Новиот Бог
зумирајќи ја вистината лизгајќи по контурата на податокот неминовно се забележува како блеска некаде однатре нешто што допира и заплашува народ дал се тоа бложества кои се котат или само визија на слепецот не сепак тоа е едно мета битие кое ја анулира дистанцата просторот го сведува на апсурд а времето на микро секунди тоа е неговото височество интернетот нашиот нов господ гугл википедија кликни там кликни тук наместо да се плаши неандарталецот од огнот гркот од молњите на зевс викингот од тор индијанецот од маниту наместо да се крстиме и пееме со оџата ние некритички аргументираме лупетаме со линкови затоа што не сме зависници туку верници на интернетот глобалното село без кучиња село во кое селаните копаат кецови и нули со широкопојасна конекција и мозила
No related posts.


