Замре блогче
Твитер и фејсбук ми го убија блогов. Не сум јас крив, тоа е само колатерална штета на технолошкиот напредок.

Од последниот пост до денес се случија многу работи, од кои најважно е дека успешно ги завршив пост-дипломските студии и сеа може да ме викате “магистер” (види слика). Магистерската тема ја нагалено си ја викам “Антиквизација у компаративна перспектива”, а суштината е споредбено истражување на користењето на митот за Александар Велики во Македонија и Грција, во една теоретска рамка на динамика на симболички конфликти.
Исто така, патував многу а може требаше малце патеписи да праам.. последно нешто битно беше мојот настап на “Акто” во Битола со презентацијата “Античка сегашност”. Со Силви Бонд не сме свиреле, не сме правеле ни проба. Сум се заљубил многу, ама поезија неам напишано од коа патев ко патче своевремено.
Сепак во меѓувреме се убив од пишување, најмногу за “Окно”. Од последниот текст ставен овде до денес објавив уште 13 текста, кои да не ги линкам еден по еден, може да ги најдете овде. Во вторник имам статија во “Глобус”, а имам и труд во следниот број на “Политичка мисла”. Исто така спремам некои многу битни работи за на есен кои не сакам да ги урочам.
А блогчево.. нека седи, нека го има.
No related posts.
2 Comment(s)
1 Trackback(s)
- From Антон Павлович | Mar 17, 2010


chote | Aug 17, 2009 | Reply
Шеп, може ли магистарската да ти ја прочитаме негде?!
П.С. Бев у дојран, у викендицата до твојата викендица (кај Никола). Ама твојата викендица беше празна… иначе, топ ти е местото.
[Translate]
podarki | Aug 23, 2009 | Reply
Вообще, на мой взгляд, самое лучшее в личном блоге, так это самопознание.
[Translate]