Сеќавање на Мртвите (препев)
богати вамири
со ладни раце ко џелати извршители
извршуваат
извршителски решенија
решени да го уништат она
за што милион жени, деца и мажи
1910
загинаа, давејќи се во бесот на борбата.
мајки, полуголи
нивните деца грабејќи ги за врат
трчаат безумно
липаат над телата на нивните синови
чкртаат со забите
замавнува мачета
плукајќи крв и кал, крикнуваат:
земја, и слобода!
ги избришаа.
закопани и запалени
заедно со сеќавањето за мртвите
заедно со земјата.
со нежниот удар на пенкалото
и со духот на Никсон во нивните очи
се насмевнаа.
ја прогласија семоќта
на слободниот пазар
пророците на профитот
продолжувајќи го камшикот на колумбо и пизаро
слобода да купуваат што не можат да си ги дозволат
слобода за индијанците да купуваат пченица што порано ја растеа немерено во сопствениот двор
слобода да се умре од најобична настинка
слобода да ги гледаат стомачињата на своите деца како се дујат и грчат
слобода да се прегладне до смрт
без земја
или слобода
но Рамона, со очи од мрамор
проникнувајќи низ нејзината крв и маската натопена во пот
кришум, невидливо
менувајќи правец отсечно како птица
низ шаторите во кањонот
секој којот, секој инсект, со секој животен вид
ја притиска, гонејќи ја напред.
ливчињата и гранките од шумата
се тргаат, отварајќи и` пат
гласовите и криците на мртвите под нејзините стопала
ехото до најдлабоката провалија на нејзината душа
отфрлајќи ја, кон градот
порив од историја во нејзините вени
пулсирајќи и` низ прстите
отфрлајќи ја, кон градот
го бакнува орозот
а зборовите на Магон го исполнуваат нејзиното постоење
и со секој испукан куршум, го потврдува своето Движење
велејќи:
доволно! доста!
не!
ќе го видам потокот од мојата крв
пред да ја земете мојата земја… мојата слобода!
No related posts.


