црнец претседател, и неверојатно е колку белци го поддржаа. Ја сеуште не можам да се навикнам дека е претседател, и не ми се верува дека расистичките “невладини” (а ги има многу) не преземале ништо сеуште.
Но, освен што е црнец, Обама има уште неколку уникатни карактеристики кои му помогнаа да дојде до доминантната победа, а кои изгледа сите ги запоставуваат. Во продолжение следат неколку паралели меѓу Обама и македонските кандидати, пред се’ мислејќи овде на Иванов и Селмани (ко единствени потенцијални Обами до сеа, бар ја друг потенцијален “Обама” не знам.).

Обама, Барак, као млад
Прво, Обама, бар реторички (можда само популистички, време ќе покаже), користи левичарски аргументи. Јавно здравство, образование, справување со сиромаштија, повисоки даноци и тн. (на моменти ко Ленин да го слушаш). Еднаквост, рамноправност, еманципација, слобода, права, признавање (и за атеисти и за сексуални малцинства и за сите више). Во Македонија, освен рамковна рамноправност, кандидативе абер немаат од таква реторика. Иванов се залага за инклузивно општество, но доаѓа од десничарски кампус. Селмани го видовме ко министер за здравство.
Второ, Обама доаѓа ко одговор на една осумгодишна (да не речам дваесгодишна) Рамбо политика доминирана од воени интервенции, стравови, мешање у штипки каде год итн. Не дека и тој не е кабает, ама прв ден на работа, бар симболично, нареди повлекување од Ирак, му се јави на Палестинецот, најави нов курс. Јасната анти-воена реторика е уствари приговор на америчката надворешна политика на Бушовците и Клинтон, политика која пропадна и остана осудена ко назадна и неефикасна. Во македонски контекст значи, првиот ден во канцеларија новиот претседател треба да направи нешто луцидно условно кажано прогресивно, ко на пример да му се јави на Гркот, или сл. Нашиве Обами тешко нешто такво да преземат.
Трето, Обама доаѓа на сцената ко лик кој “ќе пресече”. Слоган “Change”. Све стаено у таа служба. Во обраќањето на инаугурацијата рече дека треба Америка од ново да се гради, а Иванов веројатно би надоградувал на темелите на Груевски (а веројатно и Селмани, нема многу избор). Впрочем, и институцијата претседател во Македонија не нуди можност за нешто поише.

Од последново произлегува и дека можеби и тотална грешка е да се бара “Обама” меѓу претседателските кандидати; треба да се гледа меѓу потенцијалните премиери, ко што вика Дане Талески:
Во Македонија парламентарните избори ја носат главната политичка моќ, за разлика од САД каде што моќта се добива преку претседателските избори. Во таа смисла е значајна и победата на Барак Обама во САД. Тој, иако припаѓа на малцинска заедница, ги доби најважните избори. Но, не треба да се заборави дека тој, сепак, беше партиски кандидат, поради што може да се каже дека американскиот политички простор е претежно еднодимензионален, бидејќи таму се најважни идеолошките разлики. Аналогно на тоа, во Македонија би требало да имаме победник на парламентарните избори кој ќе биде лидер на партија и кој ќе биде од малцинска заедница.
На крајот, неколку груби критериуми за македонскиот Обама, поставени од Барак Обама: го гласаше народ, пропратено веб 2.0 револуција (со голем удел на user generated content од обични смртници), мобилизираше дури и најмаргинализирани слоеви и анти-систем елементи, традиционално што не гласаат, буквално направи потрес.
Исто така, не помалку битен момент е впечатокот на “кул личност” што Обама го остава (Холивудски скроз). Башка јавно на ТВ призна дека пушел трева. Коа ќе го направи тоа МК политичар, рака би му дал.
* * *
Наравоучение од овој пост е дека не секогаш може да се влечат аналогии и да се прават споредби. Обама синдром не е само бирање на припадник на малцинство на јака функција, туку бирање на сосем нов сет на вредности. Иако лично за мене Обама е само другата страна на медаљата на Буш, сепак очигледни се промените кои настанаа со самата негова појава. Обама ја врати политиката во живот. На нашиве Обами, тоа тешко да им успее.
No related posts.
6 Comment(s)
2 Trackback(s)
- From Turulcsirip - Anastas Vangeli | Jan 26, 2009
- From Mite Kuzevski | Jan 28, 2009


робертина | Jan 26, 2009 | Reply
Многу ме неррвираат фрази: од другата страна на медаљата на Буш“ и „иако и тој не е кабает“… дрн-дрн. ОД што се штитиме со такви излитени фрази?
Неколку работи, не е точно дека реториката и веќе преземаните обврски на Обама се приговор на реториката на Клинтон: на Буш да, со Клинтон како што стои ќе бидат многу слични. Клинтовото мешање во Србија и американската улога во Босна е каде треба да ја бараме тактиката која Обама ќе ја има надворешно. Истиот многу што ќе препишува од Клинтон – пред се` реорганизација на здравство, што на Клинтон не му поминаа поради бучната одбивност на републиканската машинерија.
Една работа која ти бега и тебе, а е клучна за Обама и моментов. Обама е лик кој е олицетворение на 50 годишна борба на американското општество со одредени ментални склопови. 50годишна позадинска, невладина и цивилна борба во секој поглед – не само етничко-расниот. Тој терет, на таа десничарска идеологија дојде до својот пик за време на Буш и конечно: созреано општество и прав момент за човек со негови идеи и визии. Расата беше само бонус на се` она што народот конечно посакуваше да му даде шанса.
Тоа во Македонија го нема. Самиот Обама, со својата реторика, став, пристап и раса не би поминал во Македонија – зашто Македонија не е дојдена до таа точка. не се изводени битките на ментален план кој треба да се изводат.
И на крај, да се споредува кој било од нашиве, со кој било американски политичар е бедно. Ниту имаат познавања, знаења, искуства, ниту пак побуди, најмалку политичка култура. Млатење празна слама е вметнувањето на нашите каубојци во вакви метафори. Единствено можебо Фрчкоски има капацитет – ама нема општеството.
[Translate]
кнсис | Jan 26, 2009 | Reply
Целиот тој концепт „македонски Обама“ е тотална глупост. Како САД и Македонија да се браќа близнаци, без никакви разлики. Тие што го фураат ова прашање најчесто се новинари и т.н. експерти со еден куп стереотипи кои до 5 Ноември верувале дека во САД сеуште црнците и белците учат одвоено, црнците живеат во гета и се претепувани од полицијата. Прва слика во главата што им се јавува за американски црнец е кошаркар во НБА или рапер од осумдесетите. Тие не можат ментално да го разберат концептот на граѓанско општество и национален, граѓански идентитет и затоа тоа во Македонија се рефлектира со прорамковни ставови што водат до поделено општество, но бидејќи „Европа го бара тоа од нас“. Тие никогаш не би прашале зошто етничките македонски политичари не градат граѓански партии ( најбанално – зошто ниту Бране ниту Грујо не одат во Шипковица и Арачиново по гласови ).
Затоа, неколку прашања до тие што го бараат македонскиот Обама.
Дали досега сите високи функции во македонското општество биле пополнувани исклучиво од етнички Македонци? Дали некој му забележа на Хари Костов што е етнички Влав? Или на Керим што е Турчин/Србин?
Дали Обама одеше само во населбите каде што живееја црнците?
Дали црнците досега гласаа само за црнци?
Да се занимаваме со вистински работи во македонската политика, а не со тотални глупости.
[Translate]
пролазник | Jan 27, 2009 | Reply
Кнсис, иако се согласувам со твојот став, две работи не ти пасаат во заклучниот аргумент: Ниту Хари ниту Срџан некогаш биле избрани на демократски начин, т.е. од народот. Хари именуван од претседателот, избран од собранието, исто и со Срџан.
Болно е прашањето зошто големите македонски функции речиси секогаш биле пополнети да, од Македонци. Но, да се излезе од тој склоп, треба да се излезе од менталниот, а не на наполно несоодветни, и некомпетентни луѓе да им се препишува таков капацитет само и само зашто се од подруг етникум, или наводен политички обрач (непознати, млади, неискварени итн). Глупости. МК политика е пазар бре луѓе, какви Обами, сем капацитет за калкулирање и предавање пари, во моментов друго не постои.
[Translate]
кнсис | Jan 27, 2009 | Reply
Ако гледаш така, само Претседателот на републиката е функција што се бира директно на избори ( добро, и градоначалници ). Поентата ми беше дека од страна на етничките Македонци не им било замерувано што не се „етнички нивни“. Дури и на некои од министрите Албанци ( кои доаѓаат од етноцентристички партии ) се глеало позитивно, ако јавноста ценела дека работат добро. И сеа на сето тоа се даваат изјави дека „Македонците не се подготвени за македонски Обама“!? По малку и ме навредува тоа.
[Translate]
нена | Feb 3, 2009 | Reply
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CC18F42732959941BE54AE99260F7C4B
[Translate]
Shepard | Feb 3, 2009 | Reply
никад не сум бил компатибилен со јасна котеска, шодапрам
[Translate]