Амандман на Законот за Лустрација
Член 2
(1) Лицето кандидат за носител или носител на јавна функција кое во периодот од донесувањето на Декларацијата на Антифашистикото собрание на народното ослободување на Македонија – АСНОМ за основните права на граѓанинот на Демократска Македонија на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година до денот на влегувањето во сила на овој закон, не е евидентирано во досиејата на Службата за државна безбедност како таен информатор при оперативно прибирање информации што биле предмет на обработка, ување и користење од органите за државна безбедност, во облик на автоматизирани или рани збирки на податоци и досиеја, оформени и водени за одредени лица со кои се кршени или ограниувани основните права и слободи на граѓаните од политики или идеолошки приини, го исполнува дополнителниот услов за кандидирање или за вршење јавна функција.
(2) Исполнет дополнителен услов, согласно со овој закон, претставува верифицирана од Комисијата писмена изјава за несоработка, на лице кандидат за носител или носител на јавна функција, со органите на државната безбедност, за периодот утврден во ставот (1) на овој член.
Предлог-амандман на Членот 2:
(3) Исполнет дополнителен услов, согласно со овој закон, претставува верифицирана писмена изјава дека лицето кандидат за носител или носител на јавна функција, се обврзува на:
-
исфрлање на белите маички по прерамки, во народот познати како „социјалки“ од својата гардероба;
-
заменување на комуњарските бели памучни гаќи со висококвалитетни боксерици од западно производство;
-
спуштање на на чорапите до највеќе 15 сантиметри над скочниот зглоб;
-
откажување од титулата селското дете кое успеа во големиот темен град и прифаќање на граѓанските норми на живеење;
-
отстранување на било каков видлив телесен белег од поранешниот систем, како на пр: комуњарски брк, партиска бакембарда, функционерски мев и чиновнички подбрадок;
-
порамнување на ноктите на стопалата, брусење на петицата и отстранување на останатите телесни белези во корелација со алинеа 4;
-
неупотреба на хорог-удар за време на играње баскет;
-
неупотреба на стар весник после вршењето на голема нужда;
-
носење на маичката исклучиво врз тренерката, а не внатре во неа (при прошетки во природа);
-
контролирање на нагонот за храна кога се јаде на државна сметка;
-
контролирање на нагонот за секс кога е во контакт со потенцијален сексуален објект кој е на пониско ниво во хиерархијата;
-
исфрлање на телесните секрети само во простори наменети за тоа.
No related posts.


