Македонците се борат.. Сагдиев

Никогаш не сум ги делел луѓето на повеќе и помалку образовани, ниту пак сум сметал дека човекот вреди според нивото на „стручна спрема“ (кој израз!).

Но, тоа е за поединчените случаи. Кога станува збор за цела нација, е тогаш образованието може да биде вистински индикатор за состојбите и тенденциите во дадено општество.

Граѓани на Р. Македонија со наполнети 15 години, според степенот на образование. Извор: Државен завод за статистика на РМ – Попис 2002

Колку за споредба, во Бугарија според пописот 2001, околу 9~10% од граѓаните СО НАПОЛНЕТИ СЕДУМ ГОДИНИ се со високо образование, 40~42% со средно (за процентиве прерачунајте сами. не гарантирам точност). Компаративно, по глава на жител би било застрашувачки: во Бугарија секој 10-ти граѓанин е со високо образование, во Македонија секој 14-ти. 40% повеќе високо-образовани по глава на жител во Бугарија.. и после се прашувате зошто тука нивните агентури и вжештени глави ширеле пропаганда.

И сеа не знам како да изнесам некоја поента, ама овие податоци мене ми делуваат лошо. Уште кога ќе се земе в предвид квалитетот на образованието, и дека голем дел од овие магистри/доктори на науки се нуспроизвод на поранешниот систем – навистина е грдо.

Не веронаука туку македонски, математика и ЗПО! И книги, книги, книги.. онака, да се почне на Алфите да им се даваат по 2 книги, една да ја прочитаат они, другата да ја поклонат на сомнително лице од улица.. (не Библии.. море за почеток и Библии се ОК, ама да се читаат, не со нив да се потпира намештај). Да не биде „македонската“ дека цело време се кука и јаде гомна, а таман е време да се размислува во насока на „просветителство“. Ете рецимо, ко што се праеше она „Денот Д“, сите да пишат што направиле во еден ден, секој нека земе да пишува рецензии или препораки, нека чита, нека ја пуни македонската Википедија, и да пише за тоа на блог, рок до Василица (и за празници ако немате време, арам) и онака македонски содржини на нет има премалку, а квалитетни содржини се езотерија.. можда преоптимистички, пренаивно..

А уствари па кого кур го боли за македонската Википедија, за необразованоста, за неначитаноста.. и онака земјава ќе крахира кај и да е, а посмртницата ќе и` биде напишана со Мац Ц Сњисс и 2-3 печатни грешки (од типот на „Ш“ големо). Реформираа образовен систем, светите крави си седат на функции, учениците и студентите сите си пијат, си се ебат, рамно им е.. шо кур па сеа, ќе читаме и ќе учиме.

No related posts.

RSS Feed for This PostPost a Comment