Предлог-процедура за регрутирање на политичари

(на конкурсот „Како до политичари кои нема политиката да ја сфаќаат како (бло)џоб?“ – у превод „Како до политичарите кои нема да пушат курови за да дојдат на функција и нема политиката да ја гледаат како начин до брза заработувачка, за разлика од сегашните?“)
1. Утврдување дали курето на кандидатот му е педа педа-ипол. Доколку е испод 9 сантиметри, постои опсност од малокурчев комплекс кој понатаму ќе влијае на неговата работоспобност.
1.1.    За женските кандидати се испитува реакција во ситуации на еротски набој. Фригидноста знае да биде кобна кај политичарките.
1.2.     Во предвид се земаат и мудата. Преголеми муда често значат килавост.

2. Нека се утврди од страна на мешана комисија колку е кандидатот објективно грд. Комплексите знаат да бидат проблем.

3. Мора да се утврди дали главата да му се состои околу 7 пати во телото (уметничката пропорција). Опасен е секој искомплексиран главоња.
3.1. За Галичани се менува критериумот на 1:5. Природа си е природа.
3.2. Исто така треба да се земе во предвид и абдоменалниот дел. Доколку кандидатот има мев со дијаметар поголем од пречникот неговата столица, значи дека е спремен.

4. Се испитува дали кандидатот има преразвиена десна рака шо би значело дека е дркач и пати од lack оф секшуал активити. Исфрустрираното либидо боли највеќе, и е заслепувачко.
4.1. Кај женските кандидати, се постапува како во точка 1.1. И проверка на хименот, нели.

5. Да се види дали кандидатот знае да ја каже азбуката со затворени очи. И да наведе бар два стручни термина за секоја буква и притоа да знае да ги објасни. Синоними се исклучуваат. За некои букви се опростува.

6. Да се испита дали знае да дели зборови на слогови. И дали знае да членува правилно, дали знае да погоди род и дали знае множина.

7. Да се провери дали прави разлика меѓу лево и десно. И буквално, и во смисол на политичка идеологија.

8. Да се испраша и тестира од Конфучиј до Фукујама, општо, на клучни зборови, на заокружување и дополнување.
8.1. Многу е важно користената литература при испрашувањето да биде од странски автор, или од странски преводи.
8.2. Исто така, пожелно е при испитот да се праша кандидатот околу сопствениот став по темите. Тие кои се без сопствен став се мивки.

9. Да се испита таблица множење и вадење корен од 1, 4, 9, 16, 25.
9.1. Ако кандидатот се стреми кон повеќе активности во економскиот сектор, да му се дадат две линеарни равенки и една функција.

10. Енигматски активности: крстозбор или ребус или лавиринт или онакво со поврзуење бројчиња.
10.1. Ако е од евро-интеграциски профил, да му се дадат стотина прашања, за да тренира во иднина.

11. Да се изигра една партија асоцијации на политички поими. После тоа и една партија шах. За крај може и еден покер*
* – тука треба да се види колку кандидатот е спремен да се искоцка

12. Да му се пушти Цеца да не случајно ја запее песната. Ако падне на ова прашање, се пушта Ратка Пиратка. Ако и неа ја запее, нема поправен.

No related posts.

RSS Feed for This PostPost a Comment