Од Багра
автор: JohnFoе
[...]
Сигурна вожња, 50-60 на саат се препорачува по скопските села (10-20 км од ЦЕНТАР на главниот град), по земјените патеки по кои жителите на тие села одат со врзани ќеси врз кондурите додека одат до автобуска коа врне.
Нивното задоволство секако е загарантирано кога ќе пристигне алтернативното превозно средство со намена: јавен превоз. Смрдеата на корисниците на јавниот превоз и нивните здивови помешан со мемлосаниот мирис на лушпите од сончоглед на подот, дрвените столчиња навлажнети од повеќедецениската аналнo-излачена пот на македонците.. Модерниот звук кој ја означува секоја станица “ИМА ИЗЛАЗ!?” додека автобусот јури по македоскиот аутобан… Благопријатниот смуд џез кој вирее од еден од трите звучници марка Detonator го заокружуваат впечатокот.Потоа жителот на таа прекрасна и низ-еоните-докажана земја, кој во случајот работи во полициска станица, си ги става пак ќесите врз кондурите за да стигне до талпата која го води од трите коцки калдрма кои означуваат пешачка патека, до влезот на полициската станица. Вратата закрцкува со 978 децибели, и жителот на таа вечна земја знае дека работниот ден е започнат! Ја прерипува прашливата и мувлосана маса за пинг понг која необјасниво го окупира коридорот на полициската станица, заборавена уште од времето на некоја месна работничка олимпијада, отвара уште една гласна врата и седнува на зелено биро со 2 и пол фиоки, од кои таа што се заклучува ги има сите казни од 300 евра кои вчерашниот ден биле напишани.
Жителот пак на таа вечна земја кој работи во болница, релативно полесно ќе стигне до влезот на својата установа, и ќе биде пречекан од уште толку крцкави врати, издраскани шалтери, клопот на излижани кломпи, и хипнотизирачкиот звук на кулерот на 486-ка во која се држат податоците на секој пациент кој ја посетил болницата. Си вика, жителот, среќно место е мојава болничка малецка, си брка работа, замисли да работев у некој прекрасен и велелепен македонски завод за еди-кво-си, или некое основно у Кичево. [линк]
Чисто онака..
No related posts.



н. | Mar 26, 2009 | Reply
НАЈБОЉИ!
Уште сабајле го прочитав и бев фасцинирана! И у принцип знае да раскаже ама сега ја усовршил формата- слика одма ти искача на очи!
[Translate]