Нова војна во Африка на повидок
Хронологија на настаните (извори: Reuters и Wikipedia):
- 19.12.2005 – Според Армијата на Чад, биле убиени околу 300 бунтовници откако имале неуспешен обид за напад на градот Adre. Судан е обвинет за нивна поддршка.
- 23.12 – Чад објавува „состојба на подготвеност“ за војна со Судан.
- 27.12 – Претседателот Deby лобира Африканската унија да преземе санкции врз Судан поради наводна поддршка на бунтовниците за негово симнување.
- 30.12 – Бунтовниците од Чад, противници на Deby, формираат воен сојуз, Обединет Фронт за Демократски Промени (FUC), во обид да го симнат од власт.
- 6.1.2006 – Нападнати е градот Борота. Жртви се 9 цивили, Чадјани.
- 8.1 – Чад бара од Судан разоружување на бунтовниците во Darfur како предуслов за мировни преговори за окончување на спорот со Картум (гл. град на Судан) за бунтовниците и паравојските и нивните акции во пограничниот реон.
- 8.2 – Лидерите на Чад и Судан начелно се сложија да ја прекинат кризата. Потпишан е договорот од Триполи меѓу Deby и Omar Hassan al-Bashir од Судан, за време на мини-самитот во огранизација на Гадафи.
- 15.3 – Безбедносните сили на Чад спречуваат обид за срушување на авионот на нивниот претседател, од страна на бунтовниците.
- 21.3 – Чад започна офанзива против бунтовниците на исток (во пограничниот дел со Судан); Deby инсистира да се воспостави одновно неговата власт во земјата.
- 13.4 – Успеваат да го одбранат Н`Џамена (гл. град) под налетот на бунтовниците и да ја смират ситуацијата во градот. Убиени се 100 и ранети 200 лица.
- 14.4 – Deby ги прекинува дипломатските врски со Судан под образложение дека ги поддржуваат бунтовниците.

Судан е агресивна воена фундаменталистичка земја, во смисол на надворешната политика. Инаку, е централизирана авторитарна земја, во која „арабизираното“ население (судански – не банту, црнци кои ја попримиле арапската култура) е во судир со неарапското, а вклучително и со дел од соседите. Во пограничниот регион со Чад (Дарфур), последниве години имаше повеќе воени судири на фундаменталистите и не-арапското население. Загрозените Суданци (околу 200.000), побараа азил во Чад. Чад, пак, е жива пустелија, заглавена меѓу Нигерија, Камерун, Нигер, Централнафриканската Република на југ и запад, на север е Либија, а на запад им е огромниот Судан. Сега, бегалците кои се во огромен број, се соочуваат со протерување од Чад ако не се постигне мир до јуни. Инаку, во светот владее мислење дека Хасан ал Башир имал план воените судири да ги „извезува“ на територијата западниот сосед, што фактички му успеа.
Доколку дојде до воен судир пак, ќе биде вистински хорор: Судан има армија од 120.000 војници и уште толкава герила; Чад има армија од 23.000.
Еве еден извештај он Н`Џамена, под наслов – The Shit is Arriving; Гугл вести за настанот; порталот AllAfrica; од блогосферата – незнајниот кандидат за следните избори во САД, коментира дека Ние сме им единствена надеж; и пренесува ставови од американската сцена (вмешан е и легендарниот Бил О`Рајли).
Од Вуна архивата за африкнаската судбина: Warlord
No related posts.


