Пињау
дува ветре развигорче се дига прашина
доаѓа олд шатерхенд смртоносна машина
џон вејн вајат ерп каубојштина на кило
а над дејзи таун небото зајдисонце се скрило
пињау
окршај први степен дрти хери стои на нозе
суште док холидеј кашла шлаем полски клозет
јака пизда на скалите на салунот стои сама
доаѓа клинт иствуд и завладејува штама
пињау
барменот мртов франко неро летат крви
јебига софија лорен џанго увек пуца први
чури револверот музиче брр енио мориконе
добар, лош, грд, хармоникаш и серџо леоне
пињау
лоши мексиканци брк сучат покрај кактус
винету индијанци хијавата пијат бамбус
огнена вода виски исти таков коњ пруга
ново бебе во резерватот мирно гуга
пињау
вечни ловишта маниту решил суша да нема род
дожд бе ти се молам ајајајајаја молитва без плод
глад и смрт команчи плачат кукаат од мака и бол
отровни стрели накај себе апачот си дава автогол
пињау
талични том иде за маката да им ја крати
далтони у затвор дупка копат долгот да се плати
двобој тука на лице место се собрал народ
тексас аризона њу мексико покер бројат ќарот
пињау
напнат аверел напнат и далтон напнати сите
мрдаат веѓи летаат муви деца се кријте
спуштајте ролетни мајки прибирајте ќерки
гробари смејте се шерифе преземи мерки
пињау
треперат прсти мрдаат над ручката абонос
каков сукоб на погледи капки пот ерос и танатос
нестабилни колена ѕвечкаат каиши мамузи шкрипат
коњите не дишат на поило чиниш за последен пат
пињау
и веќе раката се стега а прстот на орозот се мести
кој прв ќе повлече кој ќе стаса да испука куршум шести
мириса на барут се мешаат оргули и камбана како
да доаѓа моментот на одлука звук се слуша јако
пињау
паѓа еден втор трет и пак пињау пињау пињау се чкрапа
чкрапалото на рипит коси се наоколу него го папа
паѓа тело поглед во него раката се отвара на смртта глад
паѓа во бездна го мириса барутот за последен пат
пињау
доаѓа коњица јават на коњи трубиче помпезно ги јави
шо убави накитени со златни ѕвезди на униформите плави
ама касно палите друже шерифот веќе мршојадци го мезат
туку дај да ги потепаме црвените наоколу шо се кезат
пињау пињау пињау пињау пињау!
No related posts.


