Патриотска синтакса
Не сум некој лингвисит, но го имам забележано следново: патриотските реченици во македонскиот јазик имаат малку поинаква синтакса од оние навидум обичните. Главната одлика е што придавките се редат позади именката (што не е граматички погрешно), а придавката “македонски-а-о” оди на крајот.
Пример:
- Кој го предаде знамето македонско?
- Народе македонски, со какви идеи си ти? (позната песна)
- Да живее земјата македонска!
- Земјо македонска (позната песна)
- Името наше пресвето македонско
- Брат Љубе херој македонски и патриот
Други примери, без употреба на придавката “македонски-а-о”:
- Тага Балканска (песна на Сузана Спасовска)
- Мамето да ти го ебам предавничко
и тн.
За некој лингвист македонски добар case study.
No related posts.



Алекс Букарски | Jan 29, 2009 | Reply
Тоа е така затоа што патриотите се поети.
[Translate]
rox | Jan 29, 2009 | Reply
Јас па сега пред новите години на тв налетав на еден блок забавни песни кои се испоставија валандовски и не можев да се изначудам што од 12песни 10 беа со МАААкедонија во насловот, секоја следна ја чекав мислејќи нема шанси и оваа да биде МАЌЕдонска.. ха.. кој да се сети дека зад овие наслови всушност лежи една математичка формула со која македонското така појако влегува во днк , хемоглобинот и др. и ти појачава доживљај.
[Translate]
tv-set on blue | Feb 2, 2009 | Reply
http://www.fightingwindmills.nl/
Што е ова, а?! Се бутате у Низоземска
[Translate]
sead93 | Feb 6, 2009 | Reply
Да се отповикаме, малкунѕа со задоцнение, на повикот одозгора. Како што беше и напомнато, се работи за т.н. „поетска инверзија во именска група/синтагма“ во самиот збороред, па вообичаеното „ленена кошула“ се трансформира во „кошула ленена“. Оваа конструкција во смисла на поетско-уметничка конотација е ефектна само како т.н. „отстапка“ („отклонение“, според руските формалисти), затоа што во други јазици каде придавката секако оди во пост позиција (зад именката, на пример, албански, француски и сл.), таа не би била можна. Што се однешава за зборот „Македонија/македонски“ на крај од реченица, исто се работи за т.н. „реторичка инверзија“, бидејќи обично фонетскиот и семантичкиот акцент паѓат негде при почеток на реченицата (прво се кажуваат најважните нешта), додека овде најважното оди на крај, како уште едно „отклонение“, и „ненадејно“ го менува ритамот на (вообичаената) реченица(та) создавајќи силен реторички ефект, како еден вид ненадејна гласовна и семантичка кулминација, да не кажам оргазам.
[Translate]