Der Gefährliche
Опасниот беше средовечно типче, низок околу сто седумдесет, црн ко оџачар, и секогаш замислен. Имаше брадоња околу триесет сантима, мрсна, и кога јадеше супа секогаш се усвињуваше, му се растекуваше, бљак. Нон стоп си ја носеше црвената јакна, видно запрљана и наместа подзакината, без оглед на временските услови. И вунената капа, како патуљак од Снежана и седумте.. Јас никогаш не го видов во некоја друга облека. Ама никогаш. Единствено ја соблекуваше јакната во мензата за јадење. Капата, никогаш. Којзнае што имаше под неа.
Никогаш не му го дознав правото име, пошто не збореше на ниеден за мене познат јазик. Само знам дека беше бегалец од Конго, како и баграта други нигери (мај ес коректност) што се дивеа на рап. Веројатно и имаше СИДА затоа што кога им делеа хуманитарна помош, он беше у екипата што им даваа некакви вакцини.
Прекарот му го даде една другарка, Русинка, онака, на шала. Опасњи.. Не дека изгледаше опасно или нешто.. навидум кротко чиче, што ни на мравка не гази.
Опасниот се` што правеше во домот, беше шетањето по скали, гребењето цигари и мумлањето сам со себе. И секогаш го носеше ранчето, папката и едно книџуле, запарталено и пожолтено.
Од првин, мислев дека нешто работи, или учи, дека решил да се интегрира или сл.
Еден ден, во собата за ТВ, после некоја екскурзија, јас си се бев опрчил на фотељата и си чкрапав по каналите, кога се уфрли Опасниот. Прв пат го видов запотен, вознемирен, растресен. Од сите места во собата, будалиот се тупна баш до мене и реши да ми смрди. Ме заплисна мирисот на пот, кир и чад што се ширеше од него.. беше комично.. се обидував шпиунски да се преместам.. демек незгодно.. тој по мене..
Цело време си го мумлаше тоа неговото.. и гледаше унезверено на сите страни. Од еднаш, го извади распарталеното книџуле, и го отвори на среде.. Куранот. Стана, почна да мумла погласно.. се сврте накај мене.. ја полузбунет, полууплашен, од кај го знам што намерил.. го впери прстот накај мене и почна да се дере.. језиво, ама мене повеќе ми беше смешно одколку страшно.. се развика Опасниот, веројатно ми проповедаше.. на крајот само го затвори книџето, го лупна под мишка, промумла нешто и си отиде.
Ја си продужив со легачењето.
Вечерта, се разминавме на скалите, а него мува не го полази.
Утредента, се распрашав.. Опасниот бил фанатик.. по цел ден шетал низ маалото и проповедал по невини луѓе на улица.. го приведувале, ама од греотка го пуштале.. не работел нигде, живеел само од хуманитарната помош.. и да, бил заболен од СИДА.. тие Конгоанците со кои се знаев, ми кажаа дека си имал мисија да преобрати што повеќе луѓе и да го исчисти светот од неверниците.. дека се молел по цел ден во собата, дека целиот Куран го знаел на памет и си го рецитирал (затоа мумлал, а тоа што отвараше да читкара, веројатно така му е адетот ор самтинг).. и на крај, дека во Конго имал утепано неколку души из чиста мира. Стварно, Опасен. Инаку, во Конго многу малку се застапени муслиманите, ама овој беше специјален случај..
На кратко, тоа беше за Опасниот.. човекот кој проба да ме преобрати.
No related posts.


