“Неразумност” од Окно
Текстот од петокот, инспириран од духот на Александар и сл., може да се најде на овој клик. Може да го гласате и на Кајмакот.
“Текстов е упатен до сите кои го зборуваат јазикот на разумот. Како што реков, во јавната сфера во Македонија постои издифиренциран код на комуникација на ирационалноста, и мене, а и на многумина други, тој ни е целосно туѓ. Она што сакам да го порачам е дека не смее да се дозволи тој да стане официјален јазик, зашто тогаш, нам кои не го споделуваме тој ирационален код, ќе ни биде ускратено правото на слободна комуникација. Јазикот на разумот, пак, мора да го знаат сите, зашто разумот е оној кој ја донел човековата цивилизација до овде. Некој можеби и ќе ме обвини за елитизам и самобендисаност, но сепак мислам дека дојдено е крајно време да му се даде предност на знаењето и мислењето наспроти верувањата и мистицизмот. Немам генерално лоши предрасуди спрема народот – ама тешко некој може да тврди дека кај нашиот народ не е доминантен тој комплекс на мистицизам, верба и суеверие.”
Музичка позадина:
No related posts.
4 Comment(s)
1 Trackback(s)
- From Martin Markovski | Dec 23, 2009


levi ljupco | Apr 20, 2009 | Reply
Vuna super ti e ova so Okno, ti go procitav
Ama da bev jas ti, ‘e gi posuvav statiive na blogot, i posle od niv ke si sozdadev kniga. Ame ne su m jas ti
[Translate]
Сатаниел | Apr 23, 2009 | Reply
Е ова се вика права анализа. Да ја согледаш големата слика од мноштвото пиксели. Браво.
-Само несериозно е да се цитира Милан Тарот како пример за примитивизмот на гатачките кога сите знаат дека човекот се бави со пародија. Тоа ти е исто како некој Амер да го цитира Борат за да докаже колку се странците во Америка невоспитани.
[Translate]
Shepard | Apr 23, 2009 | Reply
абе Милан тарот го цитирам за да ја покажам лековерноста на тие што му се јавуваат и покрај тоа што он се заебава. иначе фала.
[Translate]
Zarko Jordanoski | Apr 24, 2009 | Reply
Темелен, длабок и аргументиран текст. На едно ниво, треба да им се препишува како терапија на сите забегани, шарлатани и измамници, па дури и на властите и нејзините медиумски трубадури, кои несвесно со својите постапки и изјави промовираат таков суеверен, ирационален дискурс. Браво.
Но,имам една голема задршка.
Да се дисквалификува целокупниот религиозитетот, мистицизмот, оклултното и духовното врз основа на она што се случуваше во Србија, па и сега во Македонија, е груба и погрешна теза, повеќе штетна отколку корисна за општеството и светот. Шаралатанизмот, суеверието и измамите, за жал, се кобна, карикатурална сенка што секаде ја следат духовната потрага по вистината, секоја форма на религија и духовност. Исто така и политичката злопотреба на религиозните чувства не е реткост. Ако треба поради некој Миле Тарот и Мица трофртаљка, кои вртеле карти пред телевизија и лажеле народ, или поради македонското тековно политичко-идеолошко безумие (кое е неспорно) некој да го отрфрли Суфизмот, Зенот, мудроста на таоизмот или Јогата, па и на Западниот окултен мистицизам (вклучувајќи го и тоја на Коперник, замисли?), би било, најблаго речено, како да си го фрли своето бебе на ѓубре затоа што се покакало.
Твојот текст, иако издржан го прави токму тоа – го убива најдрагоценото што човекот го има – неговиот дух, неговата спиритуална страна. Го прогласува за бездушен, рационален апарат. Како лекар, кој се обидува со моторна пила да отстрани брадавица, но отсекува дебело парче од пациентот.
Ирационалноста, која сакаш да ја ампутираш, сама по себе не е извор на сите зла на цивилизацијата туку тој извор се незнаењето и глупоста. Ирационалноста е извор на сета човекова уметничка инспирација и имагинација, на неговата возвишена, како и на мрачната страна. А незнаењето и глупоста ги има барем исто толку и во наводно прагматичниот рационализам.
Освен таа непотребна генерализација, која и не е неопходна за твоите тези, твојот есеј е стамен и неприкосновен. Навистина, глупоста и предрасудите во секој вид треба да се изгонат и од јавниот и од личниот живот. Тоа важи и за предрасудата дека во име на разумот треба човекот да го кастрираме од се друго што носи во себе.
[Translate]