Warlord

Либерискиот warlord Charles Taylor, еден од најголемите афрички воени злосторници и профитери, деновиве беше фатен; тој беше азилант во Нигерија, исчезна од вилата, во обид да пребега во Камерун, а од таму веројатно пак да се обиде да дејствува.

Но, она што му усепеа пред 20 години во САД (избега од затвор) не му успеа пак – сега конечно е фатен и ќе му се суди. Најверојатно во Хаг.. Деновиве беше депортиран.. ќе видиме како ќе одлучат тамошните власти.

По медииве се наоѓаат милион текстови, еве во го срчот.

Јас само ќе турам подоле неколку сликички од Либерија. Тејлор го правеа наводно американски платеник (а и америчко потекло има), па одметник, па патриота, па предизвика сеопшта граѓанска војна, па фанатик, па што све не. Сепак, тој е директно одговорен за смрт на неброено многу Африканци. Мали деца со калашњикови, трудни жени во улога на бомбаши-самоубијци, ни леб ни вода, општ хаос, војна на 7 закрвени страни (не ме држете за збор), пукање и тепање из чиста мира.. виновник за две граѓански војни во Либерија [првата (тој како окупатор) | втората (против него)] и една во Сиера Леоне.

Најубаво глејте го Lord of War со Nicholas Cage [imdb | wiki], ќе видите за што зборам. Го има и олошот Тејлор (преставен ко Eamon Walker, а има и други допирни точки со фактичките состојби). И пак некој за Холивуд Моливуд и лошите Американци; да го ебам – за филмот нема дадено ниеден долар од САД, целиот буџет е од надвор. Исто така, шо е нетипично за америчките филмови – сите сцени се вистински. Дури имало фрка со НАТО кои мислеле стварно ќе се води војна пошто виделе поредени тенкови на сателит! Исто така, во Африка, снимале со вистински герилци, а и сите оружја во филмот се вистински (и тенковите, а и авионот !) бидејќи ПОЕФТИНО е да се купи вистински калаш отколку фејк (уште еднаш поентата на филмот!!!). И, шлаг на торта: главниот лик е во една рака реален – тој е базиран на 5 големи трговци со оружје во последниве 20 и кусур години. Во друга рака, Јури Орлов во реалноста е активист за човекови права :)

Како и да е, тука морам да го убацам легендарниот цитат:

There are over 550 million firearms in worldwide circulation. That’s one firearm for every twelve people on the planet. The only question is: How do we arm the other 11?

Еве ги фотографиите, директна заслуга на Тејлор (инаку неговото мото кога се кандидираше и со 75% гласови доби на изборите 199-и-некоја беше – ја убивме мајка ти, го убивме татко ти, ако не гласаш за Чарлс и тебе ќе те убиеме“):

Африка, уште долго ќе го трпи колонијализмот. Таму луѓето не се луѓе; таму луѓето се бројки. И вакви монструми ги владеат..

И колку да не е целосно мрачен и песимистички постов, да потсетам дека Либерија има дадено уште еден значаен лик, George Weah , кој сем брилијантната фудбалска кариера, беше голем хуманист и хуманитарец. Не знам дали имало порано пишувано петиции за некој да се кандидира за претседател, но граѓаните на Либерија, во илјаден број, потпишаа неколку иницијативи токму Веа да биде нивен (кандидат за) претседател. Се испроба на ланските избори, но неуспешно.

И стварно, како ќе ги вооружиме останатите?

No related posts.

2 Trackback(s)

  1. From в у н а » Blog Archive » Нова војна во Африка на повидок | Feb 27, 2007
  2. From Martin Markovski | Dec 23, 2009

RSS Feed for This PostPost a Comment