Пилешки грип

Поднаслов: НЕЈЌАМ ДА УМРАМ ОД ГАДНА ПТИЦА!

Додека нашата Влада си го прчи и не превзема ама баш ништо против експлодирачкиот птичји грип (чекаат на моментот кога ќе не` редат по Партизанска и да не палат после индетификација), ја решив да изработам национален план за безбедност и одбрана.
Во меѓувреме, паника: АБЕ ЗА СМРТ ЗБОРИМЕ БЕ, ХИПОКРАТОВА ЗАКЛЕТВА СТЕ ДАЛЕ БЕ АЛО! Децата да ви умрат први ако има пандемија!

A сега, стратегијата:

Птиците (Aves) се дел од царството на животните. И има од 8-10 000 врсти на птици. Тоа значи дека на планетава има милиони злобни птичишта од сите врсти што едвај чекаат да ве кљукнат, посерат или најмала рака заплашат.

Најголемиот дел од птиците се активни преку ден. Тоа значи дека нејќат да ризикуваат навечер кога ништо не се гледа. Ебаваат матер на виделина!

Исто така, голем дел од птичурините се преселници, односно хараат по целата Земјина топка, барајќи нови пространства и нови жртви. И секогаш се враќаат на местото на злосторството.

Карактеристично за сите птици е што имаат коскест кљун, издолжен и шпицаст, спремен за убод и корнење месо. Се размножуваат сумљиво – исклучиво со јајца, камуфлирано. Маскирани се у пердуви, а неретко тие пердуви се шарени. Језиво. Живеат во јата, и напаѓаат како качаци.

Општи методи за нивно требење се нормално снајперишење со чатал, тепање нелетечи сорти со стап, трошење леб помешан со отров и рушење на гнездата, како и кршење на јацата и закопување под земја.

Е сега, листа на некои од најпознатите непријатели и што би требало да се превземе против нив поединечно:

Гулаб: смрадот симболизира мир! Патетично! Го има во бела, сива и темно сива варијанта, живее насекаде.. најпогодно е да се начека на плоштадите во големите градови каде што од заседа може да се нападне додека колва. Во нашава земја, може и да се фати на препад, т.е. да се спалат сите голубарници, заедно со голубарите, пошто до сега сигурно се заразени.

Гавран: црното копиле треба да гори во пеколот! Глупа птица, нека ви текне како го заеба лисицата со сирењето.

Кукавица: со неа нема да имаме мука затоа што нема муда да се спротистави.

Врапче: прцулот од птица наречен врабец е исто распространета птица, која има глупа навика да седи на тремот под прозор.. кафеава е, изглеа бедно и мизерно, и најдобар начин за тепање е со бојни отров, зашто е мала, подвижна и отракана!

Був: ова е нинџа меѓу птиците, се јавува само навечер и се крие во крошните на дрвата. Затоа многу незгодно ќе биде да се отепа, и треба да се ангажираат специјалците на МВР за таа цел. Не е многу покретен и привлекува внимание со одвратниот звук што го предизвикува.

Орел: оваа птичурина живее по карпи и планини и е хардкор непријател! Тешко е да се утепа, зашто лета на големи височини, па тука мора да се ангажира авијацијата.

Славеј и чучулига: птиците песнопојки нејќам ни да ги коментирам! Тука веќе паравојската треба да интервенира. Да им се пријде со отворен кабел под напон, па нека пеат после да ги видам.

Клукајдрвец: со него треба да се пази затоа што е многу јак на кљун. Сеуште размислувам како да го помориме. Веројатно да се намами на потврд материјал, а тоа ќе се реши со давање опојни или халуциогени средства.. па нека кљука после по ѕидови. Или нека се искљукаат меѓу себе.

Кокошки/петли: овие уште ги чуваат по дворови, ги ОДГЛЕДУВААТ! Абе бар не летаат, само на спиење ќе им се полие кокошарникот со бензин и едно чкорче ќе заврши работа. Пар полициски патроли би завршиле работа. Мада тука е препуштено на одговорноста на граѓаните/селаните.

Мисирка: истото како и погоре.

Папагал: знаете дека отровот за глувци фаќа и на птици?

Ној: само ќе загњури у земја и ќе добие една пуна у гз. Со шатган.

Штрк: иако носи бебиња, копилето носи и болести! Најекономично е да се спали ураниум дома, па он пошто живее на оџак ќе угине сместа, и тоа у најцрни муки.

Пингвин: овие ако ги тепате на толкав избор, грев да ве фати!

Гуска/патка: идиотиве се екстремно опасни зашто ќе ни ги заразат водните површини. Вадење на суво и млатење до последен пердув!

Ластовица: ај што ја уништи уметноста (на секој цртеж на ликовно е нацртана како легната тројка ебаго), него птицава стана синоним за целиот им поган род. Најефективно е да се фати док е у гнездо и да се запали жива. После нека се сели да ја видам.

Се извинувам ако изоставив некого.

—————

Епилог: Пукам во се` што лета. А и ако од утре има помор по голубарници низ градов, а мене ме нема на блогов.. знаете.

Треба да се искорени родот нивни пернат, ПРЕВЕНТИВНО. Да се потепа све, од врабец до чавка. Да се запалат перје, клунот да им го ебам! Они се душманите! Да се пуштат хемикалии, да ги удесат, да ги фатат на препад, после кој ќе ги трпи проклетите кога ќе се селат! Мртва птица, добра птица. Се однесува и на циничните папагали што пеат, а густо е.

Пердуви нека горат, јајца нека се рамнат со земја. Светата војна нека почне! Нека им се срози племето погано!

No related posts.

RSS Feed for This PostPost a Comment