Отштрафете го!

Од синоќа, кај мене во сајдбарот (и кај .аНТИ), може да се види (и слободно да се земе) банерчето „отштрафете го (крстот на Водно)!“ Да не се повтарам многу-многу, веќе пишав еднаш…
Во постот Распнати под крстот, првин споредував визуелно. Тезите беа дека

  • Скопје со крстот над него личи на гроб (баш ко франковата фашистичка гробница поточно)
  • Уопште не држи споредбата со споменикот од Рио (и сосем друга е поентата)
  • Крстот што свети многу личи на ККК-овиот крст што гори
  • Жив кичерај, потсеќа на Лас Вегас малтене, ко оние црквине за венчање набрзинка, уште Елвис некој фали место поп да го осветуе

Но, најмал проблем е како крстот изгледа и што ја осеќам за него. Проблемот е што крстот не соодветствува на државното уредување и либерал-демократските тенденции на земјава затоа што:

  • Македонија, имплицитно, со Уставот е дефинирана како секуларна држава, а во секуларната држава религијата и религиските обележја (у случајот крстовите) си остануваат во домот, а не на врв на планина.
  • Со крстот се дава предност (да не речам „монопол“) на Христијанството и му се дава статус на своевидна државна, односно протежирана-од-државата религија. Без оглед на сета традиција, „Македонија-земја-Библиска“ и сл., мора да се прифати дека во земјава и во Скопје живеат голем број на не-христијани и дури можеби верници на кои им смета крстот. Така, на пример, јас и моите следбеници може сакаме место крст на врв на Водно да има еден полуеректиран фалус кој ќе ја симболизира плодноста еве.. и шо сеа?! Фалусот е наш верски симбол, сакаме да биде поставен на врв на Водно, место крстот и готово. Според законот, ако сите религии се еднакви, зошто тогаш не би биле еднакви и правата да се градат зданија..

И да се повторам:

Ако крстот беше изграден од страна на недржавно лице, кое претходно (легално) би се стекнало со земјиштето на кое е граден крстот, тогаш, сите полемики ќе беа прекинати. Вака, со улогата на државата во целиот процес (дали преку финансирање и поддршка или само неинтервенирање) се отвараат прашања и за секуларноста и за провокативноста на тоа грдно здание.

А за исплатливоста или не, во време кога се шпекулира за рестрикции на електрична енергија (чак и се спроведуваат), некако не ми е логично 66 метри висока грдосија да биде осветлена.. за.. за нешто, еве, за Божја наклоност во иднина.


А, со економски речник, да не отвараме тема за опортунитетниот трошок.
Поентата е дека попаметно е со железото од отштрафениот крст да се направи болница, или училиште, или можеби пруга. Со парите кои би отишле за доизградба и струја за осветлувањето, да им се помогне на стечајците на пример. Верувам дека тоа е многу похристијански отколку форсирањето на такво империјално здание.

Има и контра-иницијатива (линк)

No related posts.

RSS Feed for This PostPost a Comment