Ќе се плаќаат и мртвите

На вчерашната седница на Племенскиот сабор на државно-правниот факултет била донесена контроверзната одлука да им се исплаќаат хонорари на мртвите професори. Оваа одлука се должи пред се` на фактот што определени доходи им се исплаќаат на редовните, и на вонредните професори, и на професорите во пензија, кои на факултетот не се присутни нешто повеќе од покојните.

Исто така, оваа одлука здрава поткрепа најде и во фактот што одредени цитати на минатовековните доајени на правно-политичката фела, веќе се до толку повторувани, што станале еден вид догми, односно морални и етички начела, кои не смеат да се пренебрегнат во процесот на пренесување на знаењето. Всушност, застапеноста на нивните цитати е и пресудно во „тарифирањето“.

Оваа одлука наиде на неочекувано добар пример од страна на професорите на факултетот, кои сега веќе немаат потреба да се грижат што ќе понесат на оној свет, бидејќи и таму ги чека соодветна награда за нивната дејност, особено што се работи за една генерација на врвни експерти, како по самоуправување, така и по современите правно-политички теории.

No related posts.

RSS Feed for This PostPost a Comment