„Социјал-демократијата“ на испит
Црвенковски утре ќе се сретне со Бучковски, Поповски и Јакимовски, да чуе зошто од него бараат да не го потпишува указот на Законот за социјално згрижување на стечајците до пензија.Владата синоќа на итна вонредна седница реши да побара помош од претседателот, а до повторното гласање во Парламентот да се обиде да ги дисциплинира пратениците. (цела вест на А1)
Она што се мрчи долго време, дека партиите кај нас се без идеологија (односно, без поглед на свет), вечерва може да се потврди.Спорниот Закон за социјално згрижување, е битна карика, ама и меч со две острици во социјалната политика на Македонија. Ако Црвенковски не го потпише овој закон, односно го послуша Бучко, тогаш СДСМ официјално ќе треба да си ја бришат референцата „социјал“. Сфаќам кои се аргументите на Меѓународниот Мегаломански Фонд – да не се оптеретува буџетот, и да се стимулираат другите сфери во економијата; башка би се правел чекор наназад во нашиов „капитализам“ (во развиена земја би бил чекор нанапред, јебига), а тоа би било и еден вид признание за неуспешноста на досегашното транзитирање и адаптирање и интегрирање у Европа..
Шо знам, многу неблагодарна е оваа одлука..
Како и да е, ако играат по правилата по правилата на Кевин Рос, едно е сигурно: нема сила што ќе може да им го врати социјалдемократското.. башка, ко што пишеше на .аНТИблог за нишалката оддесно-надесно – т.е. хипотетичката левица (СДСМ) составена од олигарси, а капак на све – десничарската ВМРО-Народна, која ја спомнав во еден претходен пост.
No related posts.


