ВТФ

Дневник, 25 април 2006

Македонија има убедливо највисока стапка на невработеност во цел свет. Последниот годишен извештај „Светски развојни индикатори 2006“ на Светската банка покажува дека стапката на невработеност во земјава во периодот 2000-2004 година изнесува 36,7 отсто и е најголема во однос на 52 анализирани земји. Најблиску до нас се Јужна Африка со стапка на невработеност од 28,4 отсто и Ирак со 28,1 отсто. (…)

- Факт е дека бројката од 358.000 невработени не е реална. Ние сме должни да ги средиме списоците и на нив да ги оставиме само тие што навистина се невработени и бараат работа. Кога ќе се тргнат од евиденција лицата што се пријавуваат само поради сини картони, реалната бројка на невработени ќе биде 282.316 лица – изјави таа. (…)

Социолозите предупредуваат дека лошите економски услови имаат психолошки ефекти врз населението. (…)

(…) Македонија наликува на латиноамериканска земја, каде што проблемите не се решаваат по институционален пат. (…)
целата вест тука

Е сеа, ме интересира од каде ова споредбава со латино земјите по критериум законитост, во текст за економија, односно невработеност?! Да кажеа нешо, најразвиена гранка е дрогата, трговија со луѓе, радикална стратификација, ама закони усред текст за економија?! Тотално неадекватно, секој малце пософистициран читател ќе забележи ваков пропуст.. во ред, непочитувањето на законите и невработеноста идат рака под рака, ама во овој случај е апла утнатно, методолошки.

Друго – цифриве што се наведени – се огромни. За мене се несварливи. Мислам, стварно да беше дојден нож до коска за округло 300.000 работоспособни луѓе со потенцијал, луѓе шо значи дека се полнолетни, здрави, прави, разумни, мислам дека немаше да седат пред биро или да тинтраат вакви дебили да ги раководат, туку ќе запалеа до сега и собрание и влада и све. Триста илјади еј, тоа е колку Битола, Тетово, Куманово, Штип, Охрид и уште некој град заедно.

Башка, сите тие цифри не ми кореспондираат со сликата на улици – прво, нови, па и не толку нови коли (шо трошат бензин, кој константно поскапува), од еден до пет у Скопје нема проаѓање, све е закрчено, мамини и татини ќерки не се возат у автобус него у такси; студентите без мака плаќаат партиципации, не се бунат – 600 евра годишно е приватна квота на Правен, за другите државни округло тука негде – на приватните е не знам, неам зборови, па пак ги полнат до последно место; прошетајте на кеј, нема игла кај да падне, пуно, сите дотерани, намирисани, пијат нешо кафиња, сокчиња, пијачки – испод 60-70 денари нема ништо! По излози све нешо ново, сеа јебига, некој у Еко, некој по бутици купуе фејк турска роба за три кила крв, ама се троши, нема, тоа е! Сите имаат мобилни, мислам комшиче едно прво оделение, пред влез си титкаат со другарчињата, се договараат за фубал. После интернет пенетрација у мода, безжична Македонија – некој тоа мора да го плати! У реду, разбирам дека има сиромаштија, просјаци, баби стари гладуваат, јебига, тоа е капитализам – сегде има сиромаштија. Друго – глеј колку се гради. Не Кермес, да ти ебам и Трипун и Кермес – згради еј, тука карши Воена, кај Ми-Да НОВА НАСЕЛБА НИКНА, еј, станови миљон, згради, комплекси она, Дебар Маало цело е у згради претворено, да не зборам у центар, нема, тоа е.. некој тие станови мора да ги купи! После журки, океј, тапа ноќен живот, ама иди искочи со помалце од 300-400, абе ни за влез нема да ти стасаат, па нешо кафани, кафичи, абе нема, тоа све кошта ПАРИ. Абе ај, само се кука.

Проблемот (најголем) не е невработеност, економска нестабилност или не знам ти што. Проблемот е деморализираноста на луѓето, она, истиштеноста, пошто нема инфраструктура, нема здравство, образованието е СРАЊЕ, култура/уметност исто, пошто има нетрпеливост и нетолеранција ко да сме у ПАЛЕСТИНА, сите затруени со политики, башка арогантноста на преставништвото (ЧИТАЈ: ВЛАСТА).. а капак на све, ГРАДОТ ЛИЧИ НА ГОМНО ОНАКА ПОСРАНО СО СУСАМ И ТАЧКИЦИ И ИСПАРУВА..
Абе не, дека е срање знаеме, и дека бараме причини да ни биде срање, знаеме, ама не е бе тоа, а ако е стварно таква бројката ондак ТРЕБА ДА СЕ МУЛТИПЛИЦИРА, пошто не се буни никој, сите кукаат, ќе се обидеш нешо да кажеш јадат гомна и тоа.

Иначе еве во какви гомна се наоѓаме (тие со поосетливи стомаци нека не кликаат) – од лево на десно, на скалата се: институции/здравство/образование, култура/уметност/наука, соживот (најмало е дека ќути уште не почнале да се колат фанатици онака из чиста мира сред бел ден), и на крај економијата ете ви ја.

Иначе, гомната се бирани намерно така, лигави, увртени, само сусамче фали.

No related posts.

RSS Feed for This PostPost a Comment