Истумачена Рунтавата Семакедонска Карта на Светот
Самата карта е насловена “Карта на Македонија”, а не “Карта на светот”, како што е вообичаено за картите од тоа време, поради тоа што во перцепцијата на Рунтавите Семакедонци двата термина се совпаѓале. Од картата убаво може да се види дека Семакедонската територија опфаќала широко пространство, протегајќи се од централна и југоисточна Европа, до Јапонското Море (Јапонија е симболично претставена како 16-крако сонце долу десно). Како што може да се види, исто така, иако верувале дека Земјата е плоча, Рунтавите Семакедонци биле свесни за постоењето на вселената, која ја нарекувале Кос Мост (изведено од старогрчкиот збор космос). Рунтавите семакедонски пространства сообразувале огромна целина, поголема и од тогашна Русија. Занимливо е што на картата на Рунтавите Семакедонци, соседните ентитети не се перцепирани како држави, туку како народи. Оттаму произлегува границата со, да речеме, Србите, Грците и Бугарите… ЛИНК
У меѓувреме КЛИП (sic!):
No related posts.
11 Comment(s)
2 Trackback(s)
- From Martin Markovski | Dec 23, 2009
- From ubava | Mar 4, 2010


proletski | Mar 27, 2009 | Reply
Вака.
пошо таму веќе живеат грци.
1. Мора да се признае дека македонците се словенска група на народи малку измешани со античките.
2. Мора да се признае дека грците не се оние античките.
3. Мора да се признае дека твоите (анархисти) гемиџиите го нападнаа Солун во кој живееа токму тие македонците.
4. Мора да се признае дека македонскиот народ беше истребен од егејска Македонија. (според ова ние солун никад нема да го вратиме
5. Ја не сум ни патриота ни националиста. Ама овие ствари мора да се почитуваат.
6. Античката историја и големите карти, ниту и припаѓаат на грција ниту на Македонија тие се светско античко наследство…..
[Translate]
Mарио Шаревски | Apr 1, 2009 | Reply
Македонците си се Македонци нема што тука да се признава тоа е јасно како ден. А гемиџиите кои беа анархисти (заедно со унгарката Ана Шапец) за свој слоган го имаа „СЕ АРЧИМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА“!
Гледам постојано се алудира на начинот на патриотизам и националната идеја на Македонците и тоа со најпогрдни навреди. Но, во ред е секој има право на свое мислење и право да мрази некого, се додека не му наштетува или не загрозува некого. Па ме интересира, еве како анархисти и борци против национализмите, зошто не напиштете нешто и за
1.Рунтавиот сеалбански национализам – кој покрај тоа што е директен и единствен „наследник“ на Илирите (албаноите) последниве десетина години се покажа како најостар, па дури започна да загрозува човечки животи, преку тепање на деца по автобуси и улици, масакри во мотелот Бриони и Вејце и идеи за голема (во последно време европски и нато интегрирани сите Албанци) Албанија, кои сакале или не, мораме да признаеме дека има 99% поддршка од албанскиот народ. И рунтавиот сеалбански национализам си има свои рунтави сеалбански карти од Штип до Јадранско море и од Јанина до Ниш.
2.Рунтавиот сесрпски национализам. Сите знаете дека овој рунтав национализам, сите ги смета за Срби, те срби католици, муслимани и будисти, па и со говорна мана, па овој рунтав сесрпски национализам исто се покажа страотен убивајќи илјадници Хрвати и Бошњаци во Овчара, Вуковар и Сребреница. И овој рунтав сесрпски национализам има рунтави сесрпски карти од Вардара па до Токија.
3. Рунтавиот себугарски национализам, директен и единствен „наследник“ на Траките, Аспаруховите Туранобугари и секако на Свети Кирил и Методиј. И овој рунтав себугарски национализам имаше илјадници жртви како Македонците во Пиринска Македонија, многуте Турци, Помаци и Роми со насила променети лични имиња и презимиња кои во неколку наврати насила беа протерувани од Бугарија. И овој рунтав себугарски национализам има рунтави себугарски карти од Црно Море до Корча и од Белград до Солун.
-Интересно е дека овие рунтави сенационализми имаат свои (прикриени или отворени) претставници и поддржувачи во Македонија.
4. Рунтавиот сегрчки национализам исто така со многу жртви, Македонци, Турци, Албанци, муслимани. И тој со рунтава сегрчка карта…
Да не заборавиме и дека овие рунтави себалкански национализми, за разлика од Македонија и Македонците, имаат значителна бројка поддржувачи во своите земји, а се дел и од официјалната државна политика на нивните национални држави. Овие рунтави национализми со огромен број жртви зад себе, за разлика од нив „рунтавото семакедонство“ не одзело ниту еден човечки живот (ниту еден Македонец кој го смета Александар за свој војсководец, не убил или истепал некого со спротивно мислење, бар јас не знам за таков случај).
Па како принципиелни анархисти од Македонија, следбеници на Гемиџиите, очекувам од вас и збор два за овие рунтави национализми, со голем број жртви и поддржувачи зад себе.
Голем поздрав
[Translate]
Shepard | Apr 2, 2009 | Reply
секој против својот национализам.
[Translate]
Mарио Шаревски | Apr 2, 2009 | Reply
Не знам пријателе како мислиш својот?
Својот од смисол дека е од Македонија? Па во Македонија, рунтавиот сеалбански национализам е многу многу поизразен и посилен од македонскиот. Зарем не е така? Во Македонија има поддржувачи и на рунтавиот сесрпски национализам. Во Македонија секоја етничка група си има свој рунтав сесвоеетнички национализам турски, бошњачки, влашки па и ромски (Есма Реџепова полека но сигурно ги поставува неговите темели:)
Или можеби мислиш, својот од аспект на својата национална припадност. Ако е така пријателе, судејќи по твоето презиме, кое е влашко, ти би требало да го осудуваш и Димо Димчев претседател на Здружението на Власите од Македонија, кој секоја недела во Нова Македонија пишува реферати на севлашки теми.
Тоа ме интересира дали ти го осудуваш национализмот како појава во Македонија или како појава кај етничките Македонци?
Голем поздрав
[Translate]
stojan | Apr 2, 2009 | Reply
Марио, а од каде ти идејата дека еден национализам го исклучува другиот, и уште повеќе дека Албанскиот и секој друг национализам не се осудува во МК? Или ова ти е единствен текст кој си го прочитал и на основа кој судиш? Пишувал Вуна и се бунтувал и против тие, ама тогаш „патриотите“ не приметуваат, т.е. не на ваков начин, оти тоа на македончето му одговара, традиционално плука по другите, а говната во својот двор ги препелешка само, повторно потенцирајќи ги говнава на другиве. Демек се` смрди, па што е проблемот што и ние баздиме?
Ебем ти логика на размислување.
[Translate]
tv-set on blue | Apr 3, 2009 | Reply
записот е од најдобрите блоговремиња на Вуната, Шепард си е Пастир, како и Груја
[Translate]
Mарио Шаревски | Apr 3, 2009 | Reply
E Стојане, ебем ти логика, не е баш така. Јас до сега не сум видел од никого, не мислам само на Вуна, туку и на сите борци против национализам и се останато како Бранко Героски, Жарко Трајаноски и многу други, да осудат големоалбански шовинистички дејанија и хистерии (кои се манифестираат секојдневно, по авотобуси, улици и училишта) СО ИСТА МЕРА како што се осудуваат (и навредуваат) Македонци кои што ја сакаат Македонија, и го сметаат Александар Македонски за своја историска личност.
Во ниту еден весник или блог не сум видел да пишува „Рунтави сеалбанци или сегрци“, „Албаноиди“, „Хеленоиди“, „Гремлини“ (Жарко Трајаноски го користеше овој збор еднаш во колумна за сите оние кои ја сметаат античката историја како дел од македонската).
А па да не наведувам дека не сум сретнал ниту еден албански интелектуалец да ги критикува своите команданти, херои, сеалбански борци, карти на голема албанија. Или можеби има таков, но тие свои анти-националистички изјави ги дава само во присуство на Македонци и други не-албанци.
Пред да пишеш нешто прочитај. Јас не реков дека треба да се плука по другите, туку дека треба да се критикуваат и другите. И јас се согласувам дека идиотските идеи од типот на „Македоноидите“ на Ниче Димовски и Атанас Пчеларски се за најголем потсмев и осуда. Но другар, да знаеш гомната во нашиот двор многу помалку смрдат отколку гомната во дворот кај грчињата, албанчињата, србчињата и бугарчињата. Македонците со својот начин на патриотизам не убиле некого, не направиле масакр или етничко чистење.
Зарем албанчето, грчето, србчето и бугарчето не ги потенцираат гомната на другите? Или али ахмети, шешељ, караџаферис и каракачанов и сите нивни поддржувачи и „патриотите“ во тие земји се самокритични?
Во Македонија во нашата земја сечиј двор базди, но очигледно само дворот на Македонците се осудува, навредува и во него и по него јавно се плука.
Поздрав до сите
[Translate]
BumBar | Apr 5, 2009 | Reply
daj bre iskulirajte, vidi sto ubava pesni vi zakacil Vunata na postov
[Translate]
Vrgud | Apr 15, 2009 | Reply
Мрш бе влав, знам дека имаш претензии дури до Тајван
[Translate]
Татар | Apr 20, 2009 | Reply
“А гемиџиите кои беа анархисти (заедно со унгарката Ана Шапец) за свој слоган го имаа „СЕ АРЧИМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА“!”
Драг Шаревски, проблемот е дека, надвор од секаков анахроничен национализам, балканската рунтава “вистина” неретко има повеќе од една димензии. Еден пример. Некои од наследниците на гемиџиjата Миле Поп Jорданов денес се во… Бугариjа:
В жилите на Чочо тече кръвта на атентатори
Едва ли има българин, който да не е чувал песента “Болен ми лежи Миле Попйорданов”, посветена на един от солунските атентатори. Малко хора обаче знаят, че потомък на героя е актьорът Чочо Попйорданов. Той с гордост разказва за фамилията си, чийто родоначалник е поп Йордан от Велес. Свещеникът имал пет дъщери и трима синове – Петър, Милан и Йордан. Само най-големият от тях, прапрадядото на Чочо, оставил потомство. Другите двама – Миле и Орце Попйорданови, загинали млади за свободата на родината…
http://paper.standartnews.com/archive/2003/04/06/folio/s3686_2.htm
Се арчеа за Македониjа, а потоа бегаа и живееја во Бугариjа… И тоа е рунтава историска вистина.
[Translate]
Некој | Apr 1, 2010 | Reply
Како може некој да каже дека Кос + Мост било од грчкиот збор космос !?!
Или е тоа кажано во иронија (не сфатив), или е најголема глупост.
Можно е само обратното, потеклото на зборот космос е од кос+мос (т) т.е. кос мост оти кога се гледа небото како некаков кос мост се чини.
(т) кога се изговара мост не се ни слуша.
Зборовите при создавањето само се зголемуваат, не е можно од некаков странски збор да произлезат два други збора кои понатаму ќе си имаат сосема независно значење и тоа за некои често сретнувани нешта како косини и мостови.
Македонскиот збор за космос е едноставно превземен од старите елини (кои денес ги викаме грци) и како и многу други зборови, изуми и откритија едноставно е фалсификувано прикажан како изворно грчки.
[Translate]